За преводи не би можел да помогнам, бидејќи за јазиците кои ги знам веќе има преведен текст, но би сугерирал за државите. Не знам колку е изводливо, но би било добро да се испамираат израелските медиуми и доколку може да преведе некој на француски, десничарските француски медиуми, особено тие што се шовинистички настроени кај кои постои можност да го објават. Исто така централно-словенските држави како Полска, Чешка, Словачка... Унгарија исто. Би било добро да се информираат и пратениците на конзервативните и евроскептичните партии во европарламентот. Само немојте левичарските, би постигнале контра-ефект.