Прашања за Исламот II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Во исламот човекот е роб само на еден Аллах, а во реалниот живот човекот им робува на многу други. Робува на директори, газди, шефови, рекетари, лидери... Со еден збор човекот денес му робува на системот а со друг збор на парите. И како и да вртиш човекот секогаш бил и ќе биде роб на нешто.
Директорот, шефот, лидерот...или било кој од примерите кој ги наброи нема ниту да те убие, ниту да те мачи ако си заминеш и најдеш нова работа, нов директор, нов шеф итн, итн. Така да споредбата не е воопшто адекватна.
Парите од друга страна се начин за вреднување, тие не се свесен ентитет кој може да ти нареди или наложи било што.
Исламот не се стреми да биде сопственик на моралот на човекот туку негов коректор. Тој е како упатство за користење на некоја машина, или пак упатство за користење на лек. Има луѓе кои ги читаат тие упатства, и луѓе кои си тераат по свое. Има и такви кои ги читаат и пак си тераат по свое. Тука ништо не е страшно, секој има право на свој избор.
И не е само исламот тој што забранува хомосексуалност, врска за една ноќ, секс пред брак и др. Покрај муслиманите тоа го прави и целиот православен свет, поголемиот дел од католиците, евреите и многу други. И сега шо ќе кажеш ти, дека сите верници се будали? Епа ако вие атеистите се борите за правата на ваш начин, и ние верниците имаме право да се бориме за нашите права на наш начин
Дали ако ти поседуваш.....еве да речеме куќа која има два влеза, некој може да ти изигрува "коректор" и да ти кажува од кој влез смееш да влегуваш а од кој несмееш?! На кој начин таа куќа ќе биде твоја ако ти бидеш казнет поради начинот на кој ја користиш?
За тебе не е ништо страшно некој да те третира како машина за која е потребно упатство за работа?! :tapp: Па има ли поголема деградација за еден човек од тоа некој да го смета за машина и да му даде упатство како да се однесува?!
Борење за свои права неможе да биде закон кој ги ускратува правата на останатите и им наложува "упатства за работа".
Дали, е нормално оние кои поради многу причини не можат да бидат во брак, само заради религијата која така им налага, да не може да се разведат? Дали е нормално човек да живее во брак без љубов и почит? Дали пак оние кои сепак се разведуваат отфрлаат многу важен дел од нивната религија? Ова е само доказ дека Исламот не сака да контролира туку дава решенија кои се во корелација со човечките реални потреби. Последново го натурив само како пример па ако сакаш подетални информации пиши.
А дали е нормално да каменуваш некого затоа што неможат да сакаат двајца или тројца и да бидат интимни со нив, само затоа што религијата така им налага?
Дали е нормално хомосексуалците да живеат без љубов и почит и да бидат убиени ако се осмелат на тоа само затоа што религијата така налага?
Ова е само доказ дека исламот е репресивна, опасна и деградирачка религија заснована на едноумие и морални вредности стари повеќе од еден милениум.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Ок така нека е. Моите коментари се многу пошироки, а тоа што вие коментирате само делови и ги вадите од контекст тоа е друга работа.
Немам намера ни да ве разубедувам ни да ве терам да верувате во нешто друго.

А што е однесува на последниот дел од твојот коментар т.е последното прашање дали било нормално да се каменува ако некој сака да биде интимен со повеќе мажи и жени( ако точно те разбрав?)

Како прво за нормален религиозен човек не е нормално да се биде со повеќе партнери наеднаш или пак да се одржува хомосексуална врска, и тој што го прави тоа сигурно не е религиозен или припаѓа на некоја друга религија или секта која дозволува такви работи. Јас за таква религија сега за сега не сум слушнал. Доколку мислеше на повеќе партнери во различно време тогаш да, во исламот тоа е дозволено како што претходно ти напишав, но тоа важи за луѓето кои биле во брак (и кај другите религии, сексуална врска пред брак е срого забранета), а потоа се развеле и секој си пошол на своја страна.
Што се однесува до каменувањето, и јас лично не го поддржувам тоа и не верувам дека во денешно време сето тоа се казнува на тој начин . А секоја земја има своја култура и ние не може да кажуваме кој како ќе си ја одржува. Како и да насекаде низ светот па и во најдемократските земји, од хомосексуалци и ороспии- нимфоманки сите бегаат ко улави. Шо сакаш да кажеш дека во Србија денес слободно може човек да каже дека е хомосексуалец и да си организира парада на љубовта без да биде претепан??? Или пак тоа може слободно да се направи во една Русија??? Можеби може у грција затоа што на нив педерлакот им е наследна особина ама во другите земји каде што религијата сеуште има вмешано прсти, тоа братче не пали и јас го поддржувам истото. Скраја да е од сите нас таа појава, скраја да е од сите нас ороспилак затоа што и него никој не го сака по дома. А кој шо го сака нека си го тера ама понастрана од нас.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како прво за нормален религиозен човек не е нормално да се биде со повеќе партнери наеднаш или пак да се одржува хомосексуална врска, и тој што го прави тоа сигурно не е религиозен или припаѓа на некоја друга религија или секта која дозволува такви работи. Јас за таква религија сега за сега не сум слушнал. од нас.
Проблемот со вас е што сте заглавени во вашиот светоглед, слично како што коњите имаат оглав со кој неможе да гледаат лево или десно. Нормален религиозен човек?! Да погодам, тоа е единствено некој што ги дели вашите морални вредности нели? Дали знаеш дека на пример во индија ти ќе бидеш оној што не е нормален верник, затоа што конзумираш говедско?
Се додека така ноншалантно поаѓате од тврдења кој во самата своја суштина се фалични и ги сметате за апсолутни вредности, никогаш нема да бидете способни да живеете со останатиот свет.
Во врска со црвениот болд, да постојат такви религии, јас ете почитувам токму една таква. Да се потрудеше ќе дознаеше, има тема за неа само неколку теми под оваа е и се вика - Телема. И има еден едноставен закон - "Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон". И не, тоа незначи прави што сакаш, но за повеќе ќе мора да ја погледнеш темата.
Можеби може у грција затоа што на нив педерлакот им е наследна особина ама во другите земји каде што религијата сеуште има вмешано прсти, тоа братче не пали и јас го поддржувам истото. Скраја да е од сите нас таа појава, скраја да е од сите нас ороспилак затоа што и него никој не го сака по дома. А кој шо го сака нека си го тера ама понастрана од нас.
Овде ќе ти одговорам со твоите сопствени зборови:
... Што толку сте запнале со генерализирање.
никогаш не навредувам никого( прочитај што сум пишувал на други места и ќе видиш дека е така).
Велиш да не се генерализира, а цела една нација ја направи со хомосексуални наследни особини! Велиш дека никогаш не навредуваш никого, а сите оние што имаат поинаков морал од твојот, ги направии ороспии и некој што никој не ги сакал по дома?!
Двојните стандарди секогаш се еден од најпрепознатливите знаци дека кај одредена идеологија нешто не штима како што треба.
Ако некој си го живее животот на начин кој нему му е по волја, тогаш никој нема право да му го забранува тоа, а исламот го прави токму тоа.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Аман бе шо се фати сега за ова. Ете убаво шо ми кажа за новата вера иако признавам дека не сум слушнал. Ете ти ја и верувај како сакаш ти. И ако ја практикуваш истата тогаш оставине нас да си веруваме онака како што ние сакаме.
Да бидам искрен, за Грците не го мислам тоа и го кажав за да се нашалам( и можеби згрешив ама ете тоа ти се вика стереотип) затоа што таков муабет им тераме тука во Македонија, демек сите биле педери.
ОК мислам дека сега за сега го исцрпивме муабетот. Се надевам дека ќе подискутираме и на други теми а можеби ( јас би сакал )ќе ми објасниш и нешто повеќе за твојата религија.

Она што мене ми е интересно кај сите атеисти и кај сите други религии, што секогаш имаат најнападни коментари само кон Исламот иако доколку малку го проучат ќе видат дека во тоа учење има доста позитивни работи од кои денешниот свет видел доста полза. Многу научници тоа го препознале и го признале ама тука на форумиве некако сите се обединети против.

Сега ке излезам малку од темава.
Знаеш ја сум навивач на Манчестер унитед и често пати се соочувам со други мои пријатели навивачи на други тимови кои кога го гледаат Манчестер со било која друга екипа да игра, тие се против него. Ги прашувам зошто мора толку да го мразат? Ете дури и да не игра против тимовите за кои тие навиваат, а сепак го мразат.
Одговорот е затоа што се плашат од оној тим кој секогаш може да биде посилен од нивните тимови. За разлика од нив пак јас секогаш сум само ЗА Манчестер и никогаш несум ПРОТИВ некого. Кога ги гледам другите, едноставно сакам да гледам само добар фудбал.

За неколку минути ќе одам да гледам фудбал и ќе се надевам на победа. Поздрав
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Знаеш ја сум навивач на Манчестер унитед и често пати се соочувам со други мои пријатели навивачи на други тимови кои кога го гледаат Манчестер со било која друга екипа да игра, тие се против него. Ги прашувам зошто мора толку да го мразат? Ете дури и да не игра против тимовите за кои тие навиваат, а сепак го мразат.
Одговорот е затоа што се плашат од оној тим кој секогаш може да биде посилен од нивните тимови. За разлика од нив пак јас секогаш сум само ЗА Манчестер и никогаш несум ПРОТИВ некого. Кога ги гледам другите, едноставно сакам да гледам само добар фудбал.
И јас имам другари што фанатично навиваат за одреден тим, но не поради страв, туку затоа што едноставно решиле дека тој е "нивниот" тим, затоа што татко им навива, затоа што другарите им навиваат итн. Слично е и со религиите, најфанатичните верници се најслични со овие навивачи. Верници се затоа што традицијата им го наметнала тоа а не затоа што сметаат дека има вистина во нивната религија.
 
Член од
7 март 2012
Мислења
296
Поени од реакции
55
И јас имам другари што фанатично навиваат за одреден тим, но не поради страв, туку затоа што едноставно решиле дека тој е "нивниот" тим, затоа што татко им навива, затоа што другарите им навиваат итн. Слично е и со религиите, најфанатичните верници се најслични со овие навивачи. Верници се затоа што традицијата им го наметнала тоа а не затоа што сметаат дека има вистина во нивната религија.
spored faktite naukata vodi do svetiot Kuran, svetiot Kuran vodi do vistinskata religija ;)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
spored faktite naukata vodi do svetiot Kuran, svetiot Kuran vodi do vistinskata religija ;)
Можеби ќе сакаш да го поддржиш твоево тврдење со примери?

Според фактите, науката го побива куранот.
 
Н

нихилист

Гостин
spored faktite naukata vodi do svetiot Kuran
Кои се тие научни факти, можеш ли да наброиш неколку?

Како на пример, ѕвездите служат за украс, месечината била преполовена и залепена повторно со салотејп, спермата се формира во рбетот, итн...
 
Член од
7 март 2012
Мислења
296
Поени од реакции
55
Кои се тие научни факти, можеш ли да наброиш неколку?

Како на пример, ѕвездите служат за украс, месечината била преполовена и залепена повторно со салотејп, спермата се формира во рбетот, итн...
Kako sto se veli deneska od naukata deka neboto se siri toa go veli Kuranot pred 1400god.
Nie so nasata sila go dignavme neboto, i nie go prosiruvame
(Edh-Dharijat 47)
SE znae deka ako ne se planinite zemjata se trese:
I po zemjata nie podignavme planini za da ne se trese..(El Enbija 31)
potvredno od naukata pred 40 godini okolu sozdavanjeto na universumot poznata kako "big bang" i deka se sto e zivo od voda poteknuva toa sto se veli i vo Kuranot:
Neznaat li onie koi ne veruvaat deka neboto i zemjata bea navisitina edna celina pa nie ja razdvoivme, i se sto e zivo nie od voda go sozdadovme! ne veruvaat li? (EL Enbija 30)
Bebeto kako se sozdava vo matka. istoto go veli naukata i Kuranot; Potoa kapkata seme nie ja pretvorime vo zasirena krv od zasirena krv sozdavome parce meso od parce meso sozdaovme koski. a potoa koskite so meso gi obvikavme. potoa sozdadovme sosem drugo sustestvo pa neka e vishen Allah medju sozdatelite on e najubaviot ( El muminun 14)
znaci ima mn i mn drugi dokazi deka Kuranot ne e od raka na covek napisan kolku i da e pameten toj!
ima razni videa niz youtube koi ve vodat niz patekite na vistinskata religija od poznati naucnici!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Кои се тие научни факти, можеш ли да наброиш неколку?

, месечината била преполовена и залепена повторно со салотејп,
Со ОХО лепило, селотејпот ќе се гледаше, немаше Месечината така да биде убава...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Kako sto se veli deneska od naukata deka neboto se siri toa go veli Kuranot pred 1400god.
Nie so nasata sila go dignavme neboto, i nie go prosiruvame (Edh-Dharijat 47)
http://www.youtube.com/watch?v=32IfkK0j7JE
SE znae deka ako ne se planinite zemjata se trese:
I po zemjata nie podignavme planini za da ne se trese..(El Enbija 31)
Баш напротив, планините се последица од тектонската активност (тресењето на земјата), а не нејзини стабилизатори.
Bebeto kako se sozdava vo matka. istoto go veli naukata i Kuranot; Potoa kapkata seme nie ja pretvorime vo zasirena krv od zasirena krv sozdavome parce meso od parce meso sozdaovme koski. a potoa koskite so meso gi obvikavme. potoa sozdadovme sosem drugo sustestvo pa neka e vishen Allah medju sozdatelite on e najubaviot ( El muminun 14)
http://www.spittoon.org/archives/9916
 
Член од
7 март 2012
Мислења
296
Поени од реакции
55
ima i drugi fakti kako na primer deka samo na zemjata ima vozduh. deka zemjata se vrti, se sto ima vo orbitata plovi, sonceto i mesecinata odat po svojot pat mn precizno. vodata od morata nemoze da se mesa, za mrtvoto more deka tamu e najniska zemjata. ima i mn drugi.
zarem pameten covek nemoze da poveruva na seto ova ? kako e mozno nekoj pred 1400 god da znael za site ovie fakti? slucajno ?!
i tuka e celiot problem zs lugjeto i mn moderni naucnici niz evropa i posiroko pocnaa da se konvertiraat vo muslimani ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom