Незнам како по некој автоматизам секогаш скокаат во одбрана на вакви монструми, кукавици кои стрелаат во деца без око да им трепне. Сепак ваквите луѓе моралот и честа ги имаат одамна изгубено.
Да ти појаснам тебе (а со тоа и на
Inglourious Basterd):
далеку од тоа дека ги браниме убијците. Верувајте (ако сакате) дека и Албанците за убијците сакаат жестока казна, заслужено. Проблемот е настанат поради (наизглед) недостигот од докази кои МВР ги има за да ги опише упасените како ГИ ФАТИВМЕ УБИЈЦИТЕ. Според она што е пласирано во јавноста, најдени се 1 калашников, 2 пиштоли, 1 кашикара, неколку куршуми, неколку празни шаржери. Сега не сакам да се курчам, ама оваа количина не ми е изненадувачка кога слушам од каде се уапсените.
Второ, има полно нелогичности. Цело време се настапуваше со идејата дека сторителите се професионалци. 90% од нас беа убедени во тоа. Да не фатам да ве цитирам сите што пишувавте на темава, сите се согласувавте дека се професионалци. Поради начинот на кој се фатени (во земјава, спиејќи) сомнително е ептен колку овие уапсени се професионалци. Вие сите мислевте дека сторителите се веќе во Косово, 15 минути откако го извршиле делово. Како тоа наеднаш испаднаа толку аматери, да се во земјава + да спијат без стража?
Трето, ако се професионални радикални исламисти, тие не би се предале мирно на полицијата. Ниту еден куршум не бил испукан.
И така натаму. Значи Албанците (и некои Македонци) според она што може да го види јавноста, не се убедени дека овие се сторителите туку дека ова апсење има други, задни, поголеми намери.
Ако некој ми докаже со 100% сигурни факти и докази дека некои од уапсениве се навистина сторителиве, јас ќе го побарам тоа што секој од вас го побара - гилотина. Убијци на млади невини деца не му требаат на никое општество, па што сака нека бидат тие по националност или верска припадност. Стварно, не ме интересира. Лудак што е способен да натера 5 невини души да клекнат на колена, и да ги егзекутира безмилосно, не му требаат никому. Јас на него гледам како лудак, а за лудаците се знае што следува.
Значи на друго место е проблемот, на место кое вие Македонците не можете и не сакате да го земете воопшто во предвид туку под дифолт го отфрлате. Тоа е секако ваше право и не ви се чудам воопшто на умот, само се трудам да ви објаснам иако знам дека никој нема ни да се потруди да ме разбере.
Да резимирам: мнозинството Албанци со кои имав прилика да зборам денес и во изминативе 3 недели сакаат жестока казна за убијците, без разлика што и кои се. Исто така, мнозинството Албанци некако не се убедени дека уапсениве се навистина сторителите. Капишчи?