90 % од дечките со кои што сум била во врска глумеле, односно во првите неколку недели додека сме се запознавале, дружеле, флертувале... се однесувале внимателно, џентлменски, внимавале на говорот, на изгледот, кажувале нешта што не ги мислат, а знаат дека јас ке паднам на нив, го истакнувале само најдоброто од себе, додека јас сум била таа што сум, природна и искрена без лажна маска на себе.
Подоцна кога веке го добиле она што го барале забораваат на своите манири, преубави зборови, комплименти, на грижата засвојот изглед што донекаде и не е толку страшно затоа што ке си помислиш дека сте се збижиле и сепак тој е само човек на кого може да му се случи и да се појави пред тебе со мрсна коса, испотен и сл. Човек на кој му здосадило да слуша за твоите проблеми (па можно е и да си помислиш дека ти си виновна за тоа), човек за кој во мегувреме си дознала еден куп битни нешта, најчесто од други, а тој немал намера да ти каже (и секогаш тука имаш безброј правдања, убедувања, патетики колку сакаш) ама пошто сеуште те држи првиот впечаток затвараш очи и идеш даље.
Она најстрашното доаѓа кога едно утро ке ги отвориш очите и едноставно ке сватиш дека тој човек кој стои пред тебе не е истиот во кој некогаш си се вљубила. Од внимателен, културен, дотеран, чувствителен и интелегентен дечко се претворил во човек кој не вложува ни торшка труд за да те освои повторно и да го оржава тоа што некогаш сте го имале.
Сваќаш дека оној што си го запознала и во кого си се вљубила нема никаква допирна точка со тој што е сега со тебе, а во мегувреме ти и понатаму максимално се трудиш да изгледаш наубаво што можеш, внимаваш да не го навредиш или повредиш со некое твое однесување, му ги доверуваш своите тајни и проблеми, се одалечуваш од своето друштво затоа што сакаш времето да го поминуваш со него и тн. и тн.
И после сме одбирале погрешни мажи. Не ние не одбираме погрешни мажи, ние ги одбираме прекрасни мажи кои за жал се непостоечки, измислени, имагинарни ликови...