Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Таквите од таму кога оперираат тука не би им било важно дали е Албанец ако е христијанин или католик.Но овдешните пак се поврзани и се сметаат за свои..
е, тука си грешка, полека, да завршат со нас косовариве муслимани, ќе почнат и со нив, нивното започнато, мора да се заврши, верувај дека сега веќе и на САД им е јасно дека заебаа работа со нив и самите не знаат како да се справат со муслимани-христијани во албанија!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Од ова што го напиша, ти уствари покажуваш дека убиствата се искористени за националниот интерес т.е. политички.
Па да видиме дали ќе успееме во тоа со овој случај, да видиме дали ќе не примат во НАТО и дали ќе се смири ситуацијава.
Па да од политички побуди е во секој случај, затоа што денес буквално се е политика па и религијата. Но јас не велам дека се искористени убиствата, туку дека ова треба да е поука и до нас а секако и за НАТО затоа што ова е веќе добар знак дека и нашата земја е на листата на овие терористички организации. Моето размислување ( кое немора да е точно и да го прифатите) е дека ние сме во истата каша со сите земји кои се борат против тероризмот и дури и сме подлабоко заринкани во оваа борба затоа што според бројот на жители, имаме доста повеќе војска по белиот свет која ги носи ознаките на НАТО. Поентата ми беше дека кога веќе ни ги даваат значките на униформите, треба да ни дадат и можност да седиме на иста маса со нив и да одлучуваме за светскиот мир. Не е фер да гинат млади луѓе, да се растревожува цел еден народ кој целосно и дава поддршка на таа алијанса, а притоа истиот тој народ да добие ладнокрвни одговори од типот решете го името па потоа ќе ве примиме у НАТО. Па според нивнава логика и логиката на грците, ние мора да го смениме името затоа што очигледно се плашат од нас дека може да поробиме некој дел од Грција. Па демек ние бараме да влеземе у НАТО со цел утре полесно да дојдеме до тие територии. Па кој лудак не сваќа дека со влезот на Македонија во НАТО, Грција само ќе добие сигурност и уште еден заеднички сојузник, ама ја мислам дека сето ова е добро смислено и е само дел од играта за дестабилизирање на земјава. Уште поалармантно е покрај тоа што грците не сметаат за опасност за нив, сега уште и ова ни фалеше па и авганистанци, иранци, радикални исламисти и т.н.т не сметаат за опасна земја па почнаа да роварат и да ја поткопуваат земјава. Затоа ја мислам дека е време да се пресече до каде ќе одиме со поддршка за НАТО, дали ќе продолжиме да се надеваме дека тие ќе им свртат на нивните миленичиња и дали ќе дозволиме нашите сограѓани да се плашат да се движат по улици затоа што некој нешто ќе им направи.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Само што ти мислиш дека читаш меѓу редови, а всушност размислуваш онака како што се очекува, упиваш се’ ко сунѓерче.
Ок ај и така да е ко што кажуваш дека и што сега? Битно ли е дали се исламски фанатици или само УЧКИ национал фанатици? Најди го видеото ти велам кај шо Поглаварот на исламската заедница "плаче" на ТВ дека со оружје им ги окупираат џамиите.... мислам мене не ме обработувај,ок?
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
@ Пратеник и останатите кои сакаат контра протест

Некогаш е попаметно да ќутиш, МВР и АРМ се тие кои треба да преземат нешто во врска со ова, а не да се прават поводи за граѓанска војна. Треба да се направи воено полициска чистка во цела МК, а не луѓе да се тепаат на протести на сред град. И пак ќе кажам ако народот се запали само ќе изгубиме лице, и ќе биде "Terorists win".
Тоа сакаат исламистиве, тензии и етничко верска нетрпеливост. Така ќе им биде многу полесно да дојдат до нивните изпоачени цели.Што мислиш зашто МВР толку пробува за смири ситуација? Заради курташак?
А ако веќе пукне, што не би требало, е тогаш е друга прича...
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
е, тука си грешка, полека, да завршат со нас косовариве муслимани, ќе почнат и со нив, нивното започнато, мора да се заврши, верувај дека сега веќе и на САД им е јасно дека заебаа работа со нив и самите не знаат како да се справат со муслимани-христијани во албанија!

Епа ќе се толерираат додека имаат полза.Не им одговара сега кога го вкоренуваат радикалниот исламизам и нив да ѓи имаат за непријатели.Се сложувам не само САД, ЕУ најповеќе е засегната што и нагрбачија на плеќи.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Интерпол се вклучува во потрага по двајцата осомничени за убиството кај Смилковци


Министерството за внатрешни работи денеска ќе распише меѓународна потерница по двете лица кои се осомничени дека ги убиле четирите момчиња и 45-годишниот жител на Црешево, а кои се во бегство.

Според полицијата, тројца од уапсените биле директни извршители на убиството, а двајца им помагале да избегаат на Косово. Двајца од тројцата осомничени дека го извршиле убиството, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство.

Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, материјалните докази кои ги предложиле пред судот биле доволно убедливи за судот да утврди мерка притвор и понатаму да продолжи со истрагата.

„Ние продолжуваме со дел од вештачењата кои сé уште не се завршени заради објективни причини, бидејќи сепак се работи за голем материјал за кој е потребно дополнително време. Истрагата во таа насока продолжува и понатаму. За нас најважно во овој момент е да ги направиме сите дополнителни напори кои се потребни за да ги обезбедиме преостанатите две лица, за кои во текот на денешниот ден ќе биде распишана меѓународна потерница. Тоа значи дека од денес по нив трга и Интерпол и со тоа практично целосно да се заокружи овој случај, а понатаму да му оставиме на судот да ја донесе финалната одлука, иако од она што можев да го чујам во изјавата на обвинителот, евидентно е дека во согласност со законските прописи ќе се инсистира на максимална казна која ја предвидува нашиот закон“, изјави Јанкулоска.

Извршено е вештачење на запленетото оружје, но засега нема докази дека било користено во петкратното убиство. Сепак, Јанкулоска тврди дека и без оружјето има доволно материјални докази за да поткрепат дека упасените се сторители на грозоморното убиство.

„Министерство за внатрешни работи на Република Македонија стапи во директен контакт и со косовските служби за размена на податоци и информациии околу лицата по кој се трага“, соопштуваат од МВР.

Јанкулоска вели дека сé уште е рано да се зборува за тоа дали овие лица биле поврзани со некоја терористичка организација од надвор.
http://kajgana.com/interpol-se-vkluchuva-vo-potraga-po-dvajcata-osomnicheni-za-ubistvoto-kaj-smilkovci
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
http://www.facebook.com/HijaIslamee

овде се повикуваат масовно утре да дојдат на петочна молитва а после тоа да излезат на мирен протест. Во исто време се обвинуваат имамите дека молчеле, функционерите од ДУИ и тн. Интересно е што на многу вакви пејџови и профили кружи сликата со уапсената була како ја држи полицаецот за рака и има куп навреди, поттикнување гнев и тн.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Ок ај и така да е ко што кажуваш дека и што сега? Битно ли е дали се исламски фанатици или само УЧКИ национал фанатици? Најди го видеото ти велам кај шо Поглаварот на исламската заедница "плаче" на ТВ дека со оружје им ги окупираат џамиите.... мислам мене не ме обработувај,ок?
И тоа како.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
http://www.facebook.com/HijaIslamee

овде се повикуваат масовно утре да дојдат на петочна молитва а после тоа да излезат на мирен протест. Во исто време се обвинуваат имамите дека молчеле, функционерите од ДУИ и тн. Интересно е што на многу вакви пејџови и профили кружи сликата со уапсената була како ја држи полицаецот за рака и има куп навреди, поттикнување гнев и тн.
Пријавено.

Ајде народе,стискајте рипорт.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Интерпол се вклучува во потрага по двајцата осомничени за убиството кај Смилковци


Министерството за внатрешни работи денеска ќе распише меѓународна потерница по двете лица кои се осомничени дека ги убиле четирите момчиња и 45-годишниот жител на Црешево, а кои се во бегство.

Според полицијата, тројца од уапсените биле директни извршители на убиството, а двајца им помагале да избегаат на Косово. Двајца од тројцата осомничени дека го извршиле убиството, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство.
Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, материјалните докази кои ги предложиле пред судот биле доволно убедливи за судот да утврди мерка притвор и понатаму да продолжи со истрагата.
„Ние продолжуваме со дел од вештачењата кои сé уште не се завршени заради објективни причини, бидејќи сепак се работи за голем материјал за кој е потребно дополнително време. Истрагата во таа насока продолжува и понатаму. За нас најважно во овој момент е да ги направиме сите дополнителни напори кои се потребни за да ги обезбедиме преостанатите две лица, за кои во текот на денешниот ден ќе биде распишана меѓународна потерница. Тоа значи дека од денес по нив трга и Интерпол и со тоа практично целосно да се заокружи овој случај, а понатаму да му оставиме на судот да ја донесе финалната одлука, иако од она што можев да го чујам во изјавата на обвинителот, евидентно е дека во согласност со законските прописи ќе се инсистира на максимална казна која ја предвидува нашиот закон“, изјави Јанкулоска.
Извршено е вештачење на запленетото оружје, но засега нема докази дека било користено во петкратното убиство. Сепак, Јанкулоска тврди дека и без оружјето има доволно материјални докази за да поткрепат дека упасените се сторители на грозоморното убиство.
„Министерство за внатрешни работи на Република Македонија стапи во директен контакт и со косовските служби за размена на податоци и информациии околу лицата по кој се трага“, соопштуваат од МВР.
Јанкулоска вели дека сé уште е рано да се зборува за тоа дали овие лица биле поврзани со некоја терористичка организација од надвор.

Извор.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Најави за протести во петок

ЧЕТВРТОК, 03 МАЈ 2012 14:20
На социјалната мрежа Фејсбук, Албанската популација се организираат за мирни протести со наслов “Стоп на монтираните случаи„, повикувајќи ги сите граѓани на Македонија да ги подржат уапсените кои се обвинуваат од страна на МВР за верски тероризам.
Како што пишува во најавата, прoтестот ќе почне од Јахаја Паша џамијата, по петочната молитва некаде по 13:30 часот и демонстрантите веројатно ќе се упатат кон Основниот суд во Скопје, јави порталот на албански јазик Portalb.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=349330171798344
Се надевам дека полицијата ќе биде исто толку ангажирана како на протестите од Македонците предходно.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.640
Поени од реакции
35.181
Не видов да се огласат Најчевска, Борјан Јованонски, Билјана Секуловска и Роберто Беличанец:eek: или сум пропуштила нешто???
Очекувам да излезат со извештај како ‘‘Гоцевата раса‘‘ уште неосудени ги линчува притворените, повикува говор на омраза и нетолеранција, како се приведуваат невини жени и како со нив се постапува противзаконски - муслиманска жена ја допира (приведува) преку мантил маж:eek:, еден од првоосомничените морал да се брани со молчење затоа што бил психички уморен, како можело специјалците да им упаднат во 4 наутро и да ги држат до 7 часот без да им кажат зошто, една молба неможеа да им напишат:cautious:
НЕЧУЕНО, МВР постапува против правилата и прописите на Хелсиншкиот комитет.:icon_mrgr:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
http://www.facebook.com/HijaIslamee

овде се повикуваат масовно утре да дојдат на петочна молитва а после тоа да излезат на мирен протест. Во исто време се обвинуваат имамите дека молчеле, функционерите од ДУИ и тн. Интересно е што на многу вакви пејџови и профили кружи сликата со уапсената була како ја држи полицаецот за рака и има куп навреди, поттикнување гнев и тн.

Епа толку...тоа ќе биде последниот обид на радикалнистите и фанатиците.....после тоа ако планираат да го разгорат протестот и да направат хаос....тогаш мислам дека специјалците треба да кастрираат голем дел од таа дива хорда,за да си ги остави другите муслимани и христијани на раат да живеат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom