- Член од
- 19 февруари 2009
- Мислења
- 1.379
- Поени од реакции
- 1.968
Не знам колку од вас служеле и биле дел од системот “редовна војска“ и поминувале време со резервисти после служење војска. Во војна имавме луѓе кои служеле војска пред 15-20 години кои не ги знаат чиновите, не се сеќаваат како се расклопува пушка, или сега добиле наместо М48 - М72 и треба пак наново да учат, имаш службеници кои последни 10 години ги поминале в канцеларија, на работа одат со кола а сега треба да трча под оган со 30 кила опрема на себе, служел како 18 годишњак, пред 20 години, испукал тогаш 10 боеви куршуми на непокретна мета онака убаво залегнат со доволно време да нанишани и ич да не се секира дали таа мета ќе му возврати оган, поминал 2 недели од тогаш на вежби каде носел по 1 кило ракија и 2 кила вино и се зезал со другарите пукајќи со маневарски куршуми наоколу.... и сега ко ќе падне во заседа инстиктивно ќе залегне и ќе загин без да знае што треба да прави и нема постојана секојдневна увежбаност да реагира на такви ситуации и команди.
Јас лично побрзо би тргнал во борба со 50 професионални војници од колку 200 војници од кои 70 се 18-19 годишни редови и 130 мешавина од 25-45 годишњаци служени кузнај каде и кога и како.
Дури и во тоа време на редовни војски, во време на ОНО о ОСЗ, се сметаше дека од момент на мобилизација па до борбена употреба на единица ќе поминат и 2 недели. (дур се соберат, опремат, поднаучат, се запознаат еден со друг и со старешините и обратно...) значи толку му треба на една единица да биде колку толку употреблива, а за 2 недели војната завршува.
Абе не е за тука ама ти очигледно си немал многу искуство со нашиве професионалци,посебно последниве години..
2001 имаше артилериско гаѓање,припрема за на терен, и знаеш ли кој постигна најдобри резултати? Тие што 12-15 години,од времето кога служеле војска,немаа видено артилериско орудие.
А за 2 недели војна, таква каква што нас ни се заканува, може да заврши само ако нема кого да мобилизираш а редовната војска и полиција е поразена или дезертира.