Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Што за што, ама ланските беа нај нај, пижамиве ќе ги прескокнам, па од следната сезона здравје пак ќе порачуваме.. :)
Ланските беа лудило. Моменталниве не дека се лоши, ама онаа црно-белата линија околу врат воопшто не ми се свиѓа. А за идниве дресови :noze:
Изледа минативе сезони побарувачката на дресови била огромна, така што ова им е паметен потег како тоа да го успорат :D
No comment :cenzura:
 
Најк дефинитивно разочараa, сфаќам да се направи чест на Ферги заслужил, ама дефинитивно можеле да направат подобар дизајн. Јас дигам раце од новиот дрес, не би го земал искрено, освен ако на втор поглед ми се смени впечатокот, што се сомневам. Ми се допаѓа само што нема некои фенси додатоци, целосно црвен со различна боја на крагњата.
Не било за фергусон ова види на фб страната сликите, посветен е на работничката класа, на железничарите затоа што тие го формирале клубов. Ама пак бе, сигурна сум дека можеа на поинаков начин да им оддадат чест на луѓето, да се распрашаа по мештаните...
А дека ќе ги баталиме Најк малце морген за мене зошто се спрема договор вреден 480 милиони за наредни 10 години. David Gill likes this.
 
Овој пак некако се јаде, ама гостинскиот...:facepalm:

525812_401711793202163_135649233141755_1204097_456766713_n.jpg

Иксрено од моја страна,значи најмалку имам намера да испровоцирам во темава,ама овој дрес ми личи на мушама.

Еден од најгрдите дресови на Манчестер Јунајтед,ако не и најгрд.
 
Иксрено од моја страна,значи најмалку имам намера да испровоцирам во темава,ама овој дрес ми личи на мушама.

Еден од најгрдите дресови на Манчестер Јунајтед,ако не и најгрд.
Какво провоцирање зарем има некој шо не се согласува? Седи кафе ќе вариме :D
 
Иксрено од моја страна,значи најмалку имам намера да испровоцирам во темава,ама овој дрес ми личи на мушама.

Еден од најгрдите дресови на Манчестер Јунајтед,ако не и најгрд.
мене повеќе на пижама ми личи :)
 
Искрен да бидам доколку не го видам како стои на некој играч дресот не би коментирал...Кога го гледав прво тој со крагната бела што беше лани ми изгледаше доста лошо, ама кога видов како стои на играчите ми стана еден од најубавите...
 
Гајле ми е каков е дресот, ако има успеси со него... Сепак тоа се фудбалери, а не манекени на модна писта. Сеа ќе речете имиџ мимиџ, али тоа не е најбитното, мислам...
 
Не било за фергусон ова види на фб страната сликите, посветен е на работничката класа, на железничарите затоа што тие го формирале клубов. Ама пак бе, сигурна сум дека можеа на поинаков начин да им оддадат чест на луѓето, да се распрашаа по мештаните...

Така е, ама од тој период се до 1902 година сме играле во златно-жолта комбинација ама со LUHG кампањата тоа не доаѓа во предвид сега. Од 1902 кога клубот го презел Џон Дејвис и од тогаш па навака доминантна е црвената боја, со ретки V детали како тие пред две сезони само не со таа боја. Најверојатно со чекираното се артикулира некоја локална традиција поврзана со самите почетоци на клубот, што според мене е добра замисла, ама малку лошо реализирана, сепак да не избрзуваме, можда ќе ни се допаднат како ќе стојат на играчите, на крај краева битно да имаме успех со нив.

П.С. за мене средно кафе :coffee:
 
Какво провоцирање зарем има некој шо не се согласува? Седи кафе ќе вариме :D

Да не ме сфати некој погрешно,да си пишам за секој случај.да не има после мајки шајки :D
 
Замислете тројна со ваков дрес да освоиме по некоја веројатност, глетката ќе ги прогонува и нашите внуци по јутјуб клипови.
 
Може за мене вода место каВе?
Назад на тема.
Замислете ова сварно да ни беше гостинскиот дрес за нареднава сезона :love:

F76Q1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom