Самит на НАТО; Чикаго - мај 2012; (општа дискусија)

Ќе биде ли Македонија ставена на дневен ред на овој самит?

  • Да

    Гласови: 25 20,5%
  • Не

    Гласови: 97 79,5%

  • Вкупно гласачи
    122

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во моментов нема друг воен сојуз на повидок, ниту пак можеме да добиеме рамноправен однос во некој таков сојуз доколку хипотетички се догориме дека постои. Освен ако не влеземе во сојуз со Хондурас или Брегот на Слоновата коска.
Пред се’, немаме војска ниту воен потенцијал, не произведуваме ништо, политички сме ништо, а како капак на се’ одамна ги изгубивме предиспозициите да се позиционираме како стратешки центар.

Потоа би требало да се запрашаме, зошто Грција се обидува да не држи надвор од НАТО, ако не баш поради онаа причина поради која е таа таму. Се додека Македонија е надвор од НАТО, Грција може да ги употреби сојузничките сили против Македонија(воени и политички) па затоа и константно форсира теза дека Македонија претставува територијална закана за Грција, што автоматски е равнозначно со закана за НАТО.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
И да се сложиме дека Грција е таа што не држи надвор од НАТО, тогаш кој би бил начинот да успееме да влеземе во НАТО без притоа да направиме одстапки ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И да се сложиме дека Грција е таа што не држи надвор од НАТО, тогаш кој би бил начинот да успееме да влеземе во НАТО без притоа да не направиме одстапки ?
Да платиме, на тие што треба. Кај што буши парата не буши ни бургијата.

Тоа е опасна игра, бидејќи треба паметно да се ризикува, но во нашиот случај скоро секој ризик е прифатлив доколку ги оправдува целите.

Грците треба да се купат, да се подмитат, да ги продадат државните интереси.
Западните дипломати и странски служби, се исто така високо поткупливи ѓубриња за кои ќе ни требаат многу пари.

Според мене, за комбинации од овој вид сме посебно талентирани, а доколку правилно ги насочуваме средствата за кратко време ќе можеме се повеќе да одвојуваме и за себе.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
Да платиме, на тие што треба. Кај што буши парата не буши ни бургијата.

Тоа е опасна игра, бидејќи треба паметно да се ризикува, но во нашиот случај скоро секој ризик е прифатлив доколку ги оправдува целите.

Грците треба да се купат, да се подмитат, да ги продадат државните интереси.
Западните дипломати и странски служби, се исто така високо поткупливи ѓубриња за кои ќе ни требаат многу пари.

Според мене, за комбинации од овој вид сме посебно талентирани, а доколку правилно ги насочуваме средствата за кратко време ќе можеме се повеќе да одвојуваме и за себе.
ОК,
Да го изоставиме проблемот околу парите, пошто со правилен менаџмент за извесно време би можеле да дојдеме до некакви средства кои би ги насочиле кон тие цели.
Но тука се јавуваат други проблеми. На пример дека во Грција постојат структури, кои се независни од режимот, кои веќе работат на ова прашање и како што знаеме Грците се високо етаблирани, таму каде што ти целиш.
Вториот проблем се другите два соседи во НАТО кои, скриено или не, имаат претензии кон нас. Исто така едните од нив се доста високо етаблирани со истите тие структури, кон коишто ти целиш.

Трет проблем е што немаме структура која би се користела за таа намена. Неможеш да сметаш на државата, зошто дел од режимот цели кон федерализиција и во последно време се погласно кон отцепување.

Не е дека не сум го разгледувал и тој аспект, и не е дека и покрај овие проблеми, не е можен. Но за да се надминат, ќе ни треба време, а тоа е нешто што работи против нас во моментов.

Во моментов, се сложувам дека НАТО би ни било идеално решение. Но како што кажа, „Пред се’, немаме војска ниту воен потенцијал, не произведуваме ништо, политички сме ништо, а како капак на се’ одамна ги изгубивме предиспозициите да се позиционираме како стратешки центар.“ важи и за НАТО, територијата сама по себе, НАТО ја има и сега и ако сака таа територија да биде во НАТО, може да ја оствари со тивка воена агресија од членките околу нас, ние ниту имаме потенцијал да се браниме, ниту пак некој ќе искоманда такво нешто. Но пак ќе кажам, Ромни во својот говор, ја напомена новата „опасност“ и главниот „непријател“ на САД. Тоа како што кажав претходно, може да значи нова студена војна. Тоа пак ни дава доста добри позиции, но не за САД, туку за Русија. Не можам да тврдам, дека Русија ќе се стрча кај нас. Но можеме да отидеме и да прашаме, што и да ни бараат за да ја гарантираат нашата безбедност, ќе биде помалце од што ни бара НАТО. Државата не смееме да ја изгубиме па макар и да живееме под тешка воена диктатура.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Многу пати споменувано, но еве пак, како позицијата на Албанците беше уште полоша од нашата, но тие го најдоа начинот за кој што збориме. Ние можеме да побараме свој начин, но пак се’ е врзано за парите.
Сигурен сум дека можеме да испереме огромни пари и да скубнеме добри дилови од бизнисите околу нас.

Нашата дијаспора е премала и пресиромашна за да може доволно да донира за нашите лобирања и подмитувања, тука се согласувам дека Грците имаат предност.
Но, ова е почетна предност и во никој случај не ги ограничува нашите способности.

Еден банален пример од аспект на размерите споменати погоре, на пример, нашата влада може да размисли да создаде наградни фондови за дела од странски автори, како што тоа го прави грчкото министерство за надворешни работи кое со финансиски грантови ги спонзорира најголемиот дел од книгите со историска содржина во кои тенденциозно се негира македонската историја.

Мал милион семинари се организирани од разни грчки „невладини“ здруженија кои го обиколуваат светов и креираат “светски“ призната историја.

Бугарите тоа го прават на поинаков начин, преку испраќање на свои професори во странски универзитети и преку тие кадри продуцираат историја која тие сакаат да се знае.

Да не ги заборавиме организациите од типот на ЕЛИАМЕП, МКГ, како и останатите институти и отворени општества... кои претставуваат само логистика.

Само кеш ти велам, мноооггууу кеш да им се даде и ниту ќе треба да гинеме ниту ќе гладуваме поради некои педофили и нацисти.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..доколку не се сфати дека Грците не се душмани како што мислите вие..
[.
педерите јужни се најголемите душмани на Македонија и Македонците, ако им дадат одврзани раце,ќе не исколат сите до еден!!!!!!!поголеми масакри врз нас имаат направено во 50 години него ли османлиите за 500 години!!
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Во моментов нема друг воен сојуз на повидок, ниту пак можеме да добиеме рамноправен однос во некој таков сојуз доколку хипотетички се догориме дека постои. Освен ако не влеземе во сојуз со Хондурас или Брегот на Слоновата коска.
Пред се’, немаме војска ниту воен потенцијал, не произведуваме ништо, политички сме ништо, а како капак на се’ одамна ги изгубивме предиспозициите да се позиционираме како стратешки центар.
Можеме да влезиме во сојуз со друга моќна сила која преставува противтежа на НАТО, како земја која држи стратегиско место на Балканот и на тој начин, постоењето на НАТО силите во регионот да биде сериозно загрозено. Замисли си само војска во Македонија која не припаѓа на НАТО, а е добро опремена. Како на пример со балистички ракети со краток дострел...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Можеме да влезиме во сојуз со друга моќна сила која преставува противтежа на НАТО, како земја која држи стратегиско место на Балканот и на тој начин, постоењето на НАТО силите во регионот да биде сериозно загрозено. Замисли си само војска во Македонија која не припаѓа на НАТО, а е добро опремена. Како на пример со балистички ракети со краток дострел...
Ова е несериозно размислување. Ние не посакуваме војна ниту туѓи војски.
Во никој случај нема постоењето на НАТО во регионот да биде загрозено, туку уште повеќе нашето, бидејќи било каква евентуална војна би се одиграла на наша сметка, на наша територија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Грција со 400 милијарди долари долг е земјата која ја спречува Македонија да влезе во НАТО и ЕУ ?
Во моментов во ткивото на Македонија има два вируса кои делуваат разорно по домаќинот Македонецот, Рамковниот договор и Новата територијална поделба.
Кои се дипломатите, платениците, службите, држави беа модератори на тие два договора ?
Која е целта на тие два вируса ?
Да ја заздрави Македонија и да ја внесе во НАТО и ЕУ.
Гледам пукаме од здравје, до пред експлозија сме.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
Многу пати споменувано, но еве пак, како позицијата на Албанците беше уште полоша од нашата, но тие го најдоа начинот за кој што збориме. Ние можеме да побараме свој начин, но пак се’ е врзано за парите.
Албанците после Хитлер не се двоумеа својот опстанок да осугураат со Сталин. Слично се позиционираа и Бугарите (не случајно ја дадов паралелата). Менаџирањето на позицијата во дадениот момент е клучен за успех, понекад и не играат парите најолема улога, ако е така Гадафи имаше и пари и врски во западниот свет, дури и во последно време се отвори кон западот, дури спонзорирање и изборни кампањи во Франција и Италија, меѓутоа ете како заврши.

Сигурен сум дека можеме да испереме огромни пари и да скубнеме добри дилови од бизнисите околу нас.
Локалната пералница на пари во регионот, има структури и во режимот и во подземјето кај нас, и секој обид да го превземеме тој бизнис би водел кон дестабилизација на државава.

Нашата дијаспора е премала и пресиромашна за да може доволно да донира за нашите лобирања и подмитувања, тука се согласувам дека Грците имаат предност.
Но, ова е почетна предност и во никој случај не ги ограничува нашите способности.
Многу голема грешка на нашата дијаспора што не комуницира со Ерменската и Коптската дијаспори кои се доста моќни и доста отворени за соработка и во секој случај гледаат со симпатии спрема нас во однос на прашањето за името. Не треба да се исклучи ниедна лоби група и сегде треба да сме присутни.

И да нагласам пошто изгледа сум погрешно сватен, Грчката дијаспора не е единствената, што се грижи за тоа прашање. Постојат структури во Грција кои го координираат све тоа. Ние не можеме да се наслониме на државата. Едноставно нема интерес за тоа.

Еден банален пример од аспект на размерите споменати погоре, на пример, нашата влада може да размисли да создаде наградни фондови за дела од странски автори, како што тоа го прави грчкото министерство за надворешни работи кое со финансиски грантови ги спонзорира најголемиот дел од книгите со историска содржина во кои тенденциозно се негира македонската историја.

Мал милион семинари се организирани од разни грчки „невладини“ здруженија кои го обиколуваат светов и креираат “светски“ призната историја.

Бугарите тоа го прават на поинаков начин, преку испраќање на свои професори во странски универзитети и преку тие кадри продуцираат историја која тие сакаат да се знае.

Да не ги заборавиме организациите од типот на ЕЛИАМЕП, МКГ, како и останатите институти и отворени општества... кои претставуваат само логистика.
И да е можно ова, тоа нема да го тргне Грчкото вето. Единствен начин да успееш да докажеш историја и да се заштитиш од интерпретации е да направиш временска машина и да ги снимиш случувањата. Па и тогаш прашање е дали ќе успееме да го тргнеме ветото. Посреди не е битка за историјата, туку битка на интереси. Затоа и искрено не верувам дека Грција сама по себе е доволно моќна да го спречи нашето учество во НАТО. Све си мислам дека САД има поинаква улога за нас во нивните планови.

Но се слагам дека пропаганда од тој аспект многу добро би ни дошла за јакнење на нашите позиции. Исто така јас би отишол подалеку, би спонзорирал еден добар филм, или уште повеќе серијал, за да ја раширам таа пропаганда и врз обичниот народ во САД и во западните земји. Треба да се има во предвид дека западните влади се потпираат на маркетинг, тоест за да нешто пројде, треба да се види НЕ дали критичната маса тоа го одобрува, туку да се пази да не се дојде до критична маса што тоа го осудува.

За да ти опишам што мислам со ова ќе ти го наведам примерот со Ерменците. Ерменците како така, неочекувано во Нагорно Карабах добија тоа што имаа да добијат, меѓутоа Азербејџан во меѓувреме се сврте кон запад и почна да се вооружува имајќи ја во предвид нивната економија која се базира на нафта. Во моментов како што стојат работите, Азербејџан може да го продефилира во Нагорно Карабах за 1 ден. НО, што се случи, Ерменското лоби изигра доста паметно и симпатиите во Европа и во САД ги сврте кон себе. Моментално не верувам дека било каква воена офанзива на Азербејџан на дефакто нивни терен ме би поминала без тежок притисок на западната јавност за воена интервенција во одбрана на Ерменците. Овој пример кажува дека иако со доста повеќе пари, и со доста силен сојузник во НАТО, Турција(да не ја спомињаме Турската дијаспора), додека најблиска држава во моментов на Ерменија е Иран, Азербејџанците ја изгубија и оваа битка со Ерменците.

Тука пак има НО. Ние оваа стратегија не можеме да ја играме против Грците од причина што во егзодусот на Македонците во Грција учествувале Британците и Американците. Но се слагам дека би можеле да најдеме начин за Маркетинг.

Само кеш ти велам, мноооггууу кеш да им се даде и ниту ќе треба да гинеме ниту ќе гладуваме поради некои педофили и нацисти.
Да почневме да градиме структура попут Jewish Agency пред 10 години, кога се роди критична маса, до сега ќе имавме силна економска мрежа, дури и внатре во Грција, Бугарија и Албанија, која ќе имаше сила да делува врз тие држави и тогаш, самите по себе, дури и без НАТО би обезбедиле опстанок на земјава. Во тие моменти тоа ќе беше неочекуван чекор кога од дефанзива ќе прејдевме во офанзива, и сега ситуацијата ќе беше подруга. Но ете за жал не успеав(ме) во тоа.

Но никогаш не е касно да се почне. Оваа ситуација сама по себе, може да трае уште десетина години во непроменет статус, но може и утре да се смени, по генералната тенденција негативно по нас. Пак ќе кажам ништо не не кошта да ги видиме плановите на Русија, можеби ако не со директно воено присуство, ќе може да ни помогне во пропагандата и корумпцијата која што ја збориш.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Гадафи беше тргнат за да му ги земат парите и ресурсите, имавме пишувано колку пари му запленија западните банки после смртта.

Секоја војна е за пари.

Не ми се навлегува во подетално разработување на некакви си стратегии и шпекулации, ништо нема да докажеме на зборови освен што ќе си изгубиме непотребно време, наместо да правиме пари :)

Македонецот треба да прави пари, оти идеологија без пари не функционира.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
Ова е несериозно размислување. Ние не посакуваме војна ниту туѓи војски.
Во никој случај нема постоењето на НАТО во регионот да биде загрозено, туку уште повеќе нашето, бидејќи било каква евентуална војна би се одиграла на наша сметка, на наша територија.
Никогаш, ама баш никогаш нема да се случи воен судир помеѓу земји кои се во 2 јаки блокови. Како прво и основно во пост воената историја, вакви 2 блока се очигледно потребни меѓусебе за да светот балансирано функционира. Додека постоеја блоковите во ниедна држава било од западниот било од источниот блок не се водеше војна.

Немањето противник на запад прави тешка нестабилност на режимите, но и на економската состојба. Фамата со исламизот помина, режимите кои требаше да бидат страв и трепет паднаа како глувци. Се бара нов блок. Не за џабе го спомнав Ромни. Гледај ги работите вака: И на Русија и на САД им одговара нова студена војна за да можат полесно да ги остваруваат своите интереси. Ако ние останеме надвор од тие блокови, сме потенцијално бојно поле, но ако сме внатре во еден од сојузите, ќе бидеме посматрачи и ситни учесници. Значи ако поради некои причини не не примаат во НАТО, треба да се види дали би можеле да станеме дел од другите.

Војна меѓу блокови, би значела светска војна, таква војна нема нас да не одмине, без разлика на кој блок и да припаѓаме или па и да сме неутрални.
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:30 ---
Гадафи беше тргнат за да му ги земат парите и ресурсите, имавме пишувано колку пари му запленија западните банки после смртта.

Секоја војна е за пари.

Не ми се навлегува во подетално разработување на некакви си стратегии и шпекулации, ништо нема да докажеме на зборови освен што ќе си изгубиме непотребно време, наместо да правиме пари :)

Македонецот треба да прави пари, оти идеологија без пари не функционира.
Тоа сакам да ти го кажам, зошто едноставно не ги поткупи за да не го тргнат?
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:34 ---
А иначе се слагам, парите ќе ја сменат ситуацијата многу кај нас.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Би требало да изгубам нареден час за да образложам комплетно, а мене ми се спие.
Ќе си дарувам малку одмор и можеби во наредна прилика ќе ти реплицирам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.408
ОК, никаде не се брзаме.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Никогаш, ама баш никогаш нема да се случи воен судир помеѓу земји кои се во 2 јаки блокови. Како прво и основно во пост воената историја, вакви 2 блока се очигледно потребни меѓусебе за да светот балансирано функционира. Додека постоеја блоковите во ниедна држава било од западниот било од источниот блок не се водеше војна.

Немањето противник на запад прави тешка нестабилност на режимите, но и на економската состојба. Фамата со исламизот помина, режимите кои требаше да бидат страв и трепет паднаа како глувци. Се бара нов блок. Не за џабе го спомнав Ромни. Гледај ги работите вака: И на Русија и на САД им одговара нова студена војна за да можат полесно да ги остваруваат своите интереси. Ако ние останеме надвор од тие блокови, сме потенцијално бојно поле, но ако сме внатре во еден од сојузите, ќе бидеме посматрачи и ситни учесници. Значи ако поради некои причини не не примаат во НАТО, треба да се види дали би можеле да станеме дел од другите.

Војна меѓу блокови, би значела светска војна, таква војна нема нас да не одмине, без разлика на кој блок и да припаѓаме или па и да сме неутрални.
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:30 ---

Тоа сакам да ти го кажам, зошто едноставно не ги поткупи за да не го тргнат?
--- надополнето: 30 април 2012 во 00:34 ---
А иначе се слагам, парите ќе ја сменат ситуацијата многу кај нас.
Зошто ги сакаа сите пари не дел од нив.Гадафи можеби можеше да ги поткупи да може да замине со фамилијата и неколку стотици милиони ако ја предадеше власта мирно на платениците и се преселеше негде во Јужна Америка или централна африка ( можеби и он ќе требаше да умре за договор да не му ја чепкаат фамилијата али тоа е тоа ).

Не ти вредат тебе и сите пари на свет ако немаш моќ.Арапите го контролираат најмоќниот ресурс на земјата -нафта па пак не смеат да писнат највеќе што смеат е да се слуги и тоа е тоа ако пробаат да се прават самостојни и они да решаваат на кого ќе ја продаваат нафтата и како тогаш го имате примерот на Ирак.Или имаш сопствена моќ или имаш некој со моќ на кој си му во интерес да не паднеш под туѓа власт али пак тогаш можеш да станеш воена зона каде ќе се кршат копјата на големите сили ( тоа е денес Сирија ).

Ние денес живееме во најопасните времиња за мали држави а тоа е времето кога империите пропаѓаат.Кога ќе пропаднат тогаш ќе има неколку декади на развој кој ќе заврши со војна во која ќе се родат новите светски сили и после повторно Студена војна додека не остане само една и така пак во круг како што си иде последните 2000 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom