Зошто женските избираат погрешен маж?

  • Креатор на темата Креатор на темата Вештерот
  • Време на започнување Време на започнување
ANALIZATOR istoto prasanje i jas go postavuvam
zenite sekogas naletuvaat po takvi lugje klosari,pijanici,komardzii itn.
za zal potoa ne se svesni so kakvi posledici ke bidat
 
Зошто ова, зошто она... зошто вака, зошто така... Додека има „Зошто“ ќе има и „Затоа што им фали само доверба“.
 
Интересно е како жените бираат мажи кои по многу карактеристики се слични на нивните татковци ИЛИ нивна апсолутна спротивност.
Ретки се жените кои имаат направено автентичен избор.
Зошто?
Затоа што додека растеме, единствена слика и прилика за маж е нашиот татко (или замена за татко), претстава за љубов и врски, љубовни односи, брак и родителство учиме од нашите родители.

Па така ако таткото бил алкохоличар, девојката ќе одбере некој што пие и се опијува, некој што има потенцјал да стане алкохоличар.

Јас на пример имав верување дека е океј и многу нормално во врска да се караш, онаа пословицана “кој се бие, тај се воли“ ми беше многу прифатена, дека чим се карате - се сакате итн.
Затоа и бирав машки со кои матер си сјебував, со кои немав еден нормален и мирен ден, со кои не постоеше хармонија, со кои се карав до ниво на навреди, до ниедно време навечер итн...

За подоцна да најдам машко кое ќе ми ги сруши сите заблуди за љубовта и ќе ме научи дека љубовта треба да миде мирна, хармонична, да ти носи чувство на заштита и спокој, да знаеш дека се ќе биде во ред покрај личноста што ја сакаш, да знаеш дека таа личност никогаш нема да ти сврти грб и да ти зарие нож кога најмалце очекуваш....
 
или И се допаѓаш или не И се допаѓаш,зошто погрешни мажи одбирале ?!

како што секој политичар нема харизма кај народот,така ни секое машко има симпатија кај жените - најважно за машкото е благосостојбата со која иди самодовербата,со малку труд ќе освоиш некоја која тебе ти прилега
 
....мора да бакнете многу крастави жаби пред да го пронајдете принцот

...многу девојки кои имале среќа од прва да го пронајдат принцот, го изгубиле трчајќи по други крастави жаби со надеж дека постои некој подобар принц, таквите обично или завршуваат со некоја крастава жаба или остануваат сами

...многу се ретки оние што од прва го пронашле принцот и успеале да го задржат

она што секоја девојка треба да го научи во животот е да не меша љубов со заљубеност. Ови две работи иако звучат исто тотално немаат допирни точки. Што побрзо ќе го научите и разберете ова толку подобро.
 
Јас сметам дека убавината е пролазна а тоа дека жените бираат погрешен маж и не би рекол мислам дека бираат маж кој ќе може да им помогне во животот околу деца и други обврски.

Да не се лажеме лесно може мажот да оди по други жени и да си го тера ќеифот а жената тогаш уште повеќе ќе го сака.

Значи не можеме да влијаеме врз луѓето но може да имаме заеднички цели па така и да живееме заедно.

Да има и многу кои сакаат образовани но има и многу кои сакаат финансиски средени луѓе но на крајот ако немаат среќа и едните и другите се разведуваат .

А еве ќе ви кажам и една прикаска си прашувам една другарка шо гледа кај машкото и они ми вика да не е пичкица да не збори многу да не се облекува како мене да сака да пцуе и да ми наредува да се караме и да ни биде интересно .

тоа би било во една реченица па вие сега видите
 
Напишав само што забележувам низ град кога излегувам. Тие ’’мафеаши’’ се секогаш со згодна девојка покрај нив. Од друга страна многу нормални луѓе на кои ништо не им фали не можат да најдат ништо.

И пошто се згодни (а ти не ги ни познаваш) се и паметни, фини, пристојни, ама ете заглавиле со некоја зелка со мускули?

Ова мене ми делува на синдром на помала вредност. Гледаш згодна жена покрај некој батка и си викаш, ја оваа нема шанси да ја ќарам. Што и е на оваа зошто не е со мене? Во суштина човек секогаш го гледам она што сака да го има, а не може. Ако си реален ќе видиш и нормални парови. Јас ги гледам секој ден. Исто така гледам сосем нормални мажи со многу човечки квалитети како заглавуваат со најлошиот избор на жена. Не се заморувам премногу околу тоа, човек бира и човек греши и си ги живее грешките. Ако мисли дека му е добро, верувај ми дека нема шанси да го убедиш дека не му е. Човечка природа, не можеш да и се спротивставиш нити да и бараш логика во вакви прашања.
 
Тоа важи и за вас машките,се палите на девојки кои се џаболебарки,што по сто саати се во солариуми или на козметичар,а девојка кога ќе ти каже знам да готвам или нешто слично,наместо да е некој плус таа добива минус во вашите очи.
Така да секогаш сме тука некаде.Секогаш правиме погрешни избори од двете страни.
Не е вистина. Само денеска побрзо ќе начекаш невина, отколку некоја што знае да готви :)
 
За тие шо толку им сече и им се восхитуваат, не бираат “погрешни“ мажи. Таман им се.
За тие шо малце поише им сече, имав теорија дека пробуваат да го преобразат во мил, љубен човек. И ако не дај боже успеат, го одкачуваат.
 
Напишав само што забележувам низ град кога излегувам. Тие ’’мафеаши’’ се секогаш со згодна девојка покрај нив. Од друга страна многу нормални луѓе на кои ништо не им фали не можат да најдат ништо.

Тоа што е убава не значи дека е и паметна и прибрана (каква што сакаш ти), нели?
И друга работа, не верувам дека некој е со погрешен човек, секој си го зема она што му треба, значи ако ја сум со некој мафијаш кој секој ден ме тепа очигледно е дека потсвесно сакам да бидам тепана и тоа го сметам за нешто нормално и исправно. Можеби за некој е тоа погрешен избор, а можеби пак за мене мирна и стабилна врска е погрешен избор. На крај, секој со своите желби и потреби... не верувам во погрешни избори :).
 
За тие шо толку им сече и им се восхитуваат, не бираат “погрешни“ мажи. Таман им се.
За тие шо малце поише им сече, имав теорија дека пробуваат да го преобразат во мил, љубен човек. И ако не дај боже успеат, го одкачуваат.
Woman logic (2).jpg

Нажалост, тоа е тоа. Знаеш како викаат, жена се зема со маж зашто мисли дека може да го измени, маж се зема со жена зашто се надева дека нема да се измени
 
Зошто? Би требало да се неколку причини...
Еве како прва да ја наведеме, причината со парите. Многу жени кога ќе видат некој таков, полн со пари, тие не гледаат дали е сељак, дали е пијаница, или дали е со средно. Гледаат пари и си мислат. " Сигурно до крајот на животот нема да имам грижа за пари". Многу жени одат со такви, за да живеат луксуз, додека пак други да ја избегнат сиромаштијата. ( најчесто такви се девојките од село, или од некое посиромашно семејство, па во дечкото гледаат пари, а не нешто друго)
Да кажам еден пример со една моја "другарка", која секоја недела ( најмалку недела) ги менува дечковците. А секогаш е со 5 илјадарки вџеб. Била вчера се возела со моторот, или колата до езеро "да виделе шо има таму", a ми продава пуканки дека дечкое многу ја сакал и и дал пари, ради тоа шо си бендисала нови старки, а мама не и давала да ги купи. Па како секој дечко толку многу те сака бе и ти дава пари?..
Друга причина е, фалбаџиството. Најчесто одат со такви мафијаши, или како да ги наречам, само за да добијат статус "девојката на тој и тој". Многуте влегуваат во врска со такви бидеќи сметаат дека тоа им носи некојси имиџ, и да се фалат дека се во врска со некоја позната фаца.
Исто така како една од причините е друштвото, ако другарките ти се во врска со некој такви, и ти ќе одиш со некој таков, ма да не е кај сите исто.. Многуте девојки кои се сингл, се сметаат осамено и стапуваат во врска со првиот кој ќе им наиде, бидеќи сите нивни пријатели се во врска, и сакаат да се вклопат со средината, негледаќи со кој глупак влегуваат во врска.

А тие кои се паметни, не бираат погрешни мажи. Само девојки со ептен тапа мозок одат со вакви лигуши.
 
Насловот кажува се. Ајде некој нека ми објасни како е можно една убава и паметна девојка да се ’’пали’’ на пијаници, маалски силеџии или пак џаболебари кои едвај завршиле некакво си образование, а за работа не сакаат ни да чујат. Што гледаат девојките во нив? Што ги тера да не одберат образован, работлив и нормален човек.
И второ прашање. Како женските дефинирате погрешен избор?
Таквите девојки кои се палат на такви типови во Струмица ги викаме ЧУМУЛИГИ или ОРОСПИИ, салам женска ќе си најде салам тип.
--- надополнето: 3 мај 2012 во 14:54 ---
Секоја жена со прифатлива бројка на големина на гради е вистинска жена. Барем во очите на мажот. Кога после ќе му стигнат сметките за гњурењето во тие гради...е тогаш почиња муабетот со „вистинската“...
Жената не го прави мажот будала, тој самиот себе се прави будала :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Насловот кажува се. Ајде некој нека ми објасни како е можно една убава и паметна девојка да се ’’пали’’ на пијаници, маалски силеџии или пак џаболебари кои едвај завршиле некакво си образование, а за работа не сакаат ни да чујат. Што гледаат девојките во нив? Што ги тера да не одберат образован, работлив и нормален човек.
И второ прашање. Како женските дефинирате погрешен избор?

Муабетов е дека сакаш да кецнеш некоја физички привлечна девојка, ама она не сака, затоа што го искористува тој „дар“ за полесно да дојде до пари, моќ или слава, а ти не можеш да и’ го овозможиш тоа. И сега под дифолт сите девојки се врткаат со проста мускулна маса. Според твоево, кажи ми зошто сите мажи се палат на жени што си ја изнеле цела интима „на мегдан“?
 
Back
На врв Bottom