Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера го однесов кучето во викендица. Таму беше пуштен во двор и јадел и дрва и трева и некои цвеќиња. Немаше никаков проблем и само еднаш поврати.
Денес сабајле се искака тврд измет и после тоа 3-4 пати нешто како пролив. Го проверив изметот и не успеав да најдам глисти.
Дали тоа што 3-4 пати пробуваше пак да кака значи дека има глисти, или па од тоа што јадел вчера сака да го исфрли ?

Дошло до промена во организмот бидејќи јадел цвеќиња, дрвца и сл. и затоа има добиено дијареа.
Според мене нема простор за паника, дијареата е добиена како реакција на организмот од изедените цвеќиња и дрвца ... се' е во ред со кученцето, почекај 2 до 3 дена и организмот ќе се смири и повторно ќе се врати во нормална состојба т.е. кученцето повторно ќе си има тврд измет.
 
Си најдов кученце на улица, љангич некое, ама полно е со крлежи и болви, како би било најдобро да го исчитам, од каде да земам, колку пари и од глисти како да го прочистам исто? :)
 
Си најдов кученце на улица, љангич некое, ама полно е со крлежи и болви, како би било најдобро да го исчитам, од каде да земам, колку пари и од глисти како да го прочистам исто? :)
Крлежите со масло намачкај ги нема да можат да дишат ќе се поддадат и ќе ги фатиш само не ги вади оти главата може да остане внатре.Болвите со посебна течност што се продава во пет шоповите и ветеринарните ќе го избанаш и додека да порасне ќе му ставиш ремче против болви а после тоа Протектор или Фронтланј ампула.
Купи му високо квалитетна храна пример Ројал Канин за кученце за да ги добие витамините потребни зашо сега болвите го истоштиле.На вакцина треба да го однесеш и таму ќе ти дадат апчиња против глисти!
 
Си најдов кученце на улица, љангич некое, ама полно е со крлежи и болви, како би било најдобро да го исчитам, од каде да земам, колку пари и од глисти како да го прочистам исто? :)
За прочистување од глисти, таблетите ти се 40 денари една за 10 килограми. Измери колку е тешко кутрето и дај му таблета. Две недели после прочистување, носи го на вакцина. А за крлежи и буви, за во секунда да се отарасиш од нив има раствор кој ти го даваат на вет во шприц и го ставаш во 2 литри (или литар и пол беше не сум сигурна) и го прскаш кутрето целосно да се натопи, го држиш завиткано во крпа 15 минути и после го бањаш. Све што има во него, ќе го снема после 2 или трет третман со истата течност. Мораш да внимаваш да не дојде во контакт со очи или уста. И обавезно држи го завиткано во крпа, зашо ако не го држиш, болвите нема да умрат, туку ќе скокнат на страна и ти си го наебал:D.
Се радувам премногу во последно време, зашо совеста на народов расне, не се само расните кучиња-кучиња, туку и ДОЏ-овите знаат еднакво да ти се радуваат и да пружаат љубов.
Ви посакувам преубави поминати денови заедно:love:
 
Уживај, и мое прво куче е самојед мажјак, па еве 3 години уживам со него, миленик е на цело маало, тешко да се види агресија од нив, инаетливи се премногу па на моменти не можеш ништо да направиш, како сака он така ќе биде :) буквално знаат да направат будала од тебе, и баш затоа ги обожавам :)

Прекрасно куче си обрал, гушни го еднаш од мене, и ако ти треба нешто за расиве пиши ми порака:pipi:

значи 45дена има али сака да си игра цело време, почна и да гризе много али веројтано тоа дека забите му растат.
уживај гушнато е :)
 
Од прилике 140 за килограм му доаѓа ако ги земаш на килограм, на вреќа повеќе ти се исплати. А реално, премногу зависи и од кај ја земаш:)
Каде можи да се набави хранава по оваа цена од 140 денари?
 
DSC00786.JPG
DSC00784.JPG
DSC00785.JPG

Ви ја претсавувам Џина,раса Шарпланински Вучјак (шарпланинец/вучјак мелез :icon_lol:) само уште не сме опуштени,уште ни се лежи,ама ако ќе се опуштиме,нели? :)
 
А за што храна зборите ?
Канин Ц Ц Клуб.

Прегледај го приврзокот 43188
Прегледај го приврзокот 43189
Прегледај го приврзокот 43190

Ви ја претсавувам Џина,раса Шарпланински Вучјак (шарпланинец/вучјак мелез :icon_lol:) само уште не сме опуштени,уште ни се лежи,ама ако ќе се опуштиме,нели? :)
Ти се радувам :vozbud: :vozbud: :vozbud: не знаеш колку!!!
И јас имам мелез од шарпланинец и вучјак, али мојов е поише на вучјак :) Мали се вика... ооооо како ти се радувам, уживај и до бескрај :love:
 
Прегледај го приврзокот 43188Прегледај го приврзокот 43189Прегледај го приврзокот 43190
Ви ја претсавувам Џина,раса Шарпланински Вучјак(шарпланинец/вучјак мелез :icon_lol:) само уште не сме опуштени,уште ни се лежи,ама ако ќе се опуштиме,нели? :)
мислам дека оваа комбинација е супер страшна,дај боже да го зеде карактерот на вучјакот и големината на шарпланинецот рамен ќе му нема... :D
 
мислам дека оваа комбинација е супер страшна,дај боже да го зеде карактерот на вучјакот и големината на шарпланинецот рамен ќе му нема... :D
И јас се надевам на тоа пријателе,само нека порасне ќе видиме :)
 
Прегледај го приврзокот 43188
Прегледај го приврзокот 43189
Прегледај го приврзокот 43190

Ви ја претсавувам Џина,раса Шарпланински Вучјак (шарпланинец/вучјак мелез :icon_lol:) само уште не сме опуштени,уште ни се лежи,ама ако ќе се опуштиме,нели? :)

Значи за ова кученце правевме муабет пред некој ден :)
Џина е прекрасна :love: и ви посакувам многу среќни и весели моменти (y)
 
Значи за ова кученце правевме муабет пред некој ден :)
Џина е прекрасна :love: и ви посакувам многу среќни и весели моменти (y)
Да за тоа е,само има бааги крлежи,ама утре ќе одам до Автокоманда,ми кажаа што да купам,како да искористам,па ќе средиме брзо.
Имено за што станува збор:Тоа било некој раствор,се меша во вода,и се потопува целосно кучето во него,и се остава некој 1-2 часа да се исуши (главно заради човекот,да не фаќа отрови) и делува на тој начин што ги замаглшува крлежите,и многу лесно се вадат со рака. :)
 
Doc Holliday
Има повеќе видови на ампули што се раствараат во вода, али јас би ти препорачала Neostomosan.
Неостомосанот е ампула која што се раствара во 5 литри вода и кучето се натопува по целото тело (освен главата) и во рок од 15 минути сите крлежи и болви ќе умрат.
Едно маалско куче беше полно со крлежи и боли, и јас го земав кај мене дома и го натопив со Неостомосанот и за 15 минути испаднаа сите крлежи и болви мртви.
И после 48 часа од бањањето (нели за да се исуши целосно кожата) на кучето му ставив Фронтлајн ампула за да го заштитува од болви и крлежи во наредните 2-3 месеци.

Значи за моменало чистење на крлежи и болви Неостомосанот е одличен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom