sickjoce
Ненормален
- Член од
- 30 јуни 2007
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 337
"Крејзи, никому не му користи монтиран случај, ниту на семејствата што ги загуби тие 5 недолжни луѓе.
А за артилеријата оружје... според презентираното во јавност, 1 калашњиков, 2 пиштоли, 1 бомба... во 30 претресени куќи во пост-воен регион. Да не претеруваме сега со зборовите.
Поради постоење на основано сомнение дека поголема количина на оружје кое го користеле членови на криминалната група е складирано во домот на 60 годишно лице од село Отља – Куманово, извршен е претрес во дом и други простории, при што пронајдена е поголема количина на муниција и куршуми со кал. 12,7 мм и 14,5 мм, 7,62мм, тронблонски куршуми, рамки од автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушкомитралез. Исто така пронајдени се радиостаници, маскирни панталони, кошули и ранци, амблеми и легитимации и албум со ознаки од УЧК, тактички елеци маскирна боја од кои еден со амблем на УЧК и др. Против истата поднесена е кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Тероризам„ по член 394–б ст.6, од КЗ на Р.Македонија.
Исто така, на подрачјето на Скопје извршени се претреси на три локации во дом и други простории каде е пронајдено оружје и муниција и против 4 лица се поднесени три кривични пријави до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од КЗ на РМ.
Имено, при извршен е претрес во домот кај пријавени татко и син од с.Арачиново пронајдени се пиштол марка „Валтер“калибар 9 мм, рамка со 14 парчиња муниција, пиштол марка „Валтер“, кал.7,65 мм со рамка со 8 парчиња муниција за истиот, рамка од пиштол со 5 парчиња, муниција калибар 9мм. При извршен претрес во домот кај 33 годишно лице од Скопје пронајдени се еден пиштол кал.7.62мм и девет куршуми кал.7,62мм, а при претрес во домот кај 28 годишно лице од Скопје пронајдени се една автоматска пушка АК-47 кал.7.62 мм со празна рамка за муниција, 5 празни рамки за муниции, еден сигнален пиштол марка „Екол“ и една рачна бомба - кашикара.
Исто така до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесен е Посебен извештај против 10 лица на возраст од 22 до 45 години, сите од Скопје, за кои постојат основани сомненија дека учествувале во организирање, подготвување, извршување, помагање и прикривање на кривичното дело „Тероризам“ извршено во атарот на село Смилковци, а со цел докажување на нивната инволвираност во кривичното дело и утврдување на нивната поединечна одговорност.
"
E сега убаво прочитај и види дали се само 1 автоматска пушка и 2 пиштоли.. или помал арсенал оружје ( ЧИТАЈ НЕЛЕГАЛНО) и кој поствоен период од 2001 до сега поминаа 11 години..