Две телевизии, најуспешни бизниси во Македонија!?

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
СИТЕЛ И КАНАЛ 5 СО ПЕРВЕРЗЕН РАСТ НА ПРОФИТОТ ВО КРИЗА!




годинава во рангирањето на 200 најпрофитабилни компании во Македонија се појавуваат две телевизии, Сител и Канал 5. Телевизијата Сител, која минатата година остварила профит пред оданочување од околу три милиони евра, е рангирана на високото 32 место во Македонија, додека телевизијата Канал 5, која работела со профит од 1,5 милиони евра, е рангирана на 66 место на листата со 200 најпрофитабилни компании. Овие две телевизии, кои важат за блиски до владејачката партија ВМРО ДПМНЕ, минатата година имале огромни растови на профитабилноста. Така, на пример, телевизијата Сител, која е во сопственост на семејството на пратеникот и претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов Ѕинго, лани имала раст на профитот од цели 483%, односно профитот од 516 илјади евра во 2010 година за само една година е зголемен на три милиони евра. Во истата година телевизијата Сител имала раст на приходите од 44,4%, додека вкупните расходи биле зголемени за 7%, а бројот на вработени намален, што само ја зголемува нелогичноста на толку големиот раст на профитот.
Инаку, телевизијата Сител за прв пат се појавува на листата со 200 најпрофитабилни компании во Македонија во 2006 година, кога била рангирана на 145 место, со добивка пред оданочување од 437 илади евра. Во 2007 година Сител била рангирана на 137 место, со профит пред оданочување од 683 илјади евра, а во 2008 година на 159 место, со профит пред оданочување од 675 илјади евра. Во 2009 и 2010 година Сител не бил воопшто меѓу 200 најпрофитабилни компании, за во 2011 година да се искачи на високото 32 место.


СИТЕЛ И КАНАЛ 5 ПОПРОФИТАБИЛНИ ОД МНОГУ ГОЛЕМИ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ!

Анализата на податоците за 200 најпрофитабилни компании покажуваат многу апсурдни достојби во македонската економија. Така, на пример, телевизијата Сител има поголем профит од државниот производител на струја, Електрани на Македонија и речиси ист профит со рудникот Бучим и со трговските маркети Тинекс и Рамстор, поголем профит од најголемиот трговец со автомобили, Порше Македонија. Сител и Канал 5 имаат поголеми профити од Витаминка, Макпрогрес, Кнауф Радика, Пекабеско, Брилијант, Струмица табак и Алајанс уан, кој сите се на листата со 100 најголеми извозници од Македонија, како и поголеми профити од најголемите веледрогерии Зегин и Д-р Пановски и од најголемиот трговец со струја, ЕФТ.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Можеби само народов гледа повеќе телевизија.
Можеби турските серии го прават своето.
Можеби сконтале какви содржини бараат Македонските (ретард) граѓани....само можеби

Уште 100 вакви можеби нема да помогнат, тие се профитабилни затоа што се блиску до власта и точка. Нема лево десно мрдање, тоа е и само тоа...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
За такво лижење на газ и јас би им дал толку пари.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Алал да им е на Ѕинго и Стојменов.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
А Наша ТВ ја нема? :eek:
Јанко ќе си ксне од таквото.
После толку пушење не ни очекуев други бизнисмени да се на врвот.
Колкав му е рејтингот на пемиеот, толкав им е профитот на телевизиите.
п.с.Тинекс е пред Сител по профит :icon_lol:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
А кој гледа денес ТВ? Јас освен вести и спорт ништо друго.. =) И Алфа ТВ во последно време ја гледам, напреднаа во програмата.
Иначе ова за профитот, сега за избори ќе им порасне за уште плус 70% од тоа политичките реклами, не ми се пушта ТВ за време на избори. Буквално го трујат човека!.. :mad:
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Телевизијата секогаш е профитабилна, не гледам нешто изненадувачко во ова. :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека си ги гледате парите од даноците што ги плаќате преку рекламите на Владата во џебот на Ѕинго и Стојменов. Гледајте ама убаво ги збогативме, алал да ни е.
Ајде влада дај уште некој милион за реклами! Арамии! Испрани пари.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мислам дека си ги гледате парите од даноците што ги плаќате преку рекламите на Владата во џебот на Ѕинго и Стојменов. Гледајте ама убаво ги збогативме, алал да ни е.
Ајде влада дај уште некој милион за реклами! Арамии! Испрани пари.
Битно се гради ;)
А у време на Бранко, брана да го однесе?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Битно се гради ;)
А у време на Бранко, брана да го однесе?
Да, извини заборавив на фактот зошто не крадат.
После Бранко сите смеат да не крадат до гола кожа! Овци брррррррр бричи додека можеш.
 
H

HITCH

Гостин
Гледано според заработкава новата ограда навистина испадна џабе. :icon_lol:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Да, извини заборавив на фактот зошто не крадат.
После Бранко сите смеат да не крадат до гола кожа! Овци брррррррр бричи додека можеш.
Домино ефект де, ако еден крадел и другите после него ќе крадат :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
ЕЛЕМ има помал профит од Сител... Е, тоа е веќе поразителен факт кој на долг рок ќе се одрази со кредит и тоа прилично голем кредит.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Од реклами на Владата , потоа од парламентарните избори кои беа во 2011та ... наредната година пак ќе биде празник за медиумите , ќе има локални избори 2013.

Не ли ви е јасно дека А1 освен што беше анти-владин медиум ... им ги собираше парите на провладините медиуми , кои глава не можеа да кренат од А1.

6 пати повеќе пари кај Сител и Канал5 , а вработените ги отпуштаат (да не почнале роботи да стават во функција) , програма никаква.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom