Морам да си се олеснам, а ова е тоалетот на кајгана и така...
Не ми се верува дека вечерта беше досадна. Таков е ноќниот живот во Скопје, и тоа на кеј, јаготката на шлагот. Пее едно дете кое има една песна уствари во животов, почнува со Грин Деј, за саат време ечи Чолич. Лево од мене седат малолетници, десно 50 годишни мажи, од кои двајца се геј, и тие најверојатно се најокej луѓе во кафичот. Другите четворица или се прикриени хомосексуалци или дошле да се ѕверат во девојки кои веќе не можат да ги имаат, ама убаво им е и вака. Право од мене седат две девојчиња, едната дошла да го зјапа пејачот молејќи се да ја примети, ама овој ја заеба пошо женска му го чува цела ноќ, знае она дека ќе има некои како греота-девојчево. А пак девојката што и прави друштво на греота-девојчето умира од досада, но најверојатно и е подoбро од дома. На другиот крај на кафичот седи исто 50 годишен маж, но овој се истакнува од другите, пошто е добро ситуиран господин, па се заебаваме дека дошол да брка малолетнички. Наскоро доаѓа кај него на маса една девојка на која може да и се фатиме сите, девојка која дефинитивно знае што сака во животот, за разлика од мене што не знам што правам ни во кафичов. Таа е безвременска, иако ја категоризирам како девојка, таа е една од оние жени на кои им се восхитувам, веруваш дека има 25 но не можеш да тврдиш дека нема 37. До нив седи пар, најверојатно имаат 20 години, просечно разговараат 2 минути на секои 15, евентуално се залапуваат и овој ја фаќа за колено, мртов среќен. Патем, не ќутат само они, туку сите, приморани се од прегласната музика, не можам да станам да играм зошто е кафич, а и не можам да зборам со тој карши мене. Во меѓувреме детето што пее толку се унело во пеењето, бетер Тоше на времето, фали уште да го залапа микрофонот.
Тоа е јаготката на шлагот во Скопје.