Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ех зошто? Со првата реченица си го дал одговорот.. Ставот на христијанството е дека се што е надвор од христијанството учење е дело на рогатиот. Исто е и со исламот. барем нека се спојат во една религија :P
Ако се спојат тогаш кој ке им биде следниот непријател. И двете религии опстојуваат благодарејки на непријателите :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако се спојат тогаш кој ке им биде следниот непријател.
Јас и Ти, Мики76, Дибек, Ипси.....Атеистите, разбира се.:P
И двете религии опстојуваат благодарејки на непријателите :)
Е тука грешиш. Опстојуваат од ѓаоловата работа, парите.....:cuc:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ставот на верата е јасен и нема поента тоа да се дискутира..
Ако кон Бога приошаме со страв, тогаш тоа мора да е некој бог-тиранин.
Ако кон Бога приоѓаме со страво-почит, тогаш Му приоѓаме личносно.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 11:53 ---
Но зошто викаш дека стојат позади нив мрачни сили. Зарем некое од тие учења или вештини пропагира војна, смрт за тие што не го следат или слично или пак учат на воздражаност, простување, мир итн..
Силите се мрачни, затоа што тоа може лесно да се види по последиците кои ги дава живеењето по тие азијатски философии и борбени вештини. Што е добро, ако јас се оспособам да убивам со голи раце? Што е добро, ако смислата на моето живеење е ништавилото?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 11:57 ---
Понатаму зошто викаш човекот не е створен да постигнува вакви нешта ако се ни е дадено од бога тогаш и сме створени зада постигнуваме вакви нешта само што со текот на времето и верската пропагандата сме заборавиле ние на западот како.
- Човекот е створен по „образ Божји и подобие„ а не за да биде машина за убивање и да живее за да се „спои„ со „нешто„ кое е безлично и бесмислено.
- Се‘ е дадено или допуштено од Бога, но се‘ не ми/ни‘ е корисно.
- Со текот на времето, православната Црква не го заборава изворното учење, кое го наследуваме уште од Апостолите. Западот забега во секуларност, која непрекидно расте и со тоа, Западот отпадна од Вистината.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ако кон Бога приошаме со страв, тогаш тоа мора да е некој бог-тиранин.
Ако кон Бога приоѓаме со страво-почит, тогаш Му приоѓаме личносно.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 11:53 ---


Силите се мрачни, затоа што тоа може лесно да се види по последиците кои ги дава живеењето по тие азијатски философии и борбени вештини. Што е добро, ако јас се оспособам да убивам со голи раце? Што е добро, ако смислата на моето живеење е ништавилото?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 11:57 ---


- Човекот е створен по „образ Божји и подобие„ а не за да биде машина за убивање и да живее за да се „спои„ со „нешто„ кое е безлично и бесмислено.
- Се‘ е дадено или допуштено од Бога, но се‘ не ми/ни‘ е корисно.
- Со текот на времето, православната Црква не го заборава изворното учење, кое го наследуваме уште од Апостолите. Западот забега во секуларност, која непрекидно расте и со тоа, Западот отпадна од Вистината.

Не постои разлика кога кон некого приогаш Страв или ставо-почит затоа што емоцијата кај човекот обично преовладува над логиката (освен ако не си тренирал некоја боречка вештина при што се учи како да се контролираат емоциите ;)) , а стравот е емоција.

Тоа што можеш да направиш нешто не значи дека и е морално дозволено. На форумов има многу луге кои тренираат или тренирале боречки вештини и сите ке ти потврдат дека надвор од тренинг или наптреварување не се степале ниту еднаш освен кога биле вистински загрозени и дури и тогаш внимавале до кој степен ке одат те само да го онеспособат противникот а не и да го повредат сериозно.

Ако не "забегавме" во секуларност сеуште ке имаше спалувања на клада на плоштад и ке живеевме во средниот век кој уште се нарекува и ? ?.
А изгледа и имаш селективно и краткотрајно памтење какви се убиства и прогони правела црквата. А за споредба кажи ми какви прогони правеле тн демонски источни учења.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не постои разлика кога кон некого приогаш Страв или ставо-почит затоа што емоцијата кај човекот обично преовладува над логиката (освен ако не си тренирал некоја боречка вештина при што се учи како да се контролираат емоциите ;)) , а стравот е емоција.
За неверните, тешко е да се разликува духовноста од душевноста...
--- надополнето: 8 мај 2012 во 13:27 ---
Тоа што можеш да направиш нешто не значи дека и е морално дозволено. На форумов има многу луге кои тренираат или тренирале боречки вештини и сите ке ти потврдат дека надвор од тренинг или наптреварување не се степале ниту еднаш освен кога биле вистински загрозени и дури и тогаш внимавале до кој степен ке одат те само да го онеспособат противникот а не и да го повредат сериозно.
.
Овој дел од постов, Ти е скроз апсурден. Ако некој не се степан надвор од тренинг, за кој *** тренира боречки вештини? За да ги чува во витрина или во ѕидна рамка?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 13:34 ---
Ако не "забегавме" во секуларност сеуште ке имаше спалувања на клада на плоштад и ке живеевме во средниот век кој уште се нарекува и ? ?.
А изгледа и имаш селективно и краткотрајно памтење какви се убиства и прогони правела црквата. А за споредба кажи ми какви прогони правеле тн демонски источни учења.
Ако не живеевме во средниот век, ќе живевме во некој друг век, кој ќе имаше друго име.

Спалувањето на клада не било секојдневна појава, онака како Ти ( и сличните на Тебе..) тоа го замислуваат, поучени од предрасудите од световната историја.

Црквата (која!?) го чинела она кое била/е должна да го чини или она кое била/е принудена да го чини, за да го запре напредувањето на злото.

Источните демонски учења, чинеле и се‘уште чинат зло, така што ги замајуваат пред се‘ своите членови, а во нашето време, со омасовувањето на медиумите и идолатријата, тие учења незапирлови се шират по Светов, најчесто кај „најнапредните„ и „најпрогресивните „ денешни народи. Примери за тоа се будизмот и хиндуизмот, кои, иако не се експанзионистички философии, сепак се омасовуваат на претходно наведените начини.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Овој дел од постов, Ти е скроз апсурден. Ако некој не се степан надвор од тренинг, за кој *** тренира боречки вештини? За да ги чува во витрина или во ѕидна рамка?
Очигледно имаш погрешна престава за боречките вештини.
Еве на пример јас тренирам Винг Чунг Кунг Фу.
Што би докажал ако се степам со некого на улица кој би можел да му скршам ребро со еден удар. Сигурно не би покажал колку сум јак, бидејки за да видиш до кој сстепен си се развил треба секогаш да избираш противници кои се на твое ниво или повисоко. Ваквата постапка е чиста глупост.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Токму тоа и го велам: ако Ти тренираш боречки вештини, ако јас тренирам боречки вештини, а тие вештини не служат за да се потепаме меѓусебно, туку служат, ѓоамити, за да се браниме еден од друг, која е логиката за нивно увежбување?

За Црквата, спорни се многу точки во тие вештини, како на пример: чинењето поклони (кому и зашто вежбачите се поклонуваат?), упатувањето молитви (кому у зашто се молат?), чинењето гестови и извици при задавањето удари (од каде доаѓа таа неприродна/пресилна енергија кај вежбачите?) и слично...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ако не живеевме во средниот век, ќе живевме во некој друг век, кој ќе имаше друго име.

Спалувањето на клада не било секојдневна појава, онака како Ти ( и сличните на Тебе..) тоа го замислуваат, поучени од предрасудите од световната историја.

Црквата (која!?) го чинела она кое била/е должна да го чини или она кое била/е принудена да го чини, за да го запре напредувањето на злото.

Источните демонски учења, чинеле и се‘уште чинат зло, така што ги замајуваат пред се‘ своите членови, а во нашето време, со омасовувањето на медиумите и идолатријата, тие учења незапирлови се шират по Светов, најчесто кај „најнапредните„ и „најпрогресивните „ денешни народи. Примери за тоа се будизмот и хиндуизмот, кои, иако не се експанзионистички философии, сепак се омасовуваат на претходно наведените начини.
Убаво е да живееш во илузија.

За болдот се согласувам бидејки за да можеш да ги сватиш тие учења сепак е потребен повисок степен на ментална еволуција.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Убаво е да живееш во илузија.
.
Не би рекол: живеењето во илузија е само обично самозалажување и творење погрешна слика и за себе и за објективната реалност.

Но, ако под „илузија„ ја сметаш вероисповеста, тогаш и јас би можел да кажам дека Твојата определба е обична илузија. И сега: кој од нас е во право, т.е. чија илузија е поилузонистичка?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 14:21 ---
За болдот се согласувам бидејки за да можеш да ги сватиш тие учења сепак е потребен повисок степен на ментална еволуција.
Еве, како во претходниот мој пост, и јас можам да кажам дека, за да може поединецот да ја прими и прифати верата, потребно е поинакво расположение на неговиот дух, а не само просто битисување на физичко и емотивно ниво‘.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Токму тоа и го велам: ако Ти тренираш боречки вештини, ако јас тренирам боречки вештини, а тие вештини не служат за да се потепаме меѓусебно, туку служат, ѓоамити, за да се браниме еден од друг, која е логиката за нивно увежбување?

За Црквата, спорни се многу точки во тие вештини, како на пример: чинењето поклони (кому и зашто вежбачите се поклонуваат?), упатувањето молитви (кому у зашто се молат?), чинењето гестови и извици при задавањето удари (од каде доаѓа таа неприродна/пресилна енергија кај вежбачите?) и слично...
За првиот дел.
Повторно не читаш што пишувам.

За вториот дел.
кому и зашто вежбачите се поклонуваат?
Со поклонувањето се изразува почит кон противникот.

кому у зашто се молат?
Молитви во одредена форма постојат но не во концепт како во монотеистичките религии. Имено со молитвите не се бара решавање на некој проблем или дирекна интервенција од некоја супериорна форма на живот туку конкретно во Будизмот се бара дел од мудроста на Буда за како сам да го решиш проблемот. Додека во Тоизмот и Зенот молитвитесе само друг начин на медитација.

чинењето гестови и извици при задавањето удари (од каде доаѓа таа неприродна/пресилна енергија кај вежбачите?)
Како што пишав за челичнта кошула. Сите боречки вештини посебно Кинеските и Јапонските ја следат филозофијата на постоење на Чи (Ки). Е сега главната Чи точка те резервоарот на Чи се наога два прста над папокот и три навнатре (иначе тоа е точката каде се дели главната артерија која ја носи крвта во нозете) се нарекува Дантијен. Искористуванјето на таа енергија е полесно доколку се испуштаат звуци како викање поради стегањето на дијафрагмата.
Ова всушност е објаснето со концептот на Јинг и Јанг
--- надополнето: 8 мај 2012 во 14:59 ---
Не би рекол: живеењето во илузија е само обично самозалажување и творење погрешна слика и за себе и за објективната реалност.

Но, ако под „илузија„ ја сметаш вероисповеста, тогаш и јас би можел да кажам дека Твојата определба е обична илузија. И сега: кој од нас е во право, т.е. чија илузија е поилузонистичка?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 14:21 ---


Еве, како во претходниот мој пост, и јас можам да кажам дека, за да може поединецот да ја прими и прифати верата, потребно е поинакво расположение на неговиот дух, а не само просто битисување на физичко и емотивно ниво‘.
За првиот дел се согласувам.

За вториот и третиот дел.
Точно можеш се да кажеш но сепак јас тоа што го пишав можам дел и практично да го демонстрирам а дали можеш ти истото да го направиш.
Или еве вака да направиме јас ке демонстрирам на тебе удар од еден инч (2,5см) а ти со твојата верба обиди се стоејки мирно пред мене да го примиш ударот во телото (плексус) без последици па одма ке утврдиме кој е у право.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За вториот дел.
кому и зашто вежбачите се поклонуваат?
Со поклонувањето се изразува почит кон противникот.
Тоа е вообичаениот одговор., т.е изговор.
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:25 ---
кому у зашто се молат?
Молитви во одредена форма постојат но не во концепт како во монотеистичките религии. Имено со молитвите не се бара решавање на некој проблем или дирекна интервенција од некоја супериорна форма на живот туку конкретно во Будизмот се бара дел од мудроста на Буда за како сам да го решиш проблемот. Додека во Тоизмот и Зенот молитвитесе само друг начин на медитација.
Болтуваното е школски пример за идолопоклонство.

И кога му се обраќаш на Буда, каков одговор добиваш?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:27 ---
чинењето гестови и извици при задавањето удари (од каде доаѓа таа неприродна/пресилна енергија кај вежбачите?)
Како што пишав за челичнта кошула. Сите боречки вештини посебно Кинеските и Јапонските ја следат филозофијата на постоење на Чи (Ки). Е сега главната Чи точка те резервоарот на Чи се наога два прста над папокот и три навнатре (иначе тоа е точката каде се дели главната артерија која ја носи крвта во нозете) се нарекува Дантијен. Искористуванјето на таа енергија е полесно доколку се испуштаат звуци како викање поради стегањето на дијафрагмата.
Ова всушност е објаснето со концептот на Јинг и Јанг
И од каде доаѓа таа енергија? Сама од себе, туку-така, или има свој „генератор„?
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:28 ---
Точно можеш се да кажеш но сепак јас тоа што го пишав можам дел и практично да го демонстрирам а дали можеш ти истото да го направиш.

Зависи што очекуваш од мене: да го претворам оловото во злато или нешто слично?...
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:30 ---
Или еве вака да направиме јас ке демонстрирам на тебе удар од еден инч (2,5см) а ти со твојата верба обиди се стоејки мирно пред мене да го примиш ударот во телото (плексус) без последици па одма ке утврдиме кој е у право.
Чекај, полека...

Нели рече дека боречките вештини служат за самоодбрана. Така, јас се‘уште не сум Те нападнал, а Ти веќе сакаш да ме претепаш?...

И конечно, каква е врската меѓу верата во Бога и насилието од азијатските боречки вештини?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И конечно, каква е врската меѓу верата во Бога и насилието од азијатските боречки вештини?
Мики зборуваш за нешто што не го познаваш. Повеќе насилие има на фудбалски натпревар отколку во тие боречки вештини.
И од каде доаѓа таа енергија? Сама од себе, туку-така, или има свој „генератор„?
Да има. Во секој човек има.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики зборуваш за нешто што не го познаваш.
Не би рекол: ако лично не познавам одредена работа, тука е Црквата, преку која дознавам се‘ што ми треба...
--- надополнето: 8 мај 2012 во 15:54 ---
Да има. Во секој човек има.
Еве, јас ја немам...И сега, што правиме?
Дали Ти ја имаш, од кај знајш дека ја имаш и за што ја користиш?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не би рекол: ако лично не познавам одредена работа, тука е Црквата, преку која дознавам се‘ што ми треба...
Да да, секако Црквата и за Fourplay ти кажа, знам
Еве, јас ја немам...И сега, што правиме?
Дали Ти ја имаш, од кај знајш дека ја имаш и за што ја користиш?
Од кај знаеш дека немаш? Си пробал? Јас тврдам дека имаш.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да да, секако Црквата и за Fourplay ти кажа, знам
.
Ги заборави шизиците од Spyro Gyra...
--- надополнето: 8 мај 2012 во 16:02 ---
Од кај знаеш дека немаш? Си пробал? Јас тврдам дека имаш.
Моите енергии ги знам и ги користам за она за кои се створени.
Така, јас велам дека немам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom