Исто така, според Уставот, кога државјанин на Р.М. ќе биде осомничен за петкратно убиство и тероризам, СУДОТ е тој што ги разгледува доказите и одлучува дали дотичниот е виновен или не. Не одлучува разулавена толпа што дивее по улици мава со камења и крши глави на сниметели. Ама гајле ти е тебе Дарданчо, ти на законите се повикуваш само кога ти одговара, во другите случаи го паљиш со бенѕин и го правиш хавуз.
И со тебе ќе излезам на крај со еден член од Уставот :
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
Кој го прекрши оваа правило ? ти текнује ли
Мислам дека беше Јанкуловска со сите свои помошници. Ги прогласи за убијци после 3 часа откако беа приведени.
Ги прогласи радикални исламисти сите 20.
Вие баравте да им се силуваат сите членови на семејството на 20те приведени.
Јас можам да ги прескокнам законите , уставните членови , но јас не се прашувам во оваа држава (ни децата у маало не ме фермаат кога им велам бидете потивки ми се спие) , можам да погрешам ... но Јанкуловска не смее да погреши , не смее да не ја знае презумцијата на невиност.
Јас и понатаму имам рок да верувам дека приведените се невини , се додека не се донесе правосилна судска одлука. А пошто Македонија е ненормална земја , не е чудно после 5-10 години да излезат нови моменти на виделина , па да им речат на приведените , извинете , не сте биле вие виновни.
Мислам дека 10.000 протестанти , се помалку грешни према Устав , во споредба со Јанкуловска и МВР.
Патем Хаки Хазири исчезна цела недела , ни неговиот адвокат не знаеше кај е, повторно МВР направи фаул во напад :
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.