Новиот клинички ќе никне на 10 ката

Ова требаше да им е прв проект. Е за ова вредат нашите пари. Но да не постоеа претходните кој сума сумарум отворија една толку голема дупка која за брзо ќе не проголта. Да не случајно идат избори?
 
Убаво се само песимист сум да не е фуш изработка сево ова, да прокапе после година дена.
 
60 милиони само за конструкција,да напоменам дека тоа ќе биде почетно,покасно што не може да излезе и цената да се качи барем за 20%

да го опремиш како што треба со најнова опрема,да обучиш кадар за да раководи,дијагностицира,лекува и останато - груба проценка барем двојно од најавената цена за изградбата

значи негде околу 200 милиони евра

по пат треба да помини безброј канали на мито и корупција,тендери,мендери и сето отало кај шо треба да помини огромна пара

се сомневам дека кадарот ќе биде на ниво,ретко се најдува доктор кој ја почитува заклетвата и работи за доброто на народот - освен во приватниот сектор

народот пак ќе страда и нема да биде баш задоволен од третманите

има стара поговорка : Подобро да се спречи одколку да се лечи, значи најдобро е да пазиме на нашите животи пошто нема друго чаре........
 
се сомневам дека кадарот ќе биде на ниво,ретко се најдува доктор кој ја почитува заклетвата и работи за доброто на народот - освен во приватниот сектор
Во приватниот сектор работат за повисоката плата, не им е и ним гајле толку за доброто на народот. Всушност истите лекари се. :D

За објектов би искоментирал, конечно им текна. Би било добро ако пробаат да ги вратат парите од изградбата и опремувањето на новата болница со продажба на земјиштето од стариот клинички. Да не отиде по багателни цени. Ама многу барам, знам. :D
 
Клинички центар во една компактна зграда е совршен модел, единствено вистинско решение. Малку сум сомничав во однос на просторот на кој ќе се гради, дали ќе биде доволно простор, само зградата на хирургија е 6 спрата во моментов, а друг проблем е што ова се најавува како релативно краткорочно решение со предвиден рок на траење од десетина години, додека се изгради новиот центар кај Злокуќани, па зошто едноставно веднаш не се премине на тој модел без вакво скапо заобиколување.

Инаку, имам поминато многу години по овие шупи што се нарекуваат клиники, и тие се максимално неплански изградени, без никаква координација едни со други, градени од немајкаде, нафрлани како у моментот им текнало. Само ми текнува, кога за да поминам на сите предавања и вежби, требаше да пропешачам километри, за да спојам само 2-3 клиники, а што станува со пациенти во крајно незавидна состојба. Од секогаш ми се допаѓал принципот на кој е изградена Воената Болница, со еден лифт ги завршуваш сите работи, но таа е градена одеднаш, а не постепено, цел век.

Моделот со клиники сместени во одделни згради може да функционира нормално, но само во случај кога секоја од нив е речиси потполно независна од останатите клиники, не и во околностите во кои функционираме. Понатаму, зградата на Интерните клиники е градена пред дедо Ное, и освен пулмологија, каде владее некаква привидна хигиена, остатокот е едноставно катастрофален. Не знам колку влегле на одделението за Неврологија, но таму има недостојни услови, пациенти во кома, со мозочни удари, парализирани, на умирање, се набутани по 9 кревети во соби од 20 квадрати, тука ручаат, серат, мочаат, и умираат, истовремено. На интензивна нега собите се 10ина квадрати и во нив има по 5 пациенти, нема место да прднеш, а не да се спасуваат луѓе. Кардиологија е релативно понова зграда, ~ 2 децении, но интерните клиники, очно, ушно, кожно, нервно, тоа најдобро е у ваздух да се крене и на ново и плански да се гради. И да го нема повеќе тоа шетање на пациенти со кревети на очиглед на цел свет, да се испланира кога треба пациент да се носи на снимање или операција, да постои интерен лифт и ходници за таа намена, а не комиран од операција излезен, пиштол гол, покриен со чаршафче што поише открива од што покрива, да те шетаат по холови, ходници и лифтови, меѓу миљарда пациенти дојдени за преглед, посета и новинари за сеир.

Нема ништо лошо ниту во тоа просторот кој би се ослободил, да се испланира за некои други финансиски исплатливи проекти, станбени комплекси, бизнис центри и слично. На тој начин проектот фактички самостојно би се финансирал, единствено се надевам дека ќе се планира во детали, а не само една хаварија да ја префрлиме во друга. Муабетот за опрема и кадар е сосема друга тема, во тоа секако треба да се инвестира, јас лично имам многу забелешки на приоритетите во здравството, но ваков објект кој ќе го интегрира целиот клинички центар, е од неопходно значење, едноставно мора нешто да се превземе за да се подобрат условите, затоа што во моментов се далеку под некој пристоен минимум, и сигурно многу е поефтино да се изгради една заедничка зграда, одколку да се реновира секоја посебно, и да се градат некакви привремени, скапи и несоодветни надоградби.
 
Смешно е да се споредуваат приватните болници со државните, исто така смешно е да се споредува кадарот кој работи во приватните болници, со кадарот кој работи во државните или пак за вас се е исто и приватно и државно, е исто е ама не е исто, платите во приватното здравство(Систина на пр.) се дупло поголеми и тоа за било каков кадар, мед.сестра(со средно) на пр. и со 20 год. стаж ако на Хирургија(во Клинички) тепа 20 илјадарки, за истата работа во Систина ќе тепа минимум 30 илјадарки, исто и хигиеничарката нема да биде испод 20 илјадарки во Систина, а на клиника 12/3 илјадарки, како и останатиот персонал, а пак за докторите и хирурзите воопшто да не правиме муабет !
Е сега да точно Систина е како вселенски брод, но тоа е приватна болница луѓе, си има приватни газди, додека пак државните болници се државни/општествени значи немаат газда/газди, тоа е истовремено сечие и ничие(државно/општествено) и смешно е да се споредуваат објектите од Клинички ц. со објектите на приватните болници .............. зарем може да е исто објект/и стар/и 5 или 10 год.(плус со газда/газди) и објект/и стар/и 20/30/40... год.(без газда/газди) !
Инаку истиот персонал што работи сега во приватните болници, до пред 2-3 год. работеше во Клиничкиот центар, но таму изпобегаа не дека зградите на прив.болници биле нови и многу убави, туку за поголема плата !
 
Истите што се на државна лапаат и од Систина. :)
 
Истите што се на државна лапаат и од Систина. :)

Ако се способни, барани и им се може, зашто да не ! ;)
Мада многумина(и тоа после 2, 3 па и повеќе децении раб.стаж) дадоа откази во Клиничкиот центар и заминаа во приватните болници и се далеку позадоволни, не од условите и хигиената, не од убавината на новите прив.објекти, туку од платеноста, истата работа ваму толку, а таму дупло !
 
Чекајте бе луѓе, на нероден Петко, капа му кроите :)
Колку работи што ги ветила Владава не ги исполнила, па така и за ова. Многу пари се во прашање. Ова е само за замачкување очи!
А иначе, не дека не ми се допаѓа идејата. Идејата да се изгради нова болница е одлична, зашто веќе постоечкава е катастрофа! Ама ДАЛИ ќе се гради е знак прашалник:unsure:
 
Слушнав за ова, чиста глупост, фрлање милиони за градежни работи, наместо да се купи некој нов апарат и да се редуцира чекањето по 5 месеци за едно снимање, да се зголеми кадарот, да се одржува хигиената и сл...
 
Слушнав за ова, чиста глупост, фрлање милиони за градежни работи, наместо да се купи некој нов апарат и да се редуцира чекањето по 5 месеци за едно снимање, да се зголеми кадарот, да се одржува хигиената и сл...

Да во потполно право си и јас го мислам потполно истото ...... само реновација/обновување на постарите(руинирани) објекти, инаку не се сите објекти стари, има и нови, а има и просечно стари, не се сите објекти по половина век како што некои тврдат, исто така треба и дворот на Клиничкиот да се среди и редовно оддржува, тие стари испукани бетони да се санираат, тие грмушки, дрвца, тревишта да се поткастрат и редовно стрижат ........ оградите да се офарбаат или заменат со нови, со многу помалце пари може Клиничкиот центар да заличи на нешто многу подобро од ова сега, не е толку битна фасадата и изгледот на објектите, битна е хигиената/чистотата по влезови, ходници, тоалети, соби ........... а најбитна од се е апаратурата, а и администрацијата е многу обемна, но не ефикасна, по тоа шалтерите работата оди многу бавно, упат од ваму, упат од таму, малтретирање, чекање, враќање, презакажување, проблемите и во здравството и во образованието се многу подлабоки, не е се до изгледот на објектите, дали биле стари или нови, убави или грди !
 
Јас сум за изградба на нов објект во кој ќе бидат сместени сите интерни клиники...постоечкава функционална зграда е катастрофална...мислам уште дупло пари нема да стигнат да се реновира и пак нема да биде како што треба...не е во ред пр. пациенти кои се сместени на одделение во било која интерна клиника да се носат до клиника за радиологија за да се направи било каква снимка...или било каде за да се направи некој дополнителен преглед...Одвратна е сликата да се гледа пациент сосе инфузија обесена за креветот како го шетаат надвор од клиника до клиника...мизерно е.Никаде во светов,во поразвинените земји не се вака распрскани клиниките,сите се во една зграда или повеќе згради споени со затворени ходници,со функционални лифтови за за можат пациентите слободно да се пренесуваат онаму каде што треба,без да бидат малтретирани и пациентите па и нивните најблиски кои најчесто ја вршат задачата на вработените болничари.Многу мизерен распоред има нашиов клинички центар...кога "има" финансии за милион глупости да се инвестираат...мислам дека доколку се реализира сево ова ,до некаде ќе се среди нашето хаотично здравство.Секако не е само да се изгради објектот,туку треба на прво место да е хигиената,квалитетнниот персонал кој има чувство за третирање на болен човек...сево ова го кажувам од секојдневно искуство,стекнато со поминување на работното време во Клинички Центар Скопје.
 
и што ќе прае висококатници клинички кога неаме доволен број доктори,освен квази-доктори менгели.

Па кој сака за 250 евра да учи 12 години?
 
Па кој сака за 250 евра да учи 12 години?

За да некој има 12 год школување треба да биде субспецијалист по одредена област... а субспецијалистите земаат многу повеќе од 250 евра...им следува плата редовна,а поголемиот дел се и универзитетски професори...им следуваат и од мноогу страни хонорари...амо едно да ви кажам...приватните болници се доста "нашминкани" ,за рутински контроли и јас би одела во приватна болница,но има мнооогу случаи во кои пациентите се праќани од приватните болници на одделенија во Клинички Центар, бидејќи не можат да се справат со одредени проблеми...Според мене старата гарнитура проф.,д-р,специјалисти, што сега веќе одат во пензија се незаменливи...
 
а што фали на сегашниот клинички? Зошто да се фрлаат непотребно пари кои и онака ги нема- ?
Зошто цените на услугите во здравството се зголемени од пред месец дена? ЗА да граѓанинот допринесе од свој џеб изградба на ова????
ЗОШТО мора 10 катници- ?
Каде на Балканов има клиники повисоки од 4 - 5 ката? освен ВМА???
Споредете се со Словенија, па и гејлада, Хрватска....а не со Вашингтон, Чикаго или Њујорк
некој фрлил око на местото во центар - на сегашниот клинички - па има во план изградба на станбени згради кои ќе ги продава двојно поскапо отколку во Аеродром да речеме????

АМАН веќе со идеите за висококатниците
НЕКОИ, ПРЕМНОГУ ВИСОКО ЛЕТААТ......
14 катна се секjaвам дека има и не е ВМА.
Поинтересното е во каков стил ке е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom