150 евра плата ли е?

Плата од 150 евра доволна ли е за нормален живот?


  • Вкупно гласачи
    169

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Остај го ти Гадафи со преку 50 милијарди богатство, како прво што е тоа и кој е тоа богат човек ............ ако некој вози кола од 10-15 илјади евра е богаташ ? Ако некој живее во нормална и нова куќа е богаташ ? Ако некој работи и заработува(солидно) за просечен живот е богаташ ?
Ако некој работи во канцеларија сигурно е богаташ ?
Друже богаташи се оние што имаат големи фирми, компании, фабрики или пак оние што ја водат државата, како и тесен круг околу нив, немислам и не би рекол дека богаташ е секој доктор, хирург, инженер, професор, економист, правник и.т.н. Ако некој работи, заработува солидно и живее солидно тоа не значи дека спие на пари по дома и е пун ко шеик !
Да но сепак е крив за состојбата на државата бидејќи не се ангажира за другите да имаат ме разбираш ако е некој средна класа се декларира за таков тогаш сигурно и тој е пион на богатите или има индиректен ќар.

да не се лажеме ние сме мала држава и сите се знаеме кој како и што.

А знаеш ако имаме 20 посто најадени а 80 посто гладни знаеш кој ќе победи на крајот значи целта на интелектуалецот како главна карика во општеството е да воведе вредносен систем.

Неможе да се вадиме стално на тоа дека на пример јас сум интелектуалец ама ќе си седам во позадина па другите нека кршат глава брат.

Не си видел уште како е кога масата ќе се крене таа слика не сакам никој да ја гледа ужасна работа је.

Еве и јас сум интелектуалец па се борам за тоа сите да имаат не сум дефетист и подлизурко на кремовите секогаш сметам дека треба да имаме исти права.

И нека има богати тоа не е проблем проблемот се јавува кога сакаат да ја купат државата
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тоа што го набраоја со мобилките, Веро итн е така пошто на македонецот једини луксуз (ако може така да се нарече) со тие плати му преостанува тоа, за друго не може да си дозволи, факт.

Додека на запад имаат поголеми палти луѓето, но западот знае и како да ти ги "земе" у смисла, поголем избор на културни програми, екскурзии низ Европа, евтини техники, и ред други ствари каде што под дејство на рекламата граѓанинот ќе купи нешто што не му треба!
Једини луксуз, а да ве прашам мора ли да се живее и бара луксуз, зошто едноставно да не се живее солидно, но човечки, мора ли секој да се фура и курнази, демек кој/а сум јас .............. инаку дека 150 евра не се плата не се, тоа е социјалка !
Преживување и крпење крај со крај е едно, достоинствен/солиден/просечен живот е друго, а луксузирање е сосема трета работа ............ во Македонија овие три работи се испомешани т.е. овдека многумина глумат лудило и со сила се фураат, демек кој/а сум јас и секако најбитно кај нас е што ќе кажат другите .......... затоа како што гледам и слушам секој втор/трет Македонец е задолжен кон банките со кредити, замисли некои земаат кредити за да прават свадба или за да одат на пр. во Шпанија на одмор, НЕ ако имам пари и ако сакам ќе трошам, но ако немам пари ќе си седам дома и ќе си живеам скромно !
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Да, кафето во Велес е поефтино, ама прашај ме колку е платата во Велес? Знаеш дека има луѓе по конфекциите што работат за 6000 денари, и тоа и таму за да влезеш врски ти бараат (been there done that)? По трафики за 5000 работат, по кафичи до 7000 најмногу, останатото се е таксисти што се избркани од фабриките па од немај каде такси земале да возат, и тоа стартот со такси е 30 денари. И ти мене ќе ми кажуваш мене каде е полошо? Ако сакаш да се смениме, дојди ти овде во овој пропаднат индустриски град живеј, јас ќе дојдам во Скопје, ќе работам келнерка, ама ќе зимам дупло плата од она што го земав во Велес, за истата работа.
Ако тебе ти се доста 150 евра плата мене не ми се. Ако ти кафето го сметаш за луксуз јас не го сметам. Ако бензинот го сметаш за луксуз јас го сметам за потреба. Ако ти се помируваш со оваа ситуација и велиш ќути има и полошо, пробуваш да се прилагодиш, јас не планирам. Ако треба ќе ринтам како коњ цел живот ама никогаш нема да се задоволам со 150 евра плата.
Како и да го мериш просекот да може некој кај вас просек е како што кажа околу 6-7000 денари плата но кафето не ви е поскапо од 40-50 денари а кај нас во Скопје може просек е околу 12-15 000 денари кај поголем број луѓето не статистика кај што кажува дека 20000 денари е просечна платаама затоа задоволството да пиеш кафе во скопје е околу 250 денари ако идеш со кола до центар плус паркинг или минимум 140 денари ако со автобус ако идеш. Така односот плата/кафе е скоро ист, дури и нешто полош во Скопје. Инаку не се секирај за мене зимам далеку повеќе од 150-200 евра и не ми ги извртувај зборовите нигде не кажав дека 150 евра е доволно.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Или темава треба да биде ееех кога би имал многу 150000илјади евра голема плата што би правел изгледа за тоа правите муабет
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Е друже, ама ти дали го знаеш Македонскиот феномен ......... две децении нож до коска(како што викаат некои) ..... 30% невработеност, 30% сиромаштија ........... а навистина ретко гледам низ градов Застави, Југовци, Лади ........ се градат нови куќи и згради на секое ќоше, кафаните/кафичите(во Центар) се полни и тоа 102,3%, шопинзи пак пројди низ Рамстор, ГТЦ, Веро ............ летно време пола и више Скопје е ван Скопје, а и ван Македонија ............ мобилките на уво, гардеробичка, автомобилче ........ незнам како е во Радовиш, Пробиштип и во Берово, Делчево .... но во Скопјево е турбо, барем во поголемиов дел од СК.(урбан дел) ............. сиромаштија има, но дека мнозинството биле сиромашни многу не верувам во тоа, со оглед на тоа што секојдневно го гледам/приметувам со мои очи .......... многумина работат на црно, не пријавуваат приходи, во државава имаме 50% сива економија друже ........ а што се однесува до луксузирање, јас работам скоро 5 год. па во овие пет години имам купено само компјутер(600е) и еден мобилен(од 7 илјади) и тоа уште пред 3-4 години, на кафе не сум седнал од питај-бога, последен пат во Грција сум бил со семејството во 1999 год. а во Охрид последен пат сум бил пред 2 год., кафе си пијам или по дома или на работа, е сега цигари пушам, но алкохол и коцка ЈОК ........ се си зависи од особата друже, не секој сака и има време да ѕвизди цел ден-ноќ по кафичиња, кафанчиња и сл.
Важно си теоретски слободен да имаш Бентли, сеа детали, ситници...;)
Плус државата преку своите институции објавуваше дека 4-члено семејство може да пристојно да живее со 13.000, потрошувачка кошничка или така нешто, не знам дали уште вршат такви пресметки. Учени луѓе, нема причина да не им се верува.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Да но сепак е крив за состојбата на државата бидејќи не се ангажира за другите да имаат ме разбираш ако е некој средна класа се декларира за таков тогаш сигурно и тој е пион на богатите или има индиректен ќар.

да не се лажеме ние сме мала држава и сите се знаеме кој како и што.

А знаеш ако имаме 20 посто најадени а 80 посто гладни знаеш кој ќе победи на крајот значи целта на интелектуалецот како главна карика во општеството е да воведе вредносен систем.

Неможе да се вадиме стално на тоа дека на пример јас сум интелектуалец ама ќе си седам во позадина па другите нека кршат глава брат.

Не си видел уште како е кога масата ќе се крене таа слика не сакам никој да ја гледа ужасна работа је.

Еве и јас сум интелектуалец па се борам за тоа сите да имаат не сум дефетист и подлизурко на кремовите секогаш сметам дека треба да имаме исти права.

И нека има богати тоа не е проблем проблемот се јавува кога сакаат да ја купат државата
Секој за себе, друже !
Брат за брат, сирење за пари !
Денеска е Капитализам, во Капитализмот друже ако не пливаш со и како другите луѓе ќе потонеш и никој неможе да те спаси, ниту држава, ниту пак некој друг човек !
Само родител може да ти помогне, а притоа да не бара од тебе враќање на услугата, секој друг туѓ човек што ќе ти помогне, ќе мора да му се оддолжиш на некој начин, таков е системот и тоа не е само кај нас, туку секаде, секој си работи за себе и за својата фамилија !
На пр. јас си работам за себеси, некогаш е подобро, некогаш е полошо, скромен си сум и поштен, ни барам, ни давам ....... е сега што сум јас крив на пр. како поединец/граѓанин што некој таму пита на Камени мост или пак што некој друг останал без работа, му скинале плата, направил 3 деца па неможе да ги прехрани, или пак некој си се задолжил-презадолжил кој му е крив, јас ти .. ?!
Сакам да кажам секој со својот к’смет и секој со својот труд, знаење до подобар живот, секој сам си го прави и гради животот, ако сам не си се грижиш и мислиш на себе, кој друг ќе ти мисли ? комшијата ќе мисли за мене ако утре останам на улица ? кој, вујко ми, чичко ми, колегата, пријателот ?
--- надополнето: 30 април 2012 во 17:44 ---
Важно си теоретски слободен да имаш Бентли, сеа детали, ситници...;)
Плус државата преку своите институции објавуваше дека 4-члено семејство може да пристојно да живее со 13.000, потрошувачка кошничка или така нешто, не знам дали уште вршат такви пресметки. Учени луѓе, нема причина да не им се верува.
И другарот Тукатер одлучном је рекао НЕ на државното општество ! ;)
Ај па и ти сеа Бентли, боље е приватно хеликоптерче, каде каде ! :giggle:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Секој за себе, друже !
Брат за брат, сирење за пари !
Денеска е Капитализам, во Капитализмот друже ако не пливаш со и како другите луѓе ќе потонеш и никој неможе да те спаси, ниту држава, ниту пак некој друг човек !
Само родител може да ти помогне, а притоа да не бара од тебе враќање на услугата, секој друг туѓ човек што ќе ти помогне, ќе мора да му се оддолжиш на некој начин, таков е системот и тоа не е само кај нас, туку секаде, секој си работи за себе и за својата фамилија !
На пр. јас си работам за себеси, некогаш е подобро, некогаш е полошо, скромен си сум и поштен, ни барам, ни давам ....... е сега што сум јас крив на пр. како поединец/граѓанин што некој таму пита на Камени мост или пак што некој друг останал без работа, му скинале плата, направил 3 деца па неможе да ги прехрани, или пак некој си се задолжил-презадолжил кој му е крив, јас ти .. ?!
Сакам да кажам секој со својот к’смет и секој со својот труд, знаење до подобар живот, секој сам си го прави и гради животот, ако сам не си се грижиш и мислиш на себе, кој друг ќе ти мисли ? комшијата ќе мисли за мене ако утре останам на улица ? кој, вујко ми, чичко ми, колегата, пријателот ?
--- надополнето: 30 април 2012 во 17:44 ---


И другарот Тукатер одлучном је рекао НЕ на државното општество ! ;)
Ај па и ти сеа Бентли, боље е приватно хеликоптерче, каде каде ! :giggle:

Така е братче ама и тоа си има крај бидејќи втората светска војна исто беше за ресурси па умреа преку 100000милијарди луѓе.

А ако секој треба сам да живее за себе и да се снаоѓа тогаш подобро да не живее брат ми нема смисла од биолошки аспект а ја колку што знам сум биолошко суштество барем за сега.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Моментално сум задоволен од мојата плата. НО, ако се случи нешто и морам да работам нешто друго и на друго место, би работел и за 100 евра, како привремено решение. Без разлика колкава е платата, морам да јадам. Искрено, мачно ми е од луѓе кои никогаш не работеле ниту еден ден во нивниот живот, а 150 евра им се мала плата. Платата до којашто ја дојдов, стигна после 5 години работно искуство.

Сума сумарум, ако нема избор 150 евра ќе те скрпат. На тие што не им се работи, нека си седат гордо дома и нека бараат џепарац до 40 години.

Еве ви статистика од секоја сфера, па анализирајте ја Македонија.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
2% од 2 000 000 луѓе е 40 000 луѓе сакаш да кажеш дека само 40 000 луге идат во странство на одмор ,кога само за празници деситици илјади коли одат кон солун а стотици автобуси идат кон солун патем од 50 луѓе што познаваш сакаш да ми кажеш дека само еден од нив иде во одмор во странство. Да ја провериме твојата тоерија од 2%
Десетици иљади коли одат накај Солун за празници? Може и ние да ја посетиме таквата Македонија?
Имаш некој извор колку раја стварно оди? Пошто јас знам луѓе над 25 кои никогаш не излегле од РМ.
А РМ е на дното во Европа по број на автомобили по 1000 жители.
http://w3.unece.org/pxweb/quickstatistics/readtable.asp?qs_id=44

Што бидна со МАТ од толку сообраќај не може да опстане една национална компанија со сите 2 изнајмени авиона...:icon_lol:

Кафиња...:pos:
Секогаш ми е интересно тоа што некои луѓе ги изненадува што на најпрометните градски улици во најголемиот град во РМ имало густ сообраќај и тоа го земаат како некаков аргумент.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
А во западна европа со 10-пати поголеми плати се мисли два пати дали да седне да пие кафе на центар, што кај нас не е случај, зависи начинот на мислење!
Абе они имаат барем за што да мислат и трипати, а не двапати. А кај нас за 150 евра нема ни за што да се мисли, струја, вода, и кусур за пакетче орбит мастики, тоа е.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Значи да завршиме со дискусијата 150 евра не се плата и со нив неможе да се живее крај
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Абе они имаат барем за што да мислат и трипати, а не двапати. А кај нас за 150 евра нема ни за што да се мисли, струја, вода, и кусур за пакетче орбит мастики, тоа е.
:rolleyes: Орбитот е луксуз, друже ! :P Ако не си знаел ! :noze: :sick:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Десетици иљади коли одат накај Солун за празници? Може и ние да ја посетиме таквата Македонија?
Имаш некој извор колку раја стварно оди? Пошто јас знам луѓе над 25 кои никогаш не излегле од РМ.
А РМ е на дното во Европа по број на автомобили по 1000 жители.
http://w3.unece.org/pxweb/quickstatistics/readtable.asp?qs_id=44

Што бидна со МАТ од толку сообраќај не може да опстане една национална компанија со сите 2 изнајмени авиона...:icon_lol:

Кафиња...:pos:
Бројот на македонските туристи е зголемен дури за десет отсто во споредба со првата недела од јули, кога немаше најави за пандемија на грип во јужното соседство. Дневно македонско-грчката граница ја преминуваат 14-16.000 патници, а за време на викендите од 20 до 22.000. На релација Македонија-Грција дневно преминуваат 10 до 15 автобуси, а за време на викендите на еднодневни тури и над 20 македонски автобуси.
- Со ваквото темпо на промет очекуваме месечниот биланс на патници во текот на јули да достигне рекордни половина милион, истакна Никола Стамнов, командир на Полициската станица на ГП "Богородица".
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5A689BC02EBDC4468F19D1E02F2C138A

Патем податоците се од 2009 се значи во годината која беше една од најтешките години заради Економската криза над 22 000 луге иделе во Грција на одмор и тоа само за викенд а месечно ниво има циркулација од пола милион луге кон грција.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Значи да завршиме со дискусијата 150 евра не се плата и со нив неможе да се живее крај
Agreed !!

Јас лани зимав 17.000 и па малку ми беа ( мада 10 месеца без прекин работи 3та смена ко вампир). Сега зимам 0 :D , али вадам од спортска.

Али коа направеш математика , 15.000 би била солидна просечна плата , додека плата од 9.000-10.000 е мизерија ...

Не може струја 2000 ( и тоа со штедење ) , дрва 3.500 или парно 4.000 , плус Интернет кабловска и телефон + мобилен ти се фаќа ~ 7.500 , а зимаш плата од 10.000 и остануват 2.500 за друго ( кредити , храна ( не дај Боже патика да купеш ) итн ... практички работеш за да му го напунеш џебот на газдата .. таков е системо .. и наместода се кука , прст на чело и запрашај се : Како да се промене овоа ?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Така е братче ама и тоа си има крај бидејќи втората светска војна исто беше за ресурси па умреа преку 100000милијарди луѓе.

А ако секој треба сам да живее за себе и да се снаоѓа тогаш подобро да не живее брат ми нема смисла од биолошки аспект а ја колку што знам сум биолошко суштество барем за сега.
Извини ама во 2 с.в. загинале 100 милиони, а не 100 милијарди луѓе, печатна грешка си направил ! ;)
Инаку не мислев баш секој сам за себе, ако човек има фамилија нормално дека и за нив ќе се грижи(треба да се грижи), но никој неможе да се грижи, да му тера гајле и да му ја мисли за туѓи луѓе, се разбираме !
Семејството е основна клетка на општеството, значи татко, мајка, деца, па и бабата и дедото што живеат заедно со нив да ги ставиме заедно како едно семејство(еден дом), нормално дека еден со друг ќе се помагаат, семејство се !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom