Евровизија 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
На МК или англиски ќе пее Калиопи.. а по коментарите што гледам на јутјуб сите со пофалби :)
На Македонски ќе пее.
Мене Македонската верзија ми е поубава од Англиската.
 
Калиопи ја има една од подобрите песни кои ги испраќаме на Евровизија. Во однос на тоа што имав прилика да го слушнам од сите евровизиски песни, заслужува да влезе во финале, но, знаејќи го начинот на гласање - нема да влезе.
 
Јас сум сѐ повеќе убеден дека ќе влеземе, ајде ќе видиме да не типуваме пред време :)
:sneaky:
 
Каков Жељко...фаворити ми се бабите од Русија! Напред хахах :D
 
Во Македонија по радијата повеќе ја форсираат крадената песна од Жељко него ли песната на Калиопи.
 
Секоја година си викам дека нема да гледам Евровизија...
 
Љопо, мори. Му се смеевме на Ѓоко, ама и оваа не е нешто подобро.
 
Само однапред да спомнам дека секој глупав коментар за нејзиниот англиски е излишен. Прошетајте низ Youtube и погледнете ги видеата со интервјуата од Амстердам на концертот. Очигледно е дека Калиопи умее да се разбере на англиски после 10 минутно интервју.

Ова е само шега која македонските гомна од портали не умеат да го сфатат како таква, ниту пак да се потрудат да дознаат нешто повеќе и вистинито. Поради такви работи никогаш нема да нѐ биде. Калиопи со среќа и се надевам на влез во финале!
 
Не чувствувам омраза кон ниеден наш сосед, за да не ме сфатите погрешно, ама Бугаркава ми е многу очајна:facepalm:
Цело време очекував дека ќе и снема воздух, се задишува и не ги пее зборовите до крај, толку многу се пренамага, и тоа на овој концерт, камо ли на Евровизиската вечер. Плус и песнава ми е апла крадена, уште прв пат кога ја слушнав тоа го заклучив.
Како е облечена овде, е тоа е веќе друга приказна:facepalm: Мрежесто блузиче и спојлери и излегуваат од фармерките:facepalm:
Очај:facepalm:

Едит.
Ауу Албанкава дрма :vozbud: Колку моќен глас има секоја чест. Не ја разбирам што пее, ама за гласот и симнувам капа...
 
Најдов малце слободно време денес, па си викам ја да го упропастам у преслушуење на дел од песните :icon_lol:

Албанија, јт*. 7.3. Многу силна песна, ама малку пренапорна за слушање. 8.5**.
Австрија, јт. 4.7. Дури 53% удриле дислајк на песната, ма да добра музика вади. 6.0.
Азербејџан, јт. 8.7. Убо :) 9.0.
Белорусија, јт. 7.5. Чуена ствар. 7.0.
Белгија, јт. 5.5. Нешто не ја бендисуваат на јутјуб, ма да I like it. 9.0.
Босна и Хецеговина, ј.т. 8.0. Супер :icon_lol: Нај ме бендиса до сега. 9.5.
Бугарија, јт. 6.7. Божичко, какво става с љубимите ни соседи? :icon_mrgr: Све ок, ама рефренот ја квари. 8.0.
Хрватска, јт. 7.8. Солидно. Убава пејачката :P 8.5.
Кипар, јт. 8.6. Звучи како некој романски летен хит... 8.5.
Данска, јт. 8.4. Ова е песна која би сакал да победи. 10.
Естонија, јт. 8.7. Многу јака песна. Обично ваквите ретко кој ги забележува, се дават у комерцијалата 10.
Македонија, јт. 7.8. Не би коментирал и оценувал, ѝ посакувам успех на Калиопи.
Финска, јт. 8.3. Финската песна е на шведски јазик (а шведски збори 5% од населението) :icon_lol: Me gusta. 9.0.
Франција, јт. 7.9. Убава песна и чуден спот... 9.0.
Грузија, јт. 3.9 NOT! 5.0.
Германија, јт. 9.1. Песна со најдобар сооднос на лајкови на тубата до сега, ма да... 9.0.
ПОПЈ***, јт. 7.4. Слободанка со гаќичките и четирите педерчиња :pos: 8.0. За атер на девојчето.
Унгарија, јт. 9.0. Шуќур, Унгарците добри годинава, а и спотот супер :icon_lol: 9.5.
Исланд, јт. 9.2. Аааа хахаха :pos: Не бе, не са нормални северњаците. 10.

______________________________
*Процент на +лајкови на јутјуб/10.
**Моја субјективна оценка.
***Поранешна Отоманска Провинција Јунанистан.
 
Данска, јт. 8.4. Ова е песна која би сакал да победи. 10.
Некако многу ми е слична, не велам дека е плагијат, но рефрените ми се многу слични...само ова Данскава е тука за пола степен повисока. Што мислите вие?
 
Некако многу ми е слична, не велам дека е плагијат, но рефрените ми се многу слични...само ова Данскава е тука за пола степен повисока. Што мислите вие?
Не се разбирам у степени, тактови, ноти... ама мислам дека освен ритмот, во ништо друго не се слични. Нека се произнесат стручни за тоа :icon_mrgr:
 
Не се разбирам у степени, тактови, ноти... ама мислам дека освен ритмот, во ништо друго не се слични. Нека се произнесат стручни за тоа :icon_mrgr:

Не за нешто стручно...Ја слушнав некој ден песнава на радио онака и сеа кога ја чув Данскава некако познато ми звучеше :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom