Храната од Мекдоналдс полна хемикалии - по 1 год. изгледа исто како денот кога е купена

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ќе ти кажам нешто братче,не дека сум против тебе нешо не ми замерувај, ама стварно сереш јебига!!!
За штетноста од зрачењето не мораш да ми кажуваш дека серам затоа што студирам такви работи и многу добро знам какви влијанија има. Не ме терај да ти скенирам книги од светски реномирани автори. Исто така многу добро знам за штетното дејство на пестицидите, што му прави на организамот. Ако мислиш дека не сум во право батали ме и не ми реплицирај, ако мислиш дека грешам бујрум, демантирај ме и припази на речникот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе ти чоек на грчи ти зборам ебаго,за храната у мек збориме теее а тоа зрачења ова она друга работа!
Па добро де, јас си кажав мој став на темата. Кај реков дека храната од МекДоналдс не е штетна? :eek: Поентата што сакав да ја доловам е што има и многу поштетни работи кои ги внесуваме на секојдневна база а не им обрнуваме внимание, that's all.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
За штетна, е штетна, дека е вкусно, е вкусно. Дека е малку и дека е скапо, е така. Не јадам често, т.е. дали 1-2 пати годишно, коа ќе ме однесат, мислам дека е доволно.
 
I

Iblis

Гостин
Премногу конзерванси и шеќери има во храната од МекДоналдс. Да одиш повремено не е проблем,ама редовно да се храниш од таму:confused:.
Ilumious нема убедливи докази за штетност од изложеност на RF полиња(се разбира доколку се до нивото на меѓународно договорените упатства )
 
М

Мартин`

Гостин
Дека плескавицата,колбасите и ќебапите се нешто повеќе здрави,не се нешто,ама другово,апсолутно да.
Па добро сепак не се со толку хемикалии како што се овие од Мекдоналс и слични срања, плескавицата од Мекдоналс нема уопште вкус на месо да ти заврзат очи ќе неможеш да мириснеш/осетиш што јадеш. Инаку сите знаеме дека рекламата повеќе ги продава кока-кола, мекдоналс и слично.. уште памтам одамна кога бевме на полуматура во Охрид и така сите гладни од мојава генерација првпат гледаат што се вика Мекдоналс а слушнале за него и сите инвазија таму.. 200+ денари за едно лепче минијатурно и плескавица додека не повеќе од 3-4 отидовме да јадеме лесковачка. После 5 минути 90% од тие што земаа во Мекдоналс едвај го јадеа од што е многу “убав“ а останатите 10% го фрлија.. и после пак сите отидоа да зимаат домашна Балканска скара.. Јас единствено јадам од Мекдоналс кога морам, а тоа не е повеќе од 2-3 пати годишно ..
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Пред да се претвори темава комплетно во дебата дали се сендвичите од Мекдоналдс вкусни/скапи/мали, погледнете во кој подфорум се наоѓа.
Темава е за храната во Мекдоналдс од аспект на тоа колку е здрава и какви додатоци содржи во себе. Држете се до тоа. (y)
Hiperaktiv коментирај ;)
Дај да прочитаме што конкретно нутриционистите мислат за оваа храна.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Во Америка, само најниската класа јаде од Мекдоналдс.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.661
Поени од реакции
8.681
Сакаш да кажеш дека пестицидите со кои ги прскаат растенијата се помалку опасни од храната од Мекдоналдс? Не се ни мијат со вода денешниве пестициди, џабе прскано, непрскано.
Хах, има и 3 пати поопасни штетности на кои сме изложени по цел ден од хамбургер од Мекдоналдс. Да знаеш само обично зборење по мобилен од 10 секунди какво магнетно поле создава кај главата, па зраците од wifi сигнал, операторите.... Не дека бранам Мекдоналдс да ме сфати некој погрешно, туку секогаш обвинуваме нешто што можеме да го видиме и ни се сервира како штетно.
Исто така и ова е доста интересно, во светов 92 % од телефоните содржат микроорганизми или бактерии, постојат и опасни и неопасни бактерии, има една по име Ешерихија Коли, оваа е најопасна од сите и резултира со смрт, не верувам дека со секое допирање на тастерот си ги миете рацете... па сеа гледај дали се само хамбургерите толку опасни како што се овие глупи работи за кои што немате поим каде се наоѓаат и како се внесуваат.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Пред да се претвори темава комплетно во дебата дали се сендвичите од Мекдоналдс вкусни/скапи/мали, погледнете во кој подфорум се наоѓа.
Темава е за храната во Мекдоналдс од аспект на тоа колку е здрава и какви додатоци содржи во себе. Држете се до тоа. (y)
Hiperaktiv коментирај ;)
Дај да прочитаме што конкретно нутриционистите мислат за оваа храна.
Доволно е да кажам само дека оние кои што конзумираат храна од Мекдоналдс секојдневно,голема е веројатноста да не ја доживеат четириесетатта(и петта) година,додека оние кои конзумираат често имаат зголемен ризик за инфаркт,удар или што било,затоа што она што го содржат мекдоналдс оброците го зголемуваат крвниот притисок и има фатални последици.
Мајка ми(нутриционист) ми кажувала како на факултет оперисувале мекдоналдс плескавици,колачиња,компир..........во плескавицата нема 20% месо! нема ниту соја....сето е препарати за дување на плескавицата заедно со некои глутаминати ли ги рече нешто како некои (е сега незнам како се вика) а содржело нешто Е360 кое се смета за смртоносно,влијаело на дебелото црево создавајќи можност за рак,кој подоцна пушта метастази низ целото тело оти ракот таму тешко се откривал!
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Исто така и ова е доста интересно, во светов 92 % од телефоните содржат микроорганизми или бактерии, постојат и опасни и неопасни бактерии, има една по име Ешерихија Коли, оваа е најопасна од сите и резултира со смрт, не верувам дека со секое допирање на тастерот си ги миете рацете... па сеа гледај дали се само хамбургерите толку опасни како што се овие глупи работи за кои што немате поим каде се наоѓаат и како се внесуваат.
Бактериите ги има буквално насекаде а најмногу ги има на влажните сунгерчиња и сапуните поради влагата. Ги има на телефоните, тастатурата и маусот, но невозможно е да им се спречи пристапот на бакериите на овие предмети кои во денешно време се неопходни и не се може без нив, нормално дека никој од нас не си ги мие рацете веднаш по допирањето на телефонот или тастатурата, ама затоа ги миеме рацете пред да јадеме, со цел да го спречиме внесот на повекето бактерии во нашиот организам, додека никогаш не можеш да бидеш сигурен дека личноста која ти го подготвила сендвичот си ги измила рацете откако го допирала својот мобилен телефон во мегувреме.Понекогаш и консумерите на брза храна немаат можност да си ги измијат рацете пред да јадат. Кога одите да јадете во сенвичара- било која дали предходно барате да си ги измиете рацете?

Размислете колку тури компирчиња се пржат во ист зејтин. Во ниедна сендвичара не го менуваат зејтинот веднаш по пржењето на компирчињата кои при пржењето испуштаат голем број на штетни материи во истиот.
Размислете колку пати дневно се чисти површината на скарата кај што се пече месото. Јас ке ви кажам- ниту еднаш. маснотијата и остатоците од преходно испеченото месо се лепат врз месото кое што во моментов се пече.
Колку пати дневно се мие приборот со кој се превртува месото додека се пече и се вадат компирчињата од фритеза?
Колку се хигиенски хартиите во кои се пакува храната за носење?

Ако веке ситничарите за бактериите на телефоните, бактериите во воздухот, водата и сл. почнете да ситничарите и за бактериите во кујните каде што се приготвува брзата храна.

Конкретно за мекдоналдс незнам каква е храната, не сум ја пробала а и немам намера. Сум слушнала дека таму храната има "пластичен" вкус. Сигурна сум дека има вистина во тоа колку е штетна, можеби е уште поштетна одколку што може јавноста да дознае.
Сите тие големи и славни имиња како мегдоналдс, кока кола и сл. успеале до тој степен затоа што им е важен профитот пред се и тоа треба да биде доволен доказ дека не се добри по здравјето.
Јас досега не сум чула за некоја прочуена фирма која се занимава со производство на здрава храна или здрав пијалок. се што е премногу експонирано и форсирано е ѓубре.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Точно , а коа веќе почнате за бактерии на други површини , ги заборавате парите ??? Секојдневно ги фаќаме и многу често без да се измиеме раце. Ако веќе гледате така , бактерии има насекаде.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Точно , а коа веќе почнате за бактерии на други површини , ги заборавате парите ??? Секојдневно ги фаќаме и многу често без да се измиеме раце. Ако веќе гледате така , бактерии има насекаде.
Среќа што нашиот организам е имунолошки настроен и среќа што им се спротиставува,но на тоа што може да ни го направи храната од Мекдоналдс неможе да се спротистави!
Инаку,здрава храна произведуваат Виталија! имаат доста голем штанд на производи! од таму конузмирајте,и сите гледајте што подобра и по природна храна да конзумирате! јас мекдоналдс во годината 2-3 пати ако апнам,повеќе не! чисто од стрвост...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Размислете колку тури компирчиња се пржат во ист зејтин. Во ниедна сендвичара не го менуваат зејтинот веднаш по пржењето на компирчињата кои при пржењето испуштаат голем број на штетни материи во истиот.
Размислете колку пати дневно се чисти површината на скарата кај што се пече месото. Јас ке ви кажам- ниту еднаш. маснотијата и остатоците од преходно испеченото месо се лепат врз месото кое што во моментов се пече.
Колку пати дневно се мие приборот со кој се превртува месото додека се пече и се вадат компирчињата од фритеза?
Колку се хигиенски хартиите во кои се пакува храната за носење?
Интерна информација од Мекдоналдс во Скопје, зејтинот за пржење на компирите го менуваат еднаш неделно. Демек имале некои филтри за пречистување, ама колку тоа функционира замислете си. Скарите ги чистат навечер, трета смена, еднаш дневно. Вработените ги мијат рацете најмногу на секој половина час.
Hiperaktiv, ракот на дебелото црево всушност многу лесно се открива ако се оди на редовни прегледи, но исто така многу брзо се проширува.
Во хамбургерите плескавицата е 100% месо, но какво месо е клучното прашање.
Дури во август 2011 Мекдоналдс во Велика Британија престана да употребува остатоци од месо (најлошите делови кои не се погодни за конзумирање како такви, во некои земји се забранети за продажба и конзумирање) како основна состојка на своите плескавици. Во САД не се забранети и сѐ уште се употребуваат, но за да се уништат бактериите тоа месо се третира со амониум хидроксид (се надевам го погодив преводот). Кај нас веројатно се третира со осиромашен ураниум :cautious:
Пред некое време излезе видео, не можам да го најдам сега, во него беше прикажано како се прават пилешките прсти (или како и да се викаат на македонски оние nuggets) и другите производи од пилешко во Мекдоналдс. Цели кокошки, со коски, внатрешни органи, кожа, ги мелат, се добива некоја аморфна маса на која потоа и се ставаат тон хемикалии и бои за да се добие нормален изглед и вкус на производот кој нема да предизвика нагон за повраќање кога ќе се види/вкуси.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.661
Поени од реакции
8.681
70% од Американците се држат на оваа храна и затоа се најдебели на планетава, а за тоа што викате дека вегетаријанството не чини оди погледнете во Италија да видите како се држат Италијанците, тешко дека ќе најдеш некој дебел, али за жал брзата храна полека полека се шири и кај нас :tapp:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
70% од Американците се држат на оваа храна и затоа се најдебели на планетава, а за тоа што викате дека вегетаријанството не чини оди погледнете во Италија да видите како се држат Италијанците, тешко дека ќе најдеш некој дебел, али за жал брзата храна полека полека се шири и кај нас :tapp:
Процентиве од кој ракав ги извади?
Добрата форма и здравје нема апсолутно никаква врска со вегетаријанството туку со умереноста во исхраната.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom