Еве ме и мене да се јавам:
10. „Природен роман“ - Г еорги Господинов. Го читав на хрватски заради споредба на преводите. Се мешаат перспективите, нараторите, аворот е лик, ликот е автор, имињата им се исти, ама и судбините, ама и не баш, Бугарија во деведесттите сиромашна, ама полнокрна, полн со живот,малку поинаков, малку ист,...и се тоа убаво спакувано. Го има во издание на „Темплум“ во одличен превод на Никола Маџиров, а на кој не му е проблем, еве го овде на бугарски.
http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=28&WorkID=310&Level=1
11. „Зошто Французинките не се дебелат“ од Mirelle Gulliano
Авторка е Французинка која добива едногодиншна стипендија во Америка исе враќа здебелена. Интересно е да се спореди животот и наvиките на Американките и на Французинките. Нејзиниот рецепт за намалување на тежината не е ригорозна диета, (напротив, во храната треба да се ужива), туку качување по скали, редовно одење на пазар по здрави намирници (пешки), запишување на оброците, за да се види што се внесува премногу и каде може да се намали. Малку е проамерикански напишана (нормално, жената живее во Америка и книгата е пишувана за маериканскиот пазар), па се чита за еден ден.
12. „Чудните авантури на Кавалиер и Клеј“ од Мајкл Чабон.
Јунакот
Ескапист е заштитник на слабите и угнетените и е дело на двајцата братучеди кои живеат во еврејскиот кварт во Њујорк. Авторот е вистниски виртуоз, ког ауспева од таква тривијална тема да направи толку добар роман. Добитник е на „Пулицеровата награда“ 2001.
13. "Računaj na mene" Jorge Bucay.
Од овој автор ми се допадна книгата „ Ќе ти раскажам приказна“, а оваа е така, не е лоша. Книгата е муабет меѓу психотерапевтот и неговиот пациент. Ама овој психијатар не му дава лекови и не го прашува за тоа дали бил сведок на сексуален однос на родителите, туку на секој проблем на Демијан (така се вика пациентот), му раксажува некоја зен прикаска.
14. „Неподнослива леснотија на постоењето„ од Кундера. Нема да кажам ништо- греота е да нес е прочита такв книга.
15. „Сеќавање на моите тажни курви“ од Г.Г: Маркес. Книгаата е мала, а ма ме измачи. Маркес и јас никако не можеме да се разбереме. Ако 2012 не биде крај на светот, тогаш, 2014 ќе земам некоја друга книга од него. Не ветувам дека ќе ја прочитам.
16.„Демони “ од Достоевски. Ова е , како што пишува во поговорот, „најдостоевскиот“ роман на Фјодор Михајлович. Совет до оние што ќе го читаат, да прогугалаат малку за првичната намера на овој роман (муабетот на Достоевски со Тургењев). Ликовите се маестрално доловени, особено Ставрогин!
Имам уште, ама друг ден ќе пишувам.
--- надополнето: 18 мај 2012 во 01:42 ---
Не може. Не сакам аудио книги, ама на јутјуб го слушам Роберт Адамс додека готвам. Тоа не е читање. Молим!