Јас имам слушано дека кај неа оделе и чекале, а таа кажувала кој да влезе.
„Нека влезе човекот со зелените пантолони.“
И не прашувала што е проблемот, туку веданаш кажувала што да се прави.
Секогаш се работело за ситуации од кои медицината кренала раце. Значи немало „Ме остави дечкото, што да правам“. Колку што знам, самата им велела: Бегајте од овде, вие немате пробелем.
Во сред комунистичка Бугарија, таа беше прогласена за национално богатство.
Има црква, која веројатно е подигната од неа, или во нејзина чест, ама е многу необична и малку морничава. Фрескописот ако може така да се каже, е речиси надреалистички...
Има една анегдота. Кога била девојче, поминала покрај неколку момчиња што стоеле, и едниот почнал да и се потсмева оти е слепа. А таа му рекла: Немој да ми се потсмеваш, еден ден ќе ми бидеш маж.
И така се случило.