DIC се подготвува за нов обид за превземање на Ливерпул Англиските медиуми пренесуваат дека конзорциумот од Дубаи, DIC се подготвува за нов обид за купување на Ливерпул
The Mirror пренесува дека Дубаи Инвестмен Капитал веќе го назначила бизнисменот од Британија, Робин Бинкс како главно лице кое ќе треба да го комплетира договорот. DIC е компанија основана од Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој е цврсто решен да поседува клуб од Премиер Лигата особено по купувањето на Сити од страна на Абу Даби Јунајтед Груп.
DIC и претходно се обидоа да го купат Ливерпул но тогаш двајцата ко-споственици неможеа да се договорат за задничко отстапување на клубот на инвеститорите од Блискиот Исток.
Весникот вели дека DIC советувани од Лондонската фирма за Инвестирање, PCP, ja основале компаијата ’PCP-DIC Севен Ltd’ за да се комплетира превземањето на клуб од Премиер Лигата.
Бенкс наскоро ќе треба да ги започне преговорите за купување на Ливерпул но доколку не успее во намерите можно е да се насочи кон Вест Хем.
aj dodeka sum tuka eve nesto novo