Стратегијата на Бабунски

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
„Бела книга“ на селекторот на надежите


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски излезе со стратегија за македонски стил и модел на игра.


Бабунски кој постигнува добри резултати со македонската млада репрезентација побара трпение и поддршка за целосно спроведување на неговата стратегија за македонски стил и модел на игра.

"Се обидуваме да креираме нова фудбалска свест кај нашите играчи во однос на менталитетот и пристапот кон играта и фудбалската идеја со имплементирање на модерен, офанзивен концепт и начин на игра" - вели Бабунски.

" Анализирајќи ги натпреварите и статистиките во однос на посед на топка, создадени шанси, дејство на игра во зоните на теренот ( повеќе на противничката половина) , очигледно е дека има напредок од натпревар во натпревар".

"Забележително е дека играчите веќе свесно на секој меч демонстрираат одважност, дрскост, свој стил, иницијатива и офанзива да се напаѓа постојано и играта да се движи во правец на притисок кон противникот, освојување на топки, а не да се чека за да видиме што ќе ни остави или дозволи противникот да одиграме".

"Градејќи свој стил на игра, своја идеја и интенција да се наметнат модерните трендови во компактност на екипата на цел натпревар во сите фази се обидуваме да спроведеме:

- Константна пресија по можност подлабоко во противничката половина и одбрана, подалеку од нашиот гол.

- Синхронизирано и рамномерно придвижување на сите линии во тимот во сите правци на нападот и одбраната и без разлика кој е противникот, се настојува секогаш со истата офанзивна идеја во секој момент на натпреварот, со голема концентрација и подготвеност да се задржи концептот на игра.

- Неопходно е да се реализираат одредени активности или чекори во однос на создавање на една победничка генерација која ќе може да ја оствари целта , да се оди на некој завршен европски или светски турнир.

- Нашата основна идеја , анализирајќи ги речиси сите натпревари во изминативе 10 години на нашите селекции е ориентирана во:

Создавање на репрезентативен македонски модел на играч кој на еден натпревар:

- Ќе мора да истрча преку 10 километри.

- Ќе мора да изведе минимум 40-50 точни додавања (кратки, долги топки, удари на гол, водење на топка, удари со глава, едноставно 50-на активни дејствувања во допир со топка за време на натпревар).

- Во зависност од позицијата секој играч мора да работи во одбрана и да одземе 5-15 топки од противникот.

- Напаѓачите да учествуваат во одбрана и во организација на игра, покрај основната функција да даваат асистенции и голови.

- Играчите од одбраната мораат активно да учествуваат во организацијата на играта и нападот покрај дефанзивните функции.

- Средните играчи како најуниверзални ќе мора да ги извршуваат сите овие задачи како и голманот кој мора да биде постојано активен и во движење. Да биде господар во 16-тникот и да реагира на сите нафрлени топки, да биде прв во иницијативата да се расчистат или да ги прифати.

- Македонскиот репрезентативец мора да демонстрира огромна желба за работа, иницијатива за офанзива и дефанзива, огромна желба за надигрување и победа со цел да ја мотивира но и забавува публиката која што доаѓа на натпреварите и да биде во носечка улога на самиот меч без оглед на името и рејтингот на противникот....

"Македонскиот репрезентативен модел на играч мора да поседува најмалку два високи стандарди за постигнување врвни резултати: Талент, техника, физичка подготовка,позитивен ментален карактер...".

"Ние во младата репрезентација постојано се стремиме кон нашата идеална сцена за интелегентен македонски репрезентативец кој ќе ги содржи сите овие карактеристики без оглед на неговите достигнувања во минатото, неговото име или неговата моментална состојба во клубот во кој настапува...За тоа постои и стручен тим кој постојано работи на теренот и ги прави потребните анализи и креира статистички податоци за прикажаното од страна на фудбалерите иако за жал сме свесни дека недостасува поголема конкуренција на квалитетни и талентирани играчи на одредени позиции".

"Македонскиот репрезентативен модел бара од секој играч да го почитува колективниот дух, да ги почитува функциите и задачите на групата пред индивидуалните истакнувања...Секако неминовен резултат е дека на тој начин доаѓаат последователно до израз индивидуалните квалитети на секој поединец...".

"Во фудбалот ништо не е случајно и се надевам дека тоа го следат и вистинските познавачи на фудбалската игра кои забележуваат нов квалитет во играта на младата селекција чиј квалитет од натпревар во натпревар оди во нагорна линија, за што потврда се резултатите, игра која ни дава огромна надеж и желба дека сепак сме на прав пат да го создадеме она што можеби е најтешко во фудбалската игра како основа за успех- Да создадеш свој стил и модел на игра- за да ги постигнеме поставените цели и пред се посакуваните резултати" - стои во соопштението на Бобан Бабунски.
http://kajgana.com/strategijata-na-babunski
виа Кајгана

Вака напишано „црно на бело“ изгледа ветувачки. Што мислат познавачите на фудбалот, или конкретно - младинската фудбалска репрезентација околу замислата на Бабунски? Дали во последно време се забележува некаков напредок, или се' уште тапкаме во место?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кој бе 10 километри, 20 како волците и после трчање фудбал играа, додуша не баш фудбал футсал на мал терен :icon_lol:.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ова малце ми е смешно 10 км.... :icon_lol:
Иначе подобро да се проба нешто отколку да се тапка вместо можеби ќе му успее и колку што знам немаат пораз 10тина утакмици ако не и фазла.. (y)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Мене ми е чудно како професионалци не можат да истрчаат 10км интензивно. Па тоа се постигнува со само неколку месеци тренинг и тоа како рекреативец, а не па професија да ти е тоа.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ај да не го хејтаме одма, да видиме што ќе направи. Иако за нашиве фудбалери, секоја надеж е изгубена исто како и нив.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Вака напишано „црно на бело“ изгледа ветувачки. Што мислат познавачите на фудбалот, или конкретно - младинската фудбалска репрезентација околу замислата на Бабунски? Дали во последно време се забележува некаков напредок, или се' уште тапкаме во место?
Со оглед на тоа дека добро стоиме на последниве квалификации, и те како се приметува напредок. И не само резултатски, јас до сега сите натпревари што ги имам гледано на младиве се немам разочарано, туку баш напротив.

Сепак, се уште се гледа дека се повикуваат некои играчи што не треба да се повикаат, како Фазли. И морам да кажам дека младите репрезентации се малце поспецифични од А тимот во смисла на водење, игра, резултати.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
10 километри:pos::pos:..на овие нашиве Мурињо,Конте и Клоп да му се тренери неможат повеќе од 5 да истрчаат не 10
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.012
Звучи ветувачки. Барем од овде гледано. Како и да е, зарем има што да изгубиме кога е во прашање фудбалот?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ова се што го предлага го имам гледано на Барса Тв во еден документарец за Ла Масиа, Бабунски знае како функционираат европски фудбалски школи, па тоа што го акумулирал како знаење пробува да го интегрира овде, што е потег за поздравување. До сега младиве имаат некој позитивни резултати, останува во иднина да се види што ќе донесе овој модел. Но прашање е колку бизнис лобито во врвот на чело со Хари знаат да го препознаат овој модел на промени и дали ќе биде подржан.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Добри идеи, сака да воведе Барса стил.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
Прво нека се најдат 11 младинци што ќе исполнат бар пола од критериумиве на моделов, па после лесно ќе биде. Малце летна во облаци Бабунски со серијава од 13 меча без пораз. Само да се потсетиме на претходните квалификации освои 2 бода од 8 меча, додека повеќето од овие натпревари на кои нема загубено се пријателски... и најважно, за овие квалификации завршивме со домашните натпревари, сега ни следуваат гостувања кај сите противници :confused:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро бе, вие сакате со година дена работење одма резултати? Супер одиграа против С.Ирска младите пред недела дена, радо нив ќе ги гледам отколку ќелешиве неписмени од сениори, јесда и кај младинците има по некој падобранец.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Добри идеи, сака да воведе Барса стил.
па нели син му во Барса во младинците е,а мислам и за репрезентација го има земено.
Ајде ќе видиме дали ќе успеј во намерата,мора од негде да се стартова,можи ќе напрај солидна генерација и онака од оние дрвата во сениорската не бива ништо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom