Македонски групи организираат контра протести на албанските
Покрај протестот против акцијата Монструм кој се најавува од припадници на албанската муслиманска заедница во Македонија и кој е закажан за в петок се огласија и македонски групи кои повикуваат на контра протести пред владата.
Според најавите од плакатите објавени на социјалните мрежи протестот против акцијата Монструм треба да започне по петочната молитва во седум македонски градови каде што живеат значителен број на Албанци, а контра протестот дел од групите првично го закажаа во петок во исто време, но денеска го променија терминот за во сабота во 13 часот. Организаторите и на македонските протести се непознати. Тие најавуваат дека протестот ќе биде со барање за спречување на ширењето на радикалниот ислам во Македонија и ги повикаа сите учесници да не прават никакви инциденти.