Емирот од Катар ќе инвестира половина милијарда евра во Македонија?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Доволно е само една рафинерија да направат и да ги скинат гнидите грчки,ништо друго немора.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Доволно е само една рафинерија да направат и да ги скинат гнидите грчки,ништо друго немора.
А како ке ти достава таа нафта за рафинериjaта?Преко воздох?
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Што зборувате бе луѓе? Жедниот емир да не ни ја пија нашата безецента вода!
Па добро бе мајко му стара кога одиш во супер маркет имаш добра,горска,роса,ладна и не знам ти каква вода! Зошто не земиш да протестираш на улица за експлотација на безценетата ни вода??? Емирот не ќе ја носи водата во Катар. Нафтата не се исплаќа да ја носиме од таму туку од Русија ја купуваме а камоли водата која вреди толку малку.
Не е водата безценета, туку само неопходна а ја има во изобилство и нејзина експлотација е најпозитивно нешто за нас.

И крајно да ја извезува водата добро би ни дошло да закрпиме некоја дупка во тој трговскиот биланс а не да чекаме на браќата да ни праќаат франци од Швицарска.

И уште нешто.. Побрзо би му го дал Вардар на Емирот да го молзи одколку да му го полни морето на јужниве соседи!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541

Ако е Вардар твој, слободно дај му го на емирот да го молзи отколку да го полни морето на нашите јужни соседи, кои патем ние ги оставаме да го чистат Вардар на нивна територија, бидејќи на наша територија го оставаме Вардар да се загадува и да биде извор на зараза.

Нафтата е енергенс за машините, а водата е енергенс за луѓето, животните и растенијата, човекот не се храни со машини, туку со овошје, зеленчук и ако не е вегетаријанец, и со месо.

И додека ти кукаш за катарската нафта на емирот, на некои луѓе, како мене на пример, водата ни е подрагоцена отколку нафтата.

Уште кон крајот на Втората Светска Војна, Нацистичка Германија користела синтетичко гориво за своите воени цели откако СССР ја окупирал Фашистичка Романија, која до тогаш била еден од главните извори на нафта за Нацистичка Германија.

Денес синтетичките горива се 10 пати, па и повеќе пати поквалитетни во споредба со нивниот квалитет од пред 70 години кога се одвивала Втората Светска Војна, но како што гледаш, се форсираат фосилните горива, иако повеќе од јасно е дека веќе подолг временски период постојат алтернативни енергетски извори - хибридни возила, електрични возила (кои патем веќе се возат во Израел, Германија и ред други држави), ама кога се дебели пари во прашање, и кога дебели нафтени конгломерати заедно здружени се борат против алтернативните енергетски извори, резултатот ти е денешниот - се форсираат фосилните горива, а нивните цени секојдневно рушат нови рекорди во поскапување.

Кога веќе спомнуваш за експлоатација на водата во Македонија за профит - Горска, Добра, Роса, Ладна и други, тоа е веќе друга работа, како што ти велиш, ти попрво би му го дал Вардар на емирот од Катар, отколку на нашите јужни соседи, па така и јас попрво би им дал на домашните профитери да профитираат од експлоатацијата на македонските води, отколку странски профитери да профитираат од истата таа експлоатација.

А ако слабо стоиш на финансиски план, не чекај браќата да ти праќаат франци од Швицарска, спакувај се и оди лично таму да си ги заработиш франците, економијата од секогаш била и сеуште е најкористеното оправдание за најголемите глупости кои политичарите и банкарите ги имаат направено во историјата на човештвото, барем во изминативе 100 години (Светската економска криза од 1929 и Големата депресија што следувала после нејзе, доаѓањето на Адолф Хитлер и нацистите на власт во Германија во 1933, Светската економска криза од 2008, па и денешните глупости кои ги прават евробирократите со тоа што фрлаат пари за да ги хранат гејците, додека гејците си ги прчат и им се потсмеваат на европските даночни обврзници затоа што ги хранат), па ако и ти ја оправдуваш експлоатацијата на македонските води за да се наполнат џебовите на странските профитери само затоа што македонската економија била за никаде, повеќе од јасно е дека не гледаш подалеку од носот, затоа спакувај се уште сега и фаќај џаде за Швицарска или било каде, за да не ја трпиш денешнава тешка економска и социјална состојба во Македонија.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Што зборувате бе луѓе? Жедниот емир да не ни ја пија нашата безецента вода!
Па добро бе мајко му стара кога одиш во супер маркет имаш добра,горска,роса,ладна и не знам ти каква вода! Зошто не земиш да протестираш на улица за експлотација на безценетата ни вода??? Емирот не ќе ја носи водата во Катар. Нафтата не се исплаќа да ја носиме од таму туку од Русија ја купуваме а камоли водата која вреди толку малку.
Не е водата безценета, туку само неопходна а ја има во изобилство и нејзина експлотација е најпозитивно нешто за нас.

И крајно да ја извезува водата добро би ни дошло да закрпиме некоја дупка во тој трговскиот биланс а не да чекаме на браќата да ни праќаат франци од Швицарска.

И уште нешто.. Побрзо би му го дал Вардар на Емирот да го молзи одколку да му го полни морето на јужниве соседи!
хмммм...КОГА НИЕ БИ ЈА ИЗВЕЗУВАЛЕ..., но немој да мислиш дека емирот е будала, тој ќе плати некаква концесија, ќе со направи полнилница и ќе си тера бизнис.И ќе ти забрани да ја пиеш таа вода наредните 50 години.... Македонија може да се надева само на платите на малкуте вработени, патарините и илузијата да само ДОПИШЕ нешто на бројката ИЗВОЗ...:)
...да не спомнувам што вода од канализациониот колектор наречен Вардар, ама ич нема намера да полни или молзе како што викаш...:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Не бидејќи Фокус е нешто веродостоен извор на информации, туку бидејќи се надевам дека ова е вистина, му посакувам среќа на емирот во Грција и се надевам дека ќе им ја купи нивната вода, и онака како речиси банкротирана држава, ЕУ и ММФ во повеќе наврати ги имаат повикано гејците да ги продадат патиштата, железницата, аеродромите, пристаништата, поштата и водата за да соберат пари за да платат барем дел од своите долгови.

Дефинитивно емирот ќе си тера поисплатлив бизнис во Грција отколку во Македонија, многу полесно е да се купува имот, фабрики и ресурси во речиси банкротирани држави отколку во држави кои се во развој и сепак имаат некаков економски раст.

Од се срце му посакувам среќа на емирот во Грција и се надевам дека нема да дојде во Македонија, вообичаено во целост поддржувам било какви капитални странски инвестиции, но кога станува збор за ресурс не само од општо народен, туку и од основен човечки интерес, како што е водата, воопшто не сакам било какви приватни инвеститори кои планираат да инвестираат во таа област, без разлика дали се домашни или странски инвеститори.

http://www.zdravo.com.mk/dnk-potfrli-mvr-nema-nikakva-traga/

ДНК потфрли, МВР нема никаква трага!

четврток 19 април, 2012 во 21:55

Во утрешниот дневен “Фoкус” ќе прочитате:

...

Катарскиот Емир не изневери: Кај нас на гости иде, од Грција острови купува!

Утре и ТВ прилог

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Катарски туроператори во Македонија

Со цел унапредување на туристичката соработка меѓу Катар и Македонија, а по повод доаѓањето на катарски туроператори, во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи работен состанок со катарски и македонски туроператори, туристички агенции и хотели.
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, организира состанок на кој ќе бидат презентирани најголемите туристички агенции и туроператори од Катар и туристичките можности на Република Македонија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/katarski-turoperatori-vo-makedonija
Се утепаа од шетање, и овие и нашиве. Иди ми, дојди ми...
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

I treba da dodades i nisto ne otvorija samo rabotni ruceci im davaat ovie nasive a Katarcite nemaat aber od investicii
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
I treba da dodades i nisto ne otvorija samo rabotni ruceci im davaat ovie nasive a Katarcite nemaat aber od investicii
За инвестиции ќе видиме, а за ручеците грешиш, и нашиве им вратија, им беа 2-3пати мислам и тоа во убава бројка:D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Дај Боже нивните интереси да се сведат само на прошетки, јадења и приеми, а истовремено на ниту една инвестиција во Македонија од било која арапска држава, воопшто не ни требаат инвестиции од теократски држави.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Што „ловат“ 13 катарски бизнисмени четири дена во Македонија?!

Катарска бизнис-делегација веќе два дена ги „скенира“ енергетските, рудните, туристичките и земјоделските потенцијали на Македонија. „Капитал“ дознава дека дел од катарските бизнисмени вчера неколку часа се распрашувале за можностите да го докапитализираат ЕЛЕМ. Вчерашните технички состаноци денеска се претвораат во „прошетка“ на терен
Отворање бензински пумпи и производни прехранбени фабрики, воспоставување директна авиолинија Доха-Скопје и инвестиции во недвижности, туризам, рударство, земјоделство и во енергетика планираат директорите, советниците и инженерите од осумте најголеми и најуспешни катарски компании, кои веќе два дена се во официјална посета на Македонија. Претставниците на Qatar Investment Holding и на државната енергетска компанија Qatar Electricity and Water Company вчера неколку часа го распрашувале генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, за деталите за докапитализација на компанијата, дознава „Капитал“. Катарските бизнисмени се интересирале дали и како може да инвестираат во гасификацијата, гасни електрани и во термо и хидроцентрали.
На вчерашните, повеќе технички состаноци, директорите и експертите од градежната компанија Qatar Diar, од нафтената Qatar Petroleum и од Qatar fuel Woqod, од државната авиокомпанија Qatar Airways и од прехранбената компанија Qatar Hassad food ги прими директорот на Дирекцијата за технолошки развојни индустриски зони, Виктор Мизо, кој е и координатор на активностите на катарската делегација во земјава, заедно со амбасадорот на Катар во Рим, од каде што овој емират засега ја покрива Македонија.
„Бројната делегација од Катар од денеска ќе оди на терен за конкретно да се запознаат со проектите. Ќе посетат локации за бензински пумпи, фабрика за прехранбени производи и ќе ги посетат локаците кои Владата ги предвидува за туристички зони, за проектот „Сончев град“ и за станбена населба кај касарната Илинден. Очекувам по завршувањето на официјалната посета, која трае до четврток, да има и реализација на конкретни проекти“, вели Мизо.
Според информаците на „Капитал“, бизнисмените од Катар денеска најверојатно ќе се сретнат и со премиерот Никола Груевски. Во зависност од видот на инвестицијата, катарските бизнисмени ќе прошетаат низ земјава и со министрите за финансии, земјоделство, економија и за транспорт и врски. Делегацијата од Катар ќе се сретне и со менаџментот на ТАВ, дознава „Капитал“.
Оваа посета на менаџерите на најголемите и најуспешни државни компании од Катар доаѓа месец и половина откако премиерот Никола Груевски и уште неколку владини претставници беа во престолнината на Катар, Доха, за да ги претстават инвестициските потенцијали на Македонија пред емирот Ал Тани.
Која е мисијата на катарските бизнисмени?!

Со БДП по жител од 102.700 долари лани, Катар е втората најбогата земја во светот. Оваа земја минатата година оствари БДП од 181,7 милијарди долари според куповната моќ. Дури 79% од економијата отпаѓа на индустријата, а 20,9% на услуги. Минатогодишниот раст на економијата достигна 18,7%. Катар е една од најголемите и најбрзорастечки економии во светот. Нафтата и гасот придонесуваат за Катар да стане една од најбогатите земји во светот. Извозот на Катар минатата година изнесуваше 104,3 милијарди долари, што ја рангира на 37 место во светот. Оваа земја извезува ТНГ, нафтени производи, вештачки ѓубрива, челик, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Сингапур, Велика Британија. Во 2010 година Катар увезе машини и транспортна опрема, храна, хемикалии вредни 25,33 милијарди долари. Најголемиот увоз во оваа земја доаѓа од САД...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/83761/shto_„lovat“_13_katarski_biznismeni_chetiri_dena_vo_makedonija_!.aspx

Ќе видиме ли некој аир од парите на овие, или се ќе заврши со прошетки и ручеци.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Емирот и Карлос се потепаа кој повеќе да вложи :tapp:.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Доволно е само една рафинерија да направат и да ги скинат гнидите грчки,ништо друго немора.
И да направат ОКТА пак ќе има монопол до 2018.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
КАТАРСКИ БИЗНИСМЕНИ ПОВТОРНО ДОАЃААТ ВО МАРТ

Делегација од Катар во март доаѓа во Македонија, при што се очекува формално да се конкретизираат одредени проекти. Ова беше договорено на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов и министерот за економија, Ваљон Сараќини, со генерaлниот директор на групацијата Катара која се занимава со хотелиерство.
Групацијата Катара има повеќе од 55 хотели само во Катар и 20 во други држави. Договорено е висока катарска делегација да ја посети Република Македонија во првата недела во март, при што ќе се конкретизираат идните проекти кои планираат да ги реализираат во нашата држава“, изјави денеска во Доха министерот Сараќини.
На средбата со генералниот директор на Катар ервејс, јави известувачот на МИА, беше потенцирано дека до крајот на годинава планираат да отворат и директна чартер-линија меѓу Доха и Скопје.
„Од нивна страна беше посочено дека планираат да ни понудат Доха да биде транзит центар на сите граѓани на Република Македонија кои патуваат во Далечниот Исток“, изјави Сараќини.

Министерот за економија посочи дека на средбата која претседателот Иванов и македонската делегација ја имаше со премиерот на Катар беше даден јасен сигнал од негова страна до сите министри во катарската Влада дека до крајот на оваа година во Македонија треба да се реализираат конкретни проекти во делот на енергетиката, земјоделството и туризмот.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/92108/katarski_biznismeni_povtorno_doagjaat_vo_mart.aspx
Убаво си кажав јас, се утепаа од шетање овие.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Македонија | 28. January 2013 - 16:16
Иванов и Самарас во исто време во Катар

„...Прва возвратна официјална посета по неговото доагање во македобија со што го одрзуваме дијалогот на високо ниво за реаоизација на договорите и инвестициите...“

http://www.sitel.com.mk/ivanov-i-samaras-vo-isto-vreme-vo-katar-0
Балкан | 31. January 2013 - 9:45
Катар ќе вложи милијарда евра во Грција

„...Катар соопшти дека ќе инвестира до милијарда евра во заеднички фонд со Атина, како вид на поттик на грчкото стопанство погодено од рецесија...“

http://www.sitel.com.mk/node/57531
САМАРАС 2:0 ИВАНОВ (n)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom