Евреите немале тогаш своја држава, тие биле раселени секаде низ свет и секогаш низ истоијата биле предмет на прогони. Едноставно во било кое кризно време најлесно е да обвиниш доселеник за се што не чини во државата, Евреите си ги задржувале своите обичаи, јазик, вера, облека... лесно се препознавале и идентифицирале како нешто страно. Не беа како другите народи кои со доселување во друга земја за генерација - две веќе се претопуваат и стануваат дел на тој народ. Пошто често се селеле се занимавале со занимања кои одговарале на таквиот живот, трговија, банкарство... што им донел и имиџ на богати лихвари. Лесно можело да се обвинат за било што, дека се богателе над сиромашни староседелци и дека цело богатство е во нивни раце (за економски причини), дека го отфрлиле и предале исуса и со тоа биле проколнати за век и веков (за верски причини) па се до обвиненија дека киднапираат мали деца ги убиваат а крвта им ја користат при месење на лебови за пасха. биле во различни периоди прогонувани и убивани и во франција и во русија и полска и во германија а во втората светска војна и низ цела територија на европа каде нацистите имале контрола. Со векови и векови се вгнездило некое уверение дека евреите се нешто лошо, покварено и изопачено, тоа влечи коорени од 1-2 век од нова ера кога евреите биле најголеми противници на Рим многу војувале против нив, не можеле никогаш во целост да се покоррат така да на крај римјаните со закон ги протерале од нивната земја и тие се раселиле по светот. Христијанството подоцна ја продлабочи таа омраза со прикаски дека тие го предале и убиле Исуса, па после дојде лихварство, трговија, банкарство... Така да евреите биле дежурни виновници за секоја економска криза, изгубена војна, суша, глад, исчезнато девојче...