Paradise Lost

  • Креатор на темата Креатор на темата burn84
  • Време на започнување Време на започнување

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Локација
40 miles from the sun
Од толку многу металци на кајгана форумот чудно ми е како до сега на ниту еден не му текна да отвори тема за еден од најважните бендови во помодерната рок/метал историја.
Додатен мотив е нивното гостување на овогодишниот таксират :)

Paradise Lost се формирани во 1988 во Халифакс Англија, името е земено од позната поема која го носи истото име на Англискиот поет од 17-от век Џон Милтон.

Првите албуми се класични doom/death metal, подоцна стилот им варира во готика, вметнуваат електроника и доста експериментални звуци во музиката. Со тоа изгубија дел од фановите, но придобија многу повеќе нови со посвежиот звук. Со последните албуми полека почнаа да се навраќаат на своите корени...тоест на пожестокиот звук. Последниот албум им е ремек дело (ова моја лична забелешка :))
Заедно со Anathema и My Dying Bride се сметаат за ко креатори на death/doom жанрот.

Во текот на на нивната веќе 22 годишна кариера структурата на бендот е завидно стабилна-со тоа што само тапанарот се има сменето неколку пати. Остатокот се оргиналната постава, што додатно додава на шмекот...ма цареви се \m/
Значи:

  • Nick Holmes-Вокал
  • Greg Mackintosh-Водечка гитара (не знам како е точниот израз кај нас)
  • Aaron Aedy-Ритам гитара
  • Steve Edmondson-Бас
  • Adrian Erlandsson-Тапани
Подетални информации за нивната биографија и за членовите можете да најдете на википедија, нивниот официјален сајт...или едноставно прогуглајте ги и толку :)

Не би можел да издвојам поголеми хитови, затоа што мене сите нивни песни ми се најдобри. Да не користам стандардни термини за опишување ќе кажам вака, музиката им е харизматична, ужасно кул звучат, оштри рифови, неповторливо одличен вокал, комбинирано со мрачна атмосфера,уникатни текстови ....ЕБЕНИЕ!

Кажете што мислење имате за нив, дали некој албум/песна посебно ви се допаѓа и слично :)

За крај една сликица

paradise-lost.jpg


Ме мрзеше да пишам за албумите, имаат 12 студиски албуми и сите се кој од кој подобар. Едноставно кажано, секој што цени метал па и рок или општо добра музика е и повеќе од препорачано да ги преслуша.


пиес: се надевам дека после темава уште некој ќе ги заслуша, затоа што сакам кога ќе дојдат тука на 4-ти публиката да биде и повеќе од подготвена за да се вратат и наредна година па и да донесат некој од другарчињата да свират тука а не да се млати младинава по странство за добра група да види.
 
пиес: се надевам дека после темава уште некој ќе ги заслуша, затоа што сакам кога ќе дојдат тука на 4-ти публиката да биде и повеќе од подготвена за да се вратат и наредна година па и да донесат некој од другарчињата да свират тука а не да се млати младинава по странство за добра група да види.
Ова тешко дека ќе се оствари...иначе да,доста добар бенд кој имам впечаток дека во нашава земја и не е нешто особено популарен :toe:
Еве една песна што прилично ми се допаѓа.
 
Ајде ајде учете лирикс, спремајте се :icon_mrgr
 
Водечка...lead? :)
Иначе овие се некако се канам да ги слушнам ама никогаш не сум стасал...викаш новите албуми да не ги слушам. xD
 
Значи и покрај ужасно божествениот репертоар оваа и покрај тоа што им е поп песница е дефинтивино најзаразната...дефинитивно

 
Подарок од Paradise Lost за денот на вљубените, една песница од новиот се уште неиздаден албум :love:

 
Металот не е музика!
Апсолутно, затоа иди на темите кај што е твојата музика и не ми се мешај у штипки.

Него...излезе новиот албум со нов видео запис итн итн :drk:

 
Супер бенд, кој сметам дека е потценет на некој начин, можеби грешам, но има милион такви бендови кои се потценети од оние ,,помоќните" или посрање комерцијалните би рекол. Како помал ги обожував, омилена песна Mouth. Најновиот албум не ми е преслушан, или да бидам искрен сум заборавил да проверам дали ќе снимаат нов, не бев запознаен. Благодарност до постот, ми донесе нов албум за преслушување.
 
How dare you?! :D
Сакав фраерка да се напраам, ама не ми успеа, добри песни имале овие xDD
Колку soft ми се чини нешто металов :))
Сакаше фраерка да бидеш?
Баш ми е жал...еве сега ќе глумам дека се замарам

како не ти е срам, како смееш така, бла бла бла итн итн итн...сега ок е?
:noze: :))
 
Сакаше фраерка да бидеш?
Баш ми е жал...еве сега ќе глумам дека се замарам

како не ти е срам, како смееш така, бла бла бла итн итн итн...сега ок е?
:noze: :))
Aj be mrs ! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom