Што се случи?
Еднаш пред две недели, навистина секојдневно ни се зборуваше дека не треба да доаѓаме до заклучоци, дека не треба да бидеме движени од своите емоции, дека не треба да сме пиуни на надворешни манипулатори и дека треба се да направиме за правдата да ги стигне убијците. Сега, на овој ден кога правдата им се стега како лачка на вратот на осомничените, надвор гледам имало протести. Грејните „протестанти“ очигледно не го добиле мемото во кое требаше да сме мирни и да не ги креваме тензиите во оваа наша Македонија. Требаше да дадат шанса на демократијата, правниот систем, државата, но истите наместо соживотот го изразија својот радикализам на протестите.
Главен адут е тоа дека протестите наводно не биле партиски организирани. Всушност се нагласува фактот дека тие не биле организирани од никаква верска, политичка, невладина, навивачка или пак економско-профитерска структура. Спрецифично се нагласува дека спонтано Албанскиот народ се собрал и се приклучувал кон протестот што преку судот заврши пред владата. Многупати е повикувано да не се колективизира еден цел народ, за дело што го извршиле неколкумина одметници од истиот. Размислувањето е сосома правилно и солидно, но дали некој се запрашал дали истото наоѓа здраво тло во сегашниот случај?
Како неорганизираниот протест, кој патем почна од (не)радикално настроената Јаја Паша Џамија, прерасна во масовна анти-истуционална протесна поворка? Како да не обвинуваме цел еден народ, за дејството на неколку моструми, кога истиот народ спонтано се собира, позади редица џихадски знамиња и со повици кои плукаат во процес на кој што се надеваат за правда сите Македонци? Попречувањето на цел истражно-судски процес преку декларативно тврдење на толпата дека истите тие монструми се невини, е веќе чекор предалеку. Навистина не ми е јасно каде се гледа спорноста во целиот случај, поточно каде гледаат спорност „протестантиве?“ Ако навистина тие се невини, сигурно не би ваделе пароли од типот „требаше по униформа да се удри, а не по децата“ и сигурно немаше да имаат складирано муниција по подрумите и таваните. Демек биле дел од група и чувале оружја за пари. Па ако го правеле тоа, нека кажат која група е таа за да полицијата може да одкрие која е нивната цел и да ги разбие. За кого би складирале такво оружје? Сигурно не за обични нарко дилери. Всушност, можно е судот да ги прогласи невини, али нашите драги домашни, исто како комшииве источни, плукаат пред филмот да е прикажан. Со ова своеволие се рушат сите демократски и правни основи на оваа веќе рамковна држава. Но болната вистина е тоа дека попрво би стоеле позади повиците од Јаја Пашина Џамија , превезот на џихадската инсигниа и извиците на радикалистите, наместо да му дадат простор на правото да пресуди.
Слушнав дека имало повици од ИВЗ да не се оди на протестот. Занемарувајки го фактот дека протестот сепак не бил толку спонтан или пак тесно организиран како што сакаат да веруваме, неможе да се посочи дека тие повици беа толку гласни. Не слушнав позиционер, опозиционери, рамкопозиционери, рамкореволуционери, амбасадори, странски претставници, невладини дејци, новинари или пак улични опортунисти, интензивно да повикуваат на бојкот за какви и да било протести. Протести кои вршат притисок врз институциите, придонесуваат за сегрегација на општеството и создаваат стереотипи за цела една нација и религиозна група. Како луѓе кои се повикуваа да не се лепат етикети на еден народ, потоа учествуваат на вакви протести кои само ја потврдуваат (очигледно добро залепената) етикета? Верувам дека ИВЗ има упатено апел, бидејки никој не сака да си го изгуби приматот врз религиозното управување, но сепак останувам на тоа дека овој апел за неизлегување на протест беше најтивкиот апел во поновата Македонска историја. Па така во интерес на вистината можеби не треба да им се лутиме на „протестантите“, едноставно не чуле дека протестот не е во нивен интерес и нивната кауза што се повеќе зема замав од 2001 до сега.
Јасен беше моментот дека беа излезени муслиманите и самите беа длабоко уверени дека во оваа држава секојдневно се угнетувани, секогаш се на мета и се први осомничени. Многу е битно кој е тој просечен и прав следбеник на исламската вероисповест кој ќе застане позади превезот на џихадот, истиот кој на мета го има Македонското каурско и неговото заменување со Албанската Уммах? Зарем „умерениве“ кои се чуствуваат угнетено, не ги слушаа своите крици за угнетување кон се што не го почитува нивното? Каква логика е да се извикуваат екстремистички пароли, а истовремено да се жалат дека секогаш биле први осомничени? Жалам но „обичните“ муслимани што го подржаа денешниот протест, всушност го подржаа Вахабизмот во Македонија, а единствената причина за подржување на Вахабизмот е желбата за голема Албанија. Дедуктивна анализа, но анализа која неможе да биде така лесно разбиена.
Овде веќе доаѓа до отварање на една друга дилема која што веќе подолго време ги мачи експертите во Македонија и пошироко. Прашањето гласи: „Дали Албанците во Македонија се национално или верски мотивирани во своите подвизи?“ Ова прашања не се однесува само на Македонија, туку се однесува на секаде каде Албанскиот фактор е присутен, вклучувајки ја и Албанија. Одговорот не се состои во тоа како Албанците се однесуваат кон внатрешните верски поделби, како што наведуваат многумина. Македонците со тоа можат да се занимаваат само по предмети на политички науки. Македонците треба да се одделат од Албанската утопија за верска толеранција и да се фокусираат на односот кон Македонскиот народ кој етнички и (во поголемо мнозинство) религиозно се разликува од нив. Во Македонија поголем дел од Исламот го брани Албанското, а пак Албанското во голема мера го брани тој дел од Исламот. Радикалниот Ислам кој припаѓа во овој дел е само типката на мечот кој треба да го уништи каурскиот господар и посее страв кај Македонскиот народ. Но нека не патат тие истите од илузиите што им го нуди патот на „ослободување“ од каурските јареми, истиот пат придонесува за радикализација на една група – радикализација која како камен по своја глава ќе им се врати.
Не повикувам Македонците да се контра-радикализираат, не повикувам ниту на етничка омраза. Повикувам на безусловна нетолерантност кон радикализмот и негово исчистување од Македонија. Ако некој тврди дека моево излагање е „радикално“ би посочил само да ги разгледа сликите од протестот, па потоа да суди.
За крај би сакал да се потсетам и да ги критикувам професорите што ме учеа за „пред-феудалната демократија“ на германските племиња. Очигледно тие професори ја прескокнале лекцијата која упатува дека „тоа што на нас ни изгледа демократија всушност не е демократија, бидејки демократијата не може да се развива со племенски, водачко индуциран, менталитет.“
Ем криви, ем зорбалии.