Додека стои моето име горе никој со ништо неможе да не поврзе. Тоа е исто како да си пукнат во глава кога ќе ги прочепкаат останатите постови.
Вчерашната акција имаше голем одзив, речиси сите на било каков начин беа информирани. Некои се согласуваат, некои не, што и нормално е во едно демократско општество. Ви благодарам што дадовте се од себе ова да успее и да се слушне вистината. Им благодарам и на „влијателните“ што се уклучија со нивните досетки и им порачувам да идат да маршираат за Мир. Очигледно Маршот имаше силен впечаток кај радикалните исламисти, па маршираа во правец на Смиљковско Езеро.
Ние овој пат нема да маршираме, ниту да протестираме, има ете кој да ги врши тие работи. Ние организирано, заедно само ќе ги документираме нивните чекори. Бидејќи нели ние сме глупи и не сме толку влијателни.
Нема да е лошо да имаме уште една акција на #влијателни чисто за разонода