Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мики1987 бе, ало човече , немој вакви прашања, имаш почит кај мене
Потоа рече Бог: "Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!" И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
Битие, 1: 26:27
Не беше тешко да одговориш, нели?
Значи напишаното си го прифатил како вистина.

У реду. Нека биде:)

Мислев дали дополнително од ова, имаш некои други сознанија.
 
С

Само Човек

Гостин
Не беше тешко да одговориш, нели?
Значи напишаното си го прифатил како вистина.

У реду. Нека биде:)

Мислев дали дополнително од ова, имаш некои други сознанија.
Одмори малку со приказната на Ајштајн додека бил студент
„Дозволете ми да ви објаснам кој е проблемот што науката го има со религијата.“ Професорот атеист по филозофија замолчува за момент а потоа го замолува еден од неговите студенти да стане.
- Ти си христијанин, нели синко?
- Да господине - одговорил студентот.
- Значи ти веруваш во Бога?
- Секако.
- Дали Бог е добар? - прашал професорот.
- Секако! Бог е добар.
- Дали Бог е семоќен? Дали Бог може да направи се?
- Да.
- Дали ти си добро или зло?
- Библијата вели дека сум зло.
Проферсорот извикнува гласно. Аха! Библијата! Тој размислува за момент. Еве нешто за вас. Да речеме дека тука има болен човек и вие можете да го излечите. Можете да го направите тоа. Дали ќе му помогнете? Дали ќе се обидете да му помогнете?
- Да господине. Ќе се обидам.
- Значи ти си добар ...!
- Не би рекол.
- Но зошто да не се каже така? Ти ќе му помогнеш на болен и осакатен човек ако можеш. Повеќето од нас би го направиле тоа кога би можеле. Но Бог тоа не го прави.
Студентот не одговорил па затоа професорот продолжил.
Тој не го прави тоа нели? Брат ми беше христијанин кој почина од рак , иако се молеше на Исус да го излекува. Како тогаш Исус е добар? Можеш да ми одговориш на ова?
Студентот останал да молчи.
Не, не можеш да ми одговориш нели? - рекол професорот. Тој зема голтка од чашата со вода на својата маса за да му даде време на студентот да се релаксира. Да почнеме од почеток младо момче. Дали е Бог добар?
- Да ... господине, - рекол студентот.
- Дали сатаната е добар?
Студентот не се двоумел за ова прашање. „Не“
Тогаш од каде доаѓа сатаната?
Студентот одговорил : Од Бога.
Тоа е вистина. Бог го создал сатаната нели? Кажи ми синко, дали има зло во овој свет?
- Да господине.
- Злото е насекаде , нели? А Бог создал се нели?
- Да.
- Значи кој го создал злото? Професорот продолжил, „Ако Бог создал се, тогаш Бог го создал злото, штом злото постои, и според принципот дека нашите дела не дефинираат кои сме, тогаш Бог е зло.“
Повторно студентот нема одговор.
„ Дали постои болест? Неморал? Омраза? Грдотија? Сите овие ужасни нешта, дали тие постојат на овој свет?“
Студентот застанал на нозе.
„Да“
„Значи кој ги создаде?“
Студентот повторно не одговорил па затоа професорот го повторува прашањето:
„Кој ги создал?“ се уште нема одговор. Одеднаш професорот оди набрзина во предниот дел од училницата. Класот е хипнотизиран.
„Кажи ми ,“ тој продолжува кон друг ученик. „ Дали веруваш во Исус Христос синко?
Гласот на студентот го издава и трепери.
„Да професоре, верувам“
Пофесорот престанува да шета„ Науката вели дека ти имаш пет сетила кои ги користиш за да го идентификуваш и да го набљудуваш светот околу тебе. Дали некогаш си го видел Исус?“
„Не господине. Никогаш не сум Го видел“
„Тогаш кажи ни дали некогаш си го слушнал Исус?“
„Не господине , не сум.“
“Дали некогаш си го почувствувал Исус, си го вкусил Исус или стопил твојот Исус? Дали некогаш си го почувствувал со сетилата Исус Христос или пак Бога?“
„Не господине, за жал не сум “
„И сепак сеуште веруваш во него?“
„ Да“
Според правилата на емпирискиот, потврден докажан протокол, науката вели дека твојот Бог не постои. Што ќе кажеш на тоа синко?
„Ништо “ одговорил студентот. „Јас ја имам само мојата вера“.
„Да, Верата“, повторил професорот. „И тоа е проблемот кој науката го има со Бог. Нема доказ, само вера.“
Студентот застанал тивко за момент, пред и самиот да постави прашање.
„Професоре, постои ли топлина?“
„Да“
„А постои ли ладно?“
„Да синко тука е премногу ладно.“
„Не господине, не постои“
Професорот го врти своето лице кон студентот, очигледно заинтересиран. Во училницата одеднаш станува многу тивко.
Студентот почнува да објаснува.
Можете да имате топлина во изобилство, дури и повеќе топлина, супер-топлина, мега-топлина, неограничена топлина, бела топлина, малку топлина или да нема топлина, но не постои нешто што се нарекува „ладно“. Можеме да одиме надолу до 273 степени под нулата, што не е топлина, но не можеме да одиме повеќе од тоа. Не постои ладно, инаку би можеле да одиме под ладно подолу од најниските -273 степени. Секое тело или објект е подложно да учи кога има или пренесува енергија, и топлината е таа која прави телото или предметот да има или пренесува енергија . Апсолутна нула (-273 степени) е тотално отсуство на топлина. Видете, господине, ладното е само збор кој го употребуваме за да го опишеме отсуството на топлина. Ние не можеме да го мериме ладното. Топлината можеме да ја мериме во термички единици бидејќи топлината е енергија. Ладното не е опозит на топлина, господине, само отсуство на тоа.“
Тишина низ целата просторија. Пенкало падна некаде во училница, звучеше како чекан.
„Што е со темнината, професоре. Дали постои такво нешто како темнина?“
„Да“ одговорил професорот без двоумење. „Што е ноќта ако не темнина?“
Повторно грешите, господине. Темнината не е ништо друго, туку отсуство на нешто. Може да имате слаба светлина, нормална светлина, светла светлина, трепкава светлина, но ако немате светлина постојано вие немате ништо и се нарекува темнина зар не? Тоа е значењето кое го употребуваме за да го дефинираме зборот. Во реалноста, темнината не постои. Ако постоеше, вие ќе можевте да ја направите темнината потемна, зар не?
Професорот почнал да му се смее на студентот. Ова ќе биде добар семестар.
„Па која е вашата поента млад човеку?“
„Да професоре. Мојата поента е, вашите филозофски премиси имаат недостатоци на самиот почеток, и вашиот заклучок мора да е погрешен.“
Лицето на професорот не можеше да го скрие изненадувањето овој пат. „Недостатоци? Може да ми објасниш како?“
„Вие застапувате премиса на двојност“ објаснил студентот. „Вие расправате дека има живот и дека постои смрт, добар Бог и лош Бог. Вие го гледате Божјиот концепт како нешто конечно, нешто што не може да го мериме. Господине, науката не ни може да ја објасни мислата. “Се употребува електрична енергија и магнетизам, но никогаш не се гледа, а уште помалку да се разбере барем едното. Да се види смртта како опозит на животот е да се игнорира фактот дека смртта не може да постои како материјална работа. Смртта не е опозит на животот, туку само нејзино отсуство. “Сега кажете ми професоре,... Дали ги учите вашите студенти дека тие еволуирале од мајмуни?“
Ако се однесува на природниот еволутивен процес, млад човеку, да, секако дека да.“
Дали некогаш сте ја набљудувале еволуцијата со вашите очи, господине?“
Професорот почна да ја тресе својата глава, се уште смеејќи се, како да сфаќа кон што води аргументот. многу добар семестар, навистина.“
Бидејќи никој никогаш не го набљудувал процесот на еволуцијата како оди и не може да докаже дека процесот продолжува, зарем не го предавате вашето лично мислење, господине? Зар не сте научник туку проповедник?
Училницата е во галама. Студентот останува смирен додека конфузијата се стивнува.
Да продолжам со поентата што ја кажавте претходно на другиот студент, да ви дадам пример на што мислев.“
Студентот погледнува низ просторијата. „ Дали постои некој во училницата кој некогаш го видел мозокот на професорот?“
Класот прснува во смеа.
„Ако постои некој кој некогаш го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал , допрел или помирисал мозокот на професорот? Изгледа дека никој не го направил тоа. Па, според поставените правила на емпирискиот, стабилен, потврден протокол, науката покажува дека вие немате мозок, со сета почит господине. Па ако науката кажува дека вие немате мозок, како да им веруваме на вашите предавања, господине?“
Сега училницата е во тишина...
Професорот само гледа во студентот, неговото лице е нејасно. Конечно, по голема пауза, професорот одговорил „претпоставувам дека ќе се земе во обѕир верата“
Сега вие прифаќате дека има вера, и всушност, верата постои со животот, продолжува студентот. „Сега, господине, дали постои такво нешто како злото?“
Сега несигурен, професорот одговара, „Секако дека постои. Го среќаваме секој ден. Тоа е во секојдневните примери на човечката нехуманост кон човекот. Тоа е во мноштвото криминал и насилство насекаде низ светот. Овие манифестации не се ништо друго туку зло.“
На ова студентот одговорил, „Злото не постои господине, или најмалку не постои само по себе. Злото едноставно е отсуство на Бог. Тоа е како темнината и ладното, збор кој човекот го создал за да го опише отсуството на Бог. Бог не го создал злото. Злото е резултат на тоа што се случува кога човекот ја нема Божјата љубов присутна во неговото срце. Тоа е исто како што ладното што доаѓа кога нема топлина или кога темнината доаѓа кога нема светлина.
Професорот седна.

Алберт Ајнштајн
 
С

Само Човек

Гостин
Стварно мислиш дека Алберт Ајнштајн е студентот во приказнава?
незнам , у биографијата негова ја има приказнава. Веројатно си прочитал неклк мисли од Алберт и си твро убеден дека е непокорлив Атеиста. Не е баш така. Еве една изјава негова
"Вообичаената претпоставка, дека сум атеист, почива врз голема заблуда. Кој го наоѓа тоа во моите теории, едвај дека ги сфатил. Погрешно ме разбрал и ми покажува непочит."
--- надополнето: 27 април 2012 во 23:52 ---
Стварно мислиш дека студентот од приказнава е Алберт Ајнштајн?
уште еден цитат од големиот ум :
"Мојата вера се состои во скрушено восхитување од возвишениот Дух, Кој се открива во ситни поединости, што сме во состојба да ги сфатиме со нашите слаби и ограничени умови. Таа длабока, емоционална увереност во присутноста на една ВОЗВИШЕНА РАЗУМНА СИЛА, Која се открива во несфатливата вселена, ја вообличува мојата претстава за Бога." :sleep:
 
D

dystopian

Гостин
незнам , у биографијата негова ја има приказнава. Веројатно си прочитал неклк мисли од Алберт и си твро убеден дека е непокорлив Атеиста. Не е баш така.
Знам дека не бил атеист, но не бил ни теист, не верувал во личносен бог. Тој што ја напишал анегдотава, нешто украл (познати ми се одредени делови), нешто напишал сам и на крај го додал Ајнштајн како препознатлива фигура за текстот да изгледа поубедливо. It's Einstein, so he must be right!

Класична религиска пропаганда.

Aј размисли малку. Еве на пример, постоењето на мозокот на професорот може да биде докажано по кратка постапка. Секира, бам по глава и воала. Ти на кој начин би го докажал постоењето на Бог? Не е исто, споредбата не чини.

И мислиш дека најголемиот ум на 20-тиот век би тропнал ваква глупост, дури и како студент?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Одмори малку со приказната на Ајштајн додека бил студент...

Алберт Ајнштајн

У реду ЛП момче:) Можеше и без приказнава, доста пути употребена од многумина:)

Јас лично не те прашувам веќе за верата:)

Твое размислување, твое право:cool:
 
С

Само Човек

Гостин
Знам дека не бил атеист, но не бил ни теист, не верувал во личносен бог. Тој што ја напишал анегдотава, нешто украл (познати ми се одредени делови), нешто напишал сам и на крај го додал Ајнштајн како препознатлива фигура за текстот да изгледа поубедливо. It's Einstein, so he must be right!

Класична религиска пропаганда.

Мислам, ај размисли малку. Еве на пример, постоењето на мозокот на професорот може да биде докажано по кратка постапка. Секира, бам по глава и воала. Ти на кој начин би го докажал постоењето на Бог? Не е исто, споредбата не чини.

И мислиш дека најголемиот ум на 20-тиот век би тропнал ваква глупост, дури и како студент?
хмм . не заебавај друже , стварно не ја знаеш приказнава ? Дај почитај малку па реплицирај молим те
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Знам дека не бил атеист, но не бил ни теист, не верувал во личносен бог. Тој што ја напишал анегдотава, нешто украл (познати ми се одредени делови), нешто напишал сам и на крај го додал Ајнштајн како препознатлива фигура за текстот да изгледа поубедливо. It's Einstein, so he must be right!

Класична религиска пропаганда.

Aј размисли малку. Еве на пример, постоењето на мозокот на професорот може да биде докажано по кратка постапка. Секира, бам по глава и воала. Ти на кој начин би го докажал постоењето на Бог? Не е исто, споредбата не чини.

И мислиш дека најголемиот ум на 20-тиот век би тропнал ваква глупост, дури и како студент?
Џабе ти се прашањава:):P
Дечкото јасно стави до знаење каков е неговиот став по ова прашање.

Останува само да го почитуваме или не неговиот став, и евентуално како и досега да има размена на некои сосема спротивни ставови.

ЈАс лично ќе го почитувам тој негов став:cool:
 
D

dystopian

Гостин
хмм . не заебавај друже , стварно не ја знаеш приказнава ? Дај почитај малку па реплицирај молим те
Fun fact: This eRumor has circulated without Einstein's name and someone added it to a version that started circulating in the summer of 2004. ;)

Сфати дека студентот нема шанси да е Ајнштајн зошто тој не верувал во личносен бог и дека прикаската се има појавено во неколку различни верзии... Станува збор за евтина пропаганда.

Знаеш, приказни каде верници им ја кршат кичмата на професори атеисти има колку сакаш по интернетов. Мене оваа ми е омилена зошто е најретардирана.
A United States Marine was attending some college courses between assignments. He had completed missions in Iraq and Afghanistan. One of the courses had a professor who was a vowed atheist and a member of the ACLU. One day the professor shocked the class when he came in. He looked to the ceiling and flatly stated, 'God, if you are real, then I want you to knock me off this platform. I'll give you exactly 15 minutes.' The lecture room fell silent. You could hear a pin drop.

Ten minutes went by and the professor proclaimed, 'Here I am God. I'm still waiting.' It got down to the last couple of minutes when the Marine got out of his Chair, went up to the professor, and cold-cocked him; knocking him off the platform. The professor was out cold. The Marine went back to his seat and sat there, silently. The other students were shocked and stunned and sat there looking on in silence.

The professor eventually came to, noticeably shaken, looked at the Marine and asked, 'What the hell is the matter with you? Why did you do that?'The Marine calmly replied, "God was too busy today protecting America's soldiers who are protecting your right to say stupid shit and act like an asshole. So, He sent me."
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
незнам , у биографијата негова ја има приказнава. Веројатно си прочитал неклк мисли од Алберт и си твро убеден дека е непокорлив Атеиста. Не е баш така. Еве една изјава негова

"Вообичаената претпоставка, дека сум атеист, почива врз голема заблуда. Кој го наоѓа тоа во моите теории, едвај дека ги сфатил. Погрешно ме разбрал и ми покажува непочит."
--- надополнето: 27 април 2012 во 23:52 ---

уште еден цитат од големиот ум :

"Мојата вера се состои во скрушено восхитување од возвишениот Дух, Кој се открива во ситни поединости, што сме во состојба да ги сфатиме со нашите слаби и ограничени умови. Таа длабока, емоционална увереност во присутноста на една ВОЗВИШЕНА РАЗУМНА СИЛА, Која се открива во несфатливата вселена, ја вообличува мојата претстава за Бога." :sleep:
„Убавината на интернетот е што секогаш може да се провери веродостојноста на цитатите“ - Абрахам Линколн.

Кога сме веќе кај цитатите... :)
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644

Поговорки од Ајнштајн-потврдени
A man`s ethical behavior should be based effectually on sympathy, education, and social ties; no religious basis is necessary. Man would indeed be in a poor way if he had to be restrained by fear of punishment and hope of reward after death.

It seems to me that the idea of a personal God is an anthropological concept which I cannot take seriously. I also cannot imagine some will or goal outside the human sphere. … Science has been charged with undermining morality, but the charge is unjust. A man’s ethical behavior should be based effectually on sympathy, education, and social ties and needs; no religious basis is necessary. Man would indeed be in a poor way if he had to be restrained by fear of punishment and hope of reward after death.

Има и други ама да не претерувам.
 
С

Само Човек

Гостин
Се извинувам не бев све.. овај имав чудни реакции на молкулите у мозокот де.
не цитираме Анштајн
--- надополнето: 28 април 2012 во 11:51 ---
Поговорки од Ајнштајн-потврдени
A man`s ethical behavior should be based effectually on sympathy, education, and social ties; no religious basis is necessary. Man would indeed be in a poor way if he had to be restrained by fear of punishment and hope of reward after death.

It seems to me that the idea of a personal God is an anthropological concept which I cannot take seriously. I also cannot imagine some will or goal outside the human sphere. … Science has been charged with undermining morality, but the charge is unjust. A man’s ethical behavior should be based effectually on sympathy, education, and social ties and needs; no religious basis is necessary. Man would indeed be in a poor way if he had to be restrained by fear of punishment and hope of reward after death.

Има и други ама да не претерувам.
хмм кој ги потврди и зашо моиве не се потврдени
--- надополнето: 28 април 2012 во 11:59 ---
„Убавината на интернетот е што секогаш може да се провери веродостојноста на цитатите“ - Абрахам Линколн.

Кога сме веќе кај цитатите... :)
"My religion consists of a humble admiration of the illimitable superior spirit who reveals himself in the slight details we are able to perceive with our frail and feeble mind."
кажи ми дека и ова не е од него
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom