Mene ovaa mi e edna od omilenite
Ептен ме погоди. И мене оваа ми е омилена и ден денес постојано ја слушам. Криво ми е што нема англиска верзија, за да ме доубие.
Иначе, денес прв пат ја пролистав темава и нешто слушнав, нешто не. Искрено, криво ми е што ни Евровизијата не е повеќе тоа што беше. Бабите докажуваат колку сеирџиски настан е постаната и колку нема никаков квалитет каков што треба да има! Бабите бе... демек еве различни се, смешни, па затоа ќе одат на победа? Ам ај да појдам јас по пижами да им заиграм, чисто како конкуренција. Од кај знаете, може во поубава боја ми се од нивните носии.
Шведската песна иако така обична, ми се свиѓа и мене. Пејачката ме шармира и добро ја изведува, а тоа веројатно е доста важно. Остава некаков впечаток едноставно.
Жељко обично убави песни ми има, но англискиот малку не му е течен.
Сепак, колку и да е добар, почнува да замара со сличните балади. Нема ништо посебно да понуди.
А Калиопи... женава се покажа како многу глупава личност во последно време, но не можам да негирам дека прекрасно изгледа на спотот и дека има убав глас! Песната каква и да е, јас ја сакам. Чудна работа ама секогаш се ежам кога ги слушам нашите претставници пред, за време на и после Евровизијата. Ами наши си се... веројатно нормално е на нив појќе да се палам.
Не коментирам други, дека се многу и не ми се интересни. И посакувам среќа на Калиопи, дека тоа најмногу и треба, па, што биде нека биде