После голот на Сиена очекував дека целосно ќе се распаднеме и ќе спасуваме жива глава, но екипата многу добро одговори. Не што дадовме два гола, туку како ја скрија топката, играчите на Сиена никако не можеа да ја освојат. Добра работа заврши тука Аквилани, жал ми е за дечкото, многу добро играше до повредата, до јануари. Не знам дали се имаат откажано од него или имаат решено да се ценкаат, па затоа избегнуваат да се исполни квоатата од договорт, да пробаат за помала сума да го земат. И да е договорен Монтоливо, со еден таков играч не се игра на три фронта, ова сезона најдобро покажа колку е потребно да имаш на секоја позиција барем по двајца солидни играчи...