1. Да, Бог, иако Е дух по природа, има свој дух: тоа е Духот Свет, Кој, согласно Симболот од верата, Кој „..дава живот....„ и Кој „..излегува од Отецот...„. т.е. Духот Свет е третиот лик од Света Троица.
2. Човекот има сложена природа: дух, душа и тело, за разлика до Бога, Кој има едноставна-духовна природа и ради таа едноставност, Бог Е неделив, за разлика од човекот, кој има делива природа (на пример. после смртта, духот се одвојува од телото).
Тоа што во наведениот стих стои дека човекот не е ништо друго освен тело, значи нешто сосема друго: од стихот, очигледно е дека „синовите Божји„ го земале „ќерките„ исклучиво заради нивната телесна убавина и „последиците„ кои следуваат од тој избор (а тоа се телесните похоти...), што значи дека „синовите Божји„ своето живеење го свеле исклучиво на телесно ниво‘, занемарувајќи ја својата духовност. Затоа, стихот, .т.е. Бог вели дека човекот станал ништо друго, освен тело. Казна Божја за тоа живеење „по тело„ е намалувањето на должината од човековиот живот.
3. Да, при создавањето, Бог истовремено/одеднаш го створи Адама, давајќи му душа на обликуваното материјално тело и со таа душа, Адам стана живо битие со сложена природа, која, се‘ до падот Адамов, беше една неделива целина.
--- надополнето: 10 мај 2012 во 10:50 ---