Искрено?
Згаден бев и уште сум. Многу мајки кои загубија невини синови познавам, и често ја гледам страшната тага во нивните очи. Можам да замислам како им е на родителите на овие деца (или децата на оној татко). Немам деца, но дури и кога ги немам самата помисла да загубам дете тера срцето да ми трепери.
Реакцијата моја е страшно, лошо, мора сторителите да се најдат. Таа реакција ја имам и денес, нема ништо спорно во тој аспект.
Најинтересното е што со сите пријатели Албанци со кои сум правел муабет на темава, се исто така згадени од тоа што се случи, и бараат да се најдат сторителите и да се казнат со максималната казна која им ја пропишува законот. Еден од нив дури ми рече дека треба да се осудат сторителите по Шеријатско право - кврц глава на гилотина.
Не е исламски тоа што го направија, не е Албански.... не е човечки. Значи без разлика (апсолутно, навистина, најискрено) кои се сторителите/помагачите/порачателите, тие заслужуваат најголемата можна казна, иако тоа ама никогаш нема да ја излечи целосно болката на семејствата кои ги загубиле тие синови и татко. Но, да загубиш синови и татко, и да не се најдат сторителите и казнат, е мноооооогу поголема болка. Затоа и сакам да се најдат сторителите и да бидат казнети за тоа. Дури и ако се муслимани и Албанци, сакам мене да ми ги остават на неколку часа, да видат пекол пред да земат последен здив. Не смее никој да убие 5 невини луѓе без никаква причина. Никој и никогаш. И јас имам брат и не сакам некој Македонец од само нему познати причини да го натера да клекне на колена и да го упука во глава. Не сакам.
Проблемот е на друго место, и веќе објаснав многу пати каде е конкретно. Тоа што не можете да ме разберете не ви дава за право да барате постојано и постојано објаснување. Значи веќе се објаснав, кој разбра - разбра (многу малку изгледа), кој не разбра нека е здрав и жив само.