Музичка берза, инструменти, музичари, бендови...

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓенца, да не знаете точно дали држат негде по Скопјево квалитетни MIDI кабелчиња и шо пари се?
 
Ми треба некој сервис или што знам како се вика, за тапани. Поточно, за механизмот на пружината од добошот. Ако имате било каква помош, добредојдена е.
 
За
Ми треба некој сервис или што знам како се вика, за тапани. Поточно, за механизмот на пружината од добошот. Ако имате било каква помош, добредојдена е.

За снерот нема сервис....пошо тоа ем 90% од добошот отприлика 20-40 евра за нов
 
Да не има случајно некој што сака да смени гитара. Јас имам Epiphone LP - Plain top, махагони, роузвуд плоча, горен слој од јавор, два хамбакери, гровер штимери, 21 праг/.... Гитарата си е топ , сменет и е нут-от и прекинувачот за магнети кај радуловиќ. За слики , ако има заинтересирани преку пораки можам да ви пратам, или клип евентуално.

Би ја менувал за некој Фендер (мексички нормално), никако Squier. Може и некој друг произведувач , само барам телекастер или стратокастер со сингл магнети. Може и доплата , моја , ваша било како.

Исто имам и Peavey Envoy 110 TT, една година старо, многу малце користено, не изнесувано од дома, чувано под заштита , што би го менувал. Исто така имам и Marshall Jackhammer педала , како и клон педала на Big Muff и Tubescreamer во едно, правена од еден мастер за електроника со делови од Америка порачувани и шеми од нет - Педалата звучи топ на лампаши и е многу добро изведена со сопствен дизајн, не изгледа воопшто како да е правена.

Ако има било кој заинтересиран за било што , нека пише. Сета опрема е во топ состојба, не изнесувана на свирки, свирено само по дома и се менувам затоа што сакам нешто различно да свиркам по дома, а не ми се купува одново.
 
Продавам,фендер скуер стратокастер и фендер frontman 38 sinus watt појачало,идеални за почетници малку користени!250 е фиксно
 
Е, дечки за на свирка ми треба некој ако се најде така по великодушен или некоја по широкоградна да ми позајми бас појачало околу 80-90-100W? :)
 
Треба да е комбо , а за дисторзија кје си земеш папуча , и избегавај ги сите папучи сто имаат метал во името :)
Плус може да си прашаш за појачало и од кај Васко ( Pro Audio ) јас имам од кај него транзистор со vintage 30 за некој си 300 евра . Вградената дисторзија е навистина добра , клинот исто така . Се на се сум презадоволен од него .
Каде се наога тоа поточно и со што се се занимава какви појачала прави дали прави и педали.
--- надополнето: 18 април 2012 во 23:44 ---
350 евра со Vintage 30 звучник..75w.......и со 70/80 звучник 300 евра исто 75w...за парите звучат пристојно...:)
Каков клин имаат неговите појачала и дали може да се извади Хендрикс звук со тој клин што се однесува за цената не е нешто многу евтино затоа што за парите за појачалото и плус дисторзија ке те фати 450 евра а за тие пари имаш лампаши со дисторзија што ке биде поопсежна од педала-дисторзија е сеа за звукот незнам каков им е.
 
Има некој сајзерист шо му е досадно и му се свири прог4е, експеримент4е рок43 и нешо у тој фазон со група 16 годишњаци...?

п.с. без католички све6теници ќе ве молам...
 
дали може некој да ми каже каде се продаваат добри синтисајзери
 
дали може некој да ми каже каде се продаваат добри синтисајзери

У артист имаше добри порано, не сум бил одамна.
Шо буџет имаш, за шо ти треа сајзерот?
 
Има некој сајзерист шо му е досадно и му се свири прог4е, експеримент4е рок43 и нешо у тој фазон со група 16 годишњаци...?

п.с. без католички све6теници ќе ве молам...

некој, нешо, познава некој или нешо шо свири сајзер и му се свири ?
 
Продавам капа од Њу Јорк Јенкис црна, ја фатив на концерт на 50 Cent ...
Ако некој е заинтересиран нека понуди во сандаче
Поздрав !!!
 
Луѓенца, да не знаете точно дали држат негде по Скопјево квалитетни MIDI кабелчиња и шо пари се?

ја...


не знам.. (:

Иначе продавам Boss Metal Zone MT2 . Ми го купија по грешка и ми фаќа прашина дома. Воопшто не е користено, кутијата и упатството се внатре.
 
Продавам бас гитара yamaha rbx 260 во одлична состојба, малку користена и само во домашни услови. Гитарата е стара околу 1 година но цело време си стои во футрола настрана од прашина. Заедно со гитарата доаѓаат и футролата и еден комплет резервни жици. Цена по договор. За контакт: karekonjdula@gmail.com или 078502805
http://www.oocities.org/vukrogi/other/rbx260.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom