М
Мартин`
Гостин
На 28 април 2001 година, комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени "Волци" при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу20 часот.
Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.
Од ЕСН "Волци" загинаа: Роберт Петковски (27),постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески(26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски(30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа:Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадинов-ски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдов-ски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и ИлчеСтојановски (24), с. Породин, Битолско. Целосно сеуништени и запалени една лада нива и еден хамер.
Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, Македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел... Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините..."."Кај село Вејце, на Шар Планина, темен се облак надвисна над осум цвета мајкини, мајкини чеда најмили. Темен се облак распука, слана по Шара распосла над осум цвета мајкини во цутотда ги изгори... Осум ми цвета свенаа,осум ми солзи капнаа... кој облак пушти на небо, клетви му мајки фрлаат, срцето црно негово орлите да го колваат". Ова се само дел од стиховите на пес-ните посветени на македонските бранители, кои загинаа за својата татковина. Ќе бевме помирни ако загинеа во директна борба со непријателот. Но,најмногу боли тоа што повеќето беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји. За разлика од нив,семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата. Македонската јавност не смее да ги заборави македонските херои.
За целиот текст да го прочитате тука
http://mak-tifo.mk/index.php/novosti/70-vistinata-za-masakrot-vo-vejce-11-godini.html
Вечна им слава на Македонските бранители ..