- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Дечки, да внимаваме медиумскава битка против тероризмот да не премине во меѓуетничка битка меѓу македонците и албанците. Не се сите тие 1500 албанци што излегле на протестот терористи, ниту пак непријатели на македонците. Мнозинството од нив се заведени од одредени иницијаторни структури кои го искористиле моментумот со тековните настани. Некој нив ги убедил дека осомничените се уапсени без доволно докази само затоа што се албанци/муслимани. МВР вели дека има цврсти докази, но заради понатамошната истрага не смее да ги обелодени. И така и треба. МВР си работи професионално.
Она што треба да го сфатат протестантите-албанци е дека осомничен и уапсен не значи исто што и осуден. Осомничени мора да има, макар и некои од нив не биле виновни. Зборот „осомничен“ значи токму тоа, дека МВР заради одредени индикации се сомнева во некоја личност и во име на истрагата и правдата ја приведува таа личност и ја става на истрага, испрашување, анализирање итн.
Но, наместо некој да им ги објасни овие термини и целта заради која тие се уапсени (не затоа што се албанци, туку затоа што се оправдано осомничени со подршка на материјални докази), некој ги убедува дека тие се неправедно уапсени само затоа што се албанци, дека утре може и нив да им се случи истото, дека нивните етнички права се загрозени итн.
Значи ние ги сакаме албанците, но го мразиме тероризмот.
Ние ги сакаме албанците, но сакаме терористите да бидат точно откриени и изведени пред лицето на правдата без разлика на нивната етничка или верска припадност.
Ние ги сакаме албанците, но сакаме оние структури кои ги подбуцнуваат да бидат откриени, разобличени и разбиени.
Во име на солидарноста и светскиот мир бараме подршка од светот, имајќи предвид дека Македонија може лесно да стане отскочна даска за навлегување на тероризмот и кај нашите соседи и пошироко.
Во Македонија има простор за меѓуетнички, меѓукултурен соживот и меѓуверска толеранција. Во Македонија нема простор за тероризам, терористички структури, манипулирање со верски и етнички чувства и сл. Да го имаме тоа на ум и тоа да ни биде во фокусот. Да не трчаме по секој што вика УРААА. Да не бидеме водени од силните тековни емоции, туку од паметот.
Ги повикувам христијаните да се молат за мир и за сето ова да не излезе од контрола.