Не бев, незнам што толку се испаничиле медиумиве...
Како што разбрав имало закани кон полицијата и новинарите.
Епа, јас делумно ги оправдувам тие закани. Сега, секако, не оправдрувам некому да се закануваш со живот или тепање, но овака ко што дечкиве одбиле да им дадат изјава, да! Браво за тоа.
А новинари ко новинари, досадни се ко комарци „дај изјава, дај изјава“... ако некој не им даде, знаат да го етикетираат одма како насилник.
Е сега зошто делумно ги оправдувам „навредите“ кон полицијата и новинарите !? Затоа што кај Македонците е собран огромен гнев, и тоа оправдано е собран! Македончето последниве 10 години сите проблеми ги трпи на своја кожа, само Македончето се секогаш криво за се, а некои други не се.
Некои други полицијата не ги тепа. Вчера слушам кога иделе забеганиве кон седиштето на ДУИ, го пробиле првиот полициски кордон !? Па како бе ги пуштат да го пробијат бе !? Како бе само стоела полицијата, со наредба да НЕ УДРИ НИКОГО, дури и ако ги напаѓаат. Само стој, па колку те држи снагата, ако те гурнат илјада души пушти ги.
Оти така не е со Македонците, оти на Македонците им се пуштија на минатиот протест специјалците да ги бркаат !? Шо, поопасни да не беа Македонците !? Оуууу, уствари да, ете го вториот дел од сложувалката, медиумите, да, според медиумите Македонците се поопасни, порадикални, полоши...
Епа кога некој толку време ќе те дупи така, нормално е да се јави гнев. Иако, политиката што се тера овие 10 години води кон губење на емоциите кај Македонецот, и правење да му е сеедно за се, за што и да се деси...
Да се разбереме, протестов беше непотребен. Но, кога веќе се деси, нека не го споредуваат со протестот на радикалците, НЕСПОРЕДЛИВО е, по ниту една точка не се слични! Крај!