Касно се уклучувам во темава, ама... Прашај се една работа: Ако тоа и го направил на неа, мислиш дека нема да ти го направи и на тебе? Ултиматуми не палат, и немој да се залажуваш дека се ќе биде супер и како во бајка. Преварил една женска за да се мува со тебе, што мислиш колку време ќе помине доколку најде некоја друга?
Не ме сфаќај погрешно, меѓутоа муабетов ти е: Јас го сакам него, и сакам да бидам со него. Ич не ми е гајле што има/имал девојка, и дали има уште чувства за неа.
Размисли добро пред да направиш било што. И секогаш тргнувај од тоа: Ако го направил тоа на некој друг, ќе ми гонаправи и мене.
Толку.
И не биди изненадена ако биде муабетот одма: Многу те сакам, ајде да преминеме на следниот чекор (секс).