Ограда од 1.000.000 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Марк Зукенберг за Е! изјави дека својата нова вила која ќе ја купи со парите кои ќе ги заработи со излезот на Фејсбук на берза ќе ја украси со ограда од ни помалце ни повеќе туку 1 МИЛИОН евра!

Ах грешка...

Новата ограда на мостот кај „Холидеј Ин“ ќе ја платиме еден милион евра!

Да да...
 
wtf,шо зборуеш бе другарче ?
 
w8 wat? wot? wut? what?
 
Сакам кажам, незнам речам.
 
Можеш да ставиш линк во првата вест.

А што да се каже за ова, темава е за во ЧДА, не општи муабети
 
Еве бе браќа
ГРАД СКОПЈЕ СКЛУЧИ УШТЕ ЕДЕН ДОГОВОРОТ ОД ПРОЕКТОТ "СКОПЈЕ 2014"
Милион евра за оградата на мостот кај "Холидеј ин"
Околу еден милион евра ќе чини новата ограда за мостот кај "Холидеј ин". Град Скопје склучиле договор со група понудувачи: Рудници и железарница - Институт од Скопје и белградската леарница "Јеремиќ", кои за 1.140.000 евра треба да ја изработат и да ја монтираат заштитната ограда и да набават и да постават канделабри на мостот.
799B220406F0A647BE473F8F0EE741B4.jpg
Новата ограда на мостот кај "Холидеј ин" е двапати поскапа од онаа на мостот кај МАНУ, за која беа потрошени околу половина милиони евра, а чини трипати повеќе од оградата за мостот Гоце Делчев, за која беа одвоени 370.000 евра.
Од Град Скопје не објаснуваат зошто оградата на овој мост е двојно, односно тројно поскапа од останатите огради.
"Со склучениот договор е предвидено да се изведе втората фаза од реконструкцијата на мостот кај 'Холидеј ин'. Рудници и железарница - Институт и уметничката леарницата Јеремиќ треба за предвидената сума да изработат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мостот и да ги инсталираат", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Автор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Јанев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според проектот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури. (А.А.)

ФОТО:Б.Грданоски
 
Море мамата. Златни коњи, златен ангел, ограда милион евра, еден ден се надевам дека ќе ги видам сите во ред како свират клавир. И она малку што ни остана го зедоа, уште не заглавија во кредити кои треба да ги плаќаме со генерации за тие да живеат ко богови. Социјален протест треба да се направи во оваа држава. Поминати се сите можни граници.
 
Чекај сега математика

Ако е тој мост што мислам ... тогаш се работи за 85 метри должина.

85 + 85 = 170м

1.000.000 / 170 = 5882 евра

1м ограда = 5882 евра
 
Во време на невработеност, сиромаштија, економска мизерија, Владата се однесува крајно неодговорно и ги троши парите на граѓаните за „златни коњи“, огради, аква паркови, бродови и панорамски тркала, жални врби, обвинија од опозициската СДСМ. Тие апелираат до во владата разумно да се однесува со ребалансот на буџетот, а кратењето во најголем дел да го направи од непотребните и непродуктивните трошоци.

- Новата ограда на мостот кај „Холидеј Ин“ ќе ја платиме еден милион евра! Повеќе од еден милион евра чини и споменикот на „Паднатите херои“ во Жена Парк, препознатлив по оние „златни коњи“. Наместо да скрати од овие непродуктивни цели, Владата им го ускратува основното право на квалитетни здравствени услуги на сопствените граѓани – порача Менде Диневски, пратеник од СДСМ.

Според него, лажна е дилемата која власта ја промовира во јавноста, дека буџетот се состои од два сегмента.

- Плати, пензии и други социјални трансфери од една страна и капитални инвестиции од друга страна. Па, за да го зачува едното, мора многу да се крати од второво. Постои и трето купче, кое власта упорно го крие, а и служи за да проба да го спаси својот рејтинг. Сите овие златни огради, коњи, фасади, тркала, но и реклами се средства кои се влечат од третото купче – тврди Диневски.
 
Еве бе браќа
ГРАД СКОПЈЕ СКЛУЧИ УШТЕ ЕДЕН ДОГОВОРОТ ОД ПРОЕКТОТ "СКОПЈЕ 2014"
Милион евра за оградата на мостот кај "Холидеј ин"
Околу еден милион евра ќе чини новата ограда за мостот кај "Холидеј ин". Град Скопје склучиле договор со група понудувачи: Рудници и железарница - Институт од Скопје и белградската леарница "Јеремиќ", кои за 1.140.000 евра треба да ја изработат и да ја монтираат заштитната ограда и да набават и да постават канделабри на мостот.
799B220406F0A647BE473F8F0EE741B4.jpg
Новата ограда на мостот кај "Холидеј ин" е двапати поскапа од онаа на мостот кај МАНУ, за која беа потрошени околу половина милиони евра, а чини трипати повеќе од оградата за мостот Гоце Делчев, за која беа одвоени 370.000 евра.
Од Град Скопје не објаснуваат зошто оградата на овој мост е двојно, односно тројно поскапа од останатите огради.
"Со склучениот договор е предвидено да се изведе втората фаза од реконструкцијата на мостот кај 'Холидеј ин'. Рудници и железарница - Институт и уметничката леарницата Јеремиќ треба за предвидената сума да изработат леана метална стилско-декоративна ограда и осветлување на мостот и да ги инсталираат", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Автор на идејното решение за новиот изглед на мостот е Константин Јанев, кој е автор и на двата лава на мостот Гоце Делчев. Според проектот, на оградата ќе бидат изведени слики и мотиви од нашето културно наследство. На овој мост нема да има грандиозни скулптури. (А.А.)
ФОТО:Б.Грданоски

:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom