Здраво
доколку сте во можност Ве молам посоветувајте ме за мојот мачор. Го чуваме во двор, освен во зима кога е многу ладно па пареспива внатре. Нормално често се тепа со други мачки. Вчера забележав рана позади левото уво. Раната е во форма на круг (како да го жигосал некој), надворешните краеви имаат розева боја (влакната се испаднати, а кожата е здрава со бледо розева боја. Ама внатрешноста на кругот е темна, како изгорена или како темна засирена крв). Нормално се однесува, се движи, јаде, трча, дозволува да го галиш, а од време на време ја лиже шепата си ја чисти раната. Мене првично ми личеше како да се изгорел од врел ауспух (знае да се бутка под коли и да исцрни со уље целиот), ама ми е страв да не почне да му гнои. Ве молам ако од описот може да заклучите за каква повреда станува збор, да ми кажете дали да купам некоја маст да го мачкам или некој антибиотик?