- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.915
- Поени од реакции
- 41.878
Во акција во воз, кој во земјава влегол преку Грција, на 8 Април е откриена уште една група на илегалци од Пакистан. Неколку лица се веќе приведени. А оние кои не ги фатиле го извршиле убиството.
Според првичните информации крајна дестинација за илегалците било селото Лојане.
Според првичните информации крајна дестинација за илегалците било селото Лојане.
Скопјанка ги криела илегалците од Африка
Полицијата открила 20 мигранти од северноафриканските земји и од Пакистан и уапсила тројца скопјани кои им помагале, во два одвоени случаја деновиве во Скопје, соопшти МВР. Во првиот случај е приведена скопјанката Б.Б.(33), која во куќата на својот свекор криела група од 13 мигранти кои во петокот со воз од Гевгелија допатувале во Скопје. Илегалците со такси-возила дошле во куќата во која ги прифатила осомничената. Полицијата ги следела мигрантите и веднаш извршила претрес во куќата. На горниот кат и во подрумот биле пронајдени четворица државјани на Еритреја, по тројца државјани на Алжир и Мароко, двајца Суданци и еден државјанин на Тунис. Осомничената на инспекторите им објаснила дека во куќата претходно криела осуммина мигранти од кои земала по 40 евра од лице. Таа рекла дека илегалците морала да ги прифаќа и да им дава преноќиште по наредба на извесен А.М., со кого контактирала на мобилен телефон. Во вториот случај полицијата ги уапси скопјаните А.В.(20) и Б.Д.(48), против кои се поднесени кривични пријави за шверц на мигранти. Според МВР, А.В. во соработка со лице од Пакистан, кое е во бегство, прифатил деветмина пакистански илегалци. Потоа А.В. му предал на таксистот Б.Д. тројца мигранти да ги префрли во кумановско Лојане, а на останатите им купил карти за автобус за Kуманово.
Секоја чест што ги најдоа убијците и случајот не се завлечка, во апсењето учествувале 600 припадници на МВР.