Исто така и ова е доста интересно, во светов 92 % од телефоните содржат микроорганизми или бактерии, постојат и опасни и неопасни бактерии, има една по име Ешерихија Коли, оваа е најопасна од сите и резултира со смрт, не верувам дека со секое допирање на тастерот си ги миете рацете... па сеа гледај дали се само хамбургерите толку опасни како што се овие глупи работи за кои што немате поим каде се наоѓаат и како се внесуваат.
Бактериите ги има буквално насекаде а најмногу ги има на влажните сунгерчиња и сапуните поради влагата. Ги има на телефоните, тастатурата и маусот, но невозможно е да им се спречи пристапот на бакериите на овие предмети кои во денешно време се неопходни и не се може без нив, нормално дека никој од нас не си ги мие рацете веднаш по допирањето на телефонот или тастатурата, ама затоа ги миеме рацете пред да јадеме, со цел да го спречиме внесот на повекето бактерии во нашиот организам, додека никогаш не можеш да бидеш сигурен дека личноста која ти го подготвила сендвичот си ги измила рацете откако го допирала својот мобилен телефон во мегувреме.Понекогаш и консумерите на брза храна немаат можност да си ги измијат рацете пред да јадат. Кога одите да јадете во сенвичара- било која дали предходно барате да си ги измиете рацете?
Размислете колку тури компирчиња се пржат во ист зејтин. Во ниедна сендвичара не го менуваат зејтинот веднаш по пржењето на компирчињата кои при пржењето испуштаат голем број на штетни материи во истиот.
Размислете колку пати дневно се чисти површината на скарата кај што се пече месото. Јас ке ви кажам- ниту еднаш. маснотијата и остатоците од преходно испеченото месо се лепат врз месото кое што во моментов се пече.
Колку пати дневно се мие приборот со кој се превртува месото додека се пече и се вадат компирчињата од фритеза?
Колку се хигиенски хартиите во кои се пакува храната за носење?
Ако веке ситничарите за бактериите на телефоните, бактериите во воздухот, водата и сл. почнете да ситничарите и за бактериите во кујните каде што се приготвува брзата храна.
Конкретно за мекдоналдс незнам каква е храната, не сум ја пробала а и немам намера. Сум слушнала дека таму храната има "пластичен" вкус. Сигурна сум дека има вистина во тоа колку е штетна, можеби е уште поштетна одколку што може јавноста да дознае.
Сите тие големи и славни имиња како мегдоналдс, кока кола и сл. успеале до тој степен затоа што им е важен профитот пред се и тоа треба да биде доволен доказ дека не се добри по здравјето.
Јас досега не сум чула за некоја прочуена фирма која се занимава со производство на здрава храна или здрав пијалок. се што е премногу експонирано и форсирано е ѓубре.