БЈАНКОНЕРИ КАКО СТЕ!?
Не ми е јасно како можевте тука да пишувате од толку многу еуфорија, ја неможев да отворам форум, пиев пиво, славев, пресреќен бев, најмногу на свет и уште сум. Еве денес стигнав да напишам нешто.
Најпрво нека ни е честито титулата, милсам дека беше презаслужено, еден тим да нема пораз цело првенство ( а се враќаме од 7мо место минатата година) е фантастично. Фала ти Конте за се, фала ви на сите играчи што играат за Јувентус, што се дале без разлика кој колку играл. Неможам да кажам фала на Интер - Зошто? Зошто не зависевме од нив, нека не се фурат нивните фанови што ни направиле услуга, и без тоа Аталанта ке ја разделиме на парчиња.
Едвај го чекам моментот кога Дел Пиеро ке го крене пехарот, ке има уште многу славење, долго чекавме а и долго ке славиме, цела вечер од кога се знаеше шампионот бев нажен и не ми се веруваше дека Јувентус го осви скудето, во Недела сигурно ке поверувам.
Секоја чест уште еднаш, на сите играчи а и на тренер, управа и се.
Пирло, се гледа дека е човек со многу чувства знае да го чувствува фудбалот едноставно знае се, најдобар!!
Кога сум тука да го честитам роденденот и на Барзаљи, неможам да коментирам за него , се се знае.
Сега ни остана уште 2 натпревари кои мораме да ги изиграме исто така на високо ниво. Се надевам дека ке го победиме и Наполи во купот и дека Алекс ке го подигне и овој пехар, па заслуживме!
Има организација во Струмица да се славиме сите заедно? =)
УЖИВАЈТЕ БЈАНКОНЕРИ, УЖИВАЈТЕ ВО СЕТО ОВА РАДУВАЈТЕ СЕ,, И СИТЕ ВО НЕДЕЛА ДА СЛАВИМЕ!!