Детална судска информација за истрагата во случајот „Монструм“
Основниот суд Скопје 1 излезе со детална информација до јавноста по вчерашниот распит на кој работеа неколку истражни судии. Информацијата ви ја пренесуваме во целост.
До Основниот суд Скопје 1 Скопје на 02.05.2012 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје (ОЈО) поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор од 02.05.2012 година против обвинетите А.Д, А.И, А.И за по едно кривично дело тероризам од Чл.394-б ст.1 од КЗ и против обвинетите А.Ф и С.Р за по едно кривично дело Тероризам од Чл.394 – б ст.1 в.в со Чл.24 од КЗ.
Истражниот судија, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор донесе решение за спроведување истрага против обвинетите А.Д, А.И, А.И за по едно кривично дело тероризам од чл.394-б ст.1 од КЗ и против обвинетите А.Ф и С.Р за по едно кривично дело Тероризам од чл. 394 – б ст.1 в.в со чл.24 од КЗ и на сите им определи мерка притвор. Определената мерка притвор за А.Д и А.И кои се во бегство се смета од денот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода.
ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе барање за спроведување истрага против обвинетата Ф.Б од с.Отња – Куманово за кривично дело тероризам од чл.394-б ст.6 од КЗ. Истражниот судија, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор, донесе решение КИОК.бр.27/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага према обвинетата Ф.Б за кривично дело Тероризам од чл. 394-б ст.6 од КЗ и определи превентивни мерки.
- ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје поднесе предлог за определување на краткотраен притвор против Ќ.Д, Џ.З, М.Ќ, Б.Х, М.М, А.Р, С.А, С.Б, М.И и К.Д за кривично дело Тероризам од чл.394 – б ст.1 од КЗ. Истражниот судија, постапувајќи по предлогот за определување на краткотраен притвор донесе решение со кое на Ќ.Д, Џ.З, М.Ќ, Б.Х, М.М, А.Р, С.А, С.Б, М.И и К.Д им определи краткотраен притвор во траење од 48 часа.
- ОЈО поднесе три барање за спроведување истрага со предлог за определување мерка притвор према обвинетите А.Р и И.А, М.Н и З.И за кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Истражниот судија донесе три решенија и тоа решение за спроведување истрага према Р.А и И.А за кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ и им определи мерка притвор, решение Ки.бр.429/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага према М.Н за кривично дело неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од КЗ и му определи мерка притвор и решение Ки.бр.428/12 од 02.05.2012 година за спроведување истрага против З. И за Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 в.в ст.1 од КЗ и му определи мерка притвор.
Се` невин до невин.... Како не ви е срам...