Добар дел од фановите на Ливерпул се уште мислат дека бркањето на Рафа е исправна одлука, исто како што ќе има фанови на Ливерпул кои ќе го оправдуваат заминувањето на Кени, ако дојде до тоа, без разлика на тогашната состојба на клубот. Ако повторно клубот биде за нигде, виновен за тоа ќе биде новиот тренер.
Лично не верувам дека газдите ќе го избркаат Кени летово, а уште помалку верувам дека тој самиот ќе си замине.
Веројатно и тие момци си имаа свои аргументи, и веројатно и тие што мислат дека бркањето на Рафа е грешка - исто имаат свои аргументи. Но, најбројни се оние кои се радуваа (им олесна) кога го избркаа Бенитес, а истите тие сега го посакуваат назад, за да го врател тимот на стари патеки, откако Кени не успеал во тоа. И згора на се', не само што не успеал, туку го докрајчил тимот.
Јас уште порано сум тврдел дека на овој Ливерпул, како и на секој тим кој се реконструира му се потребни години. За да се прави воопшто муабет за толку посакуваната титула, треба да се создава терен, а на тој терен да се создава тим кој утре ден ке има шампионски дух и мотив. За на крај, евентуално да ја освои лигата.
За овој Ливерпул - од пет до седум години. да заокружиме дека реконструкцијата започна од лани летото и дека предводник на новиот Ливерпул е Кени Далглиш.
Нема дискусија дека се познава новиот поредок. Нема дискусии дека кај многумина фали трпение. Нема дискусија дека потребно е уште долго време за да се почувствува тој процес. Една година е премалку и неблагодарно е да се терети Далглиш и да му се припишува некаков неуспех.
Мене сите замерки за неговата тактичност и „закаснетите измени“ ми се во најмала рака инфантилни. Зошто го ставил во 75, зошто не во 60. Или зошто во 60та а зошто не во 75 година. Колкава е тука разликата? Многу мала.
Таква замисла има Кени и оди до крајни граници со замислата која во нормални услови и те како успеваше. Ливерпул, секако оваа година одбележа крајно ненормални и невидени „услови“.
И најдобрата од сите замерки: лани бевме на една позиција повисоко од оваа.
Тимот треба да се гордее што беше на работ да освои 2 титули, од кои успеа да зграпчи барем една, каква таква и како така. За пласманот: што е битно?
Ливерпул се откажа од трката на “подобар пласман“ уште од поодамна, односно откако се виде дека не може да бид четврти. И што дека ке завршеше петти оваа сезона, кога и онака се пласира во Европа лига? Ке имаше некоја поента ако беше петти?
Едноставно, ги искулира сите утакмици, баш како и вчерашната со Свонси.
Ливерпул е еден тим кога игра немотивирано и исправа разни математики, а друго е кога е мотивиран тим кој сака да победува.
Мотивот е најбитен, врзан со нови засилувања и уходан тим.
Најклучоното прашање, покрај она „што ако Кени замине и тек тогаш се распадне тимот“ е:
Дали Џерард заслужува воопшто да игра во тимот на Ливерпул, па уште да биде сметан и за иднина?
Односно, реконструкцијата налага фигури како Џерард Кара да летнат.
Кара летна вака така... а Џерард?
Зошто никој не ја „бара главата на Џерард“?