TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
СИТЕЛ И КАНАЛ 5 СО ПЕРВЕРЗЕН РАСТ НА ПРОФИТОТ ВО КРИЗА!
СИТЕЛ И КАНАЛ 5 ПОПРОФИТАБИЛНИ ОД МНОГУ ГОЛЕМИ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ!
Анализата на податоците за 200 најпрофитабилни компании покажуваат многу апсурдни достојби во македонската економија. Така, на пример, телевизијата Сител има поголем профит од државниот производител на струја, Електрани на Македонија и речиси ист профит со рудникот Бучим и со трговските маркети Тинекс и Рамстор, поголем профит од најголемиот трговец со автомобили, Порше Македонија. Сител и Канал 5 имаат поголеми профити од Витаминка, Макпрогрес, Кнауф Радика, Пекабеско, Брилијант, Струмица табак и Алајанс уан, кој сите се на листата со 100 најголеми извозници од Македонија, како и поголеми профити од најголемите веледрогерии Зегин и Д-р Пановски и од најголемиот трговец со струја, ЕФТ.
годинава во рангирањето на 200 најпрофитабилни компании во Македонија се појавуваат две телевизии, Сител и Канал 5. Телевизијата Сител, која минатата година остварила профит пред оданочување од околу три милиони евра, е рангирана на високото 32 место во Македонија, додека телевизијата Канал 5, која работела со профит од 1,5 милиони евра, е рангирана на 66 место на листата со 200 најпрофитабилни компании. Овие две телевизии, кои важат за блиски до владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, минатата година имале огромни растови на профитабилноста. Така, на пример, телевизијата Сител, која е во сопственост на семејството на пратеникот и претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов Ѕинго, лани имала раст на профитот од цели 483%, односно профитот од 516 илјади евра во 2010 година за само една година е зголемен на три милиони евра. Во истата година телевизијата Сител имала раст на приходите од 44,4%, додека вкупните расходи биле зголемени за 7%, а бројот на вработени намален, што само ја зголемува нелогичноста на толку големиот раст на профитот.
Инаку, телевизијата Сител за прв пат се појавува на листата со 200 најпрофитабилни компании во Македонија во 2006 година, кога била рангирана на 145 место, со добивка пред оданочување од 437 илади евра. Во 2007 година Сител била рангирана на 137 место, со профит пред оданочување од 683 илјади евра, а во 2008 година на 159 место, со профит пред оданочување од 675 илјади евра. Во 2009 и 2010 година Сител не бил воопшто меѓу 200 најпрофитабилни компании, за во 2011 година да се искачи на високото 32 место.