Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не бе, ене го на патарината меѓу Ливерпул и Манчестер.

Летово нема да биде обично лето во смисол купување колку да се купи, туку ќе биде одлучувачко во поглед на стилот со кој ќе игра оваа екипа. Мора прво летово САФ, Фелан и Муленстин (ако веќе не го направиле тоа) да седнат и да се договорат каков фудбал ќе биде практикуван од овој нов тим што го склопува САФ и потоа да се најдат на пазарот соодветните играчи. Не сакам да се некои 50 милионски за глорихантерите колку да се лупаат во гради „аоеаоеаоео го купивме овој за 50 миЉона вау“, туку сакам да се играчи кои ќе си ја вршат работата на својата позиција.

Друго што сакам да кажам е дека сакам повторно да го видам Квеироз како асистент на Фергусон. Квеироз не е добар менаџер, во тоа сме уверени но е одличен асистент кој прекрасно го подготвува тимот гледано од физички и технички аспект. Не сакам да дискутирам за квалитетите на Брајан Кид, Стив Мекларен и останатите, но за мене Квеироз беше најдобриот асистент кој го имал Фергусон. Не се плашеше да му пререче никогаш, секогаш знаеше кој играч е во топ форма а кој играч сигнализира пад во формата, без разлика дали моментален или постојан. Истиот тој Квеироз му сугерираше на САФ да почне да го отфрла полека Хајнце и да го форсира Евра без разлика колку Евра беше труп во првата полусезона во Манчестер. Сега сигурна сум дека да дојде Квеироз, ќе го седне Евра на клупата и ќе му сугерира на САФ да форсира некој друг играч на таа позиција или па некое дете од резервите.
Не знам како е ситуацијата со Фелан и колку тој се вмешува во одлуките на Фергусон, но тој е задолжен за подготвувањето на фудбалерите и се ми се чини дека е само lap dog на Фергусон и служи само да им дава инструкции на фудбалерите од аут линијата кога имаме веќе осигуран резултат. Дури и кога беше казнет Фергусон преклани, Муленстин беше оној којшто зборуваше по телефон со САФ од трибините и им довикуваше на фудбалерите.

Моја најголема желба летово е токму тоа, да се врати Квеироз по можност, потоа еден box to box midfielder и лево крило. Толку, имаме многу талентирани деца кои треба да се развиваат и да им се даде простор да го сторат тоа. ЛШ и ПЛ не бегаат, секоја година ги имаш, нема да избегаат па гз преку глава по секоја цена да правиме непромислени потези и фејл трансфери само за да се дојде по трофеј. Планското работење на Фергусон за прошлиот наш состав кој освои се што можеше да се освои и ја освои лигата 4 пати во 5 сезони како за пример се покажа како конструктивно и вредеше да се чека толку. Да не го брзаме стариот.
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Ја сум презадоволен од моменталниот тим, и ништо да не освоиме пак ќе сум задоволен затоа што сме во еден транзиционен период, период во кој младите добиваат голема минутажа и период во кој се крои костурот за идниот шампионски тим!
Ако ја се прашувам едина желба ми е Модрич и Бејл у пакет летово и завршена приказна.. али знам дека ќе е тешко тоа и дека Гаитан ќе биде донесен и уште еден од средина на теренот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не преферирам кај нас да играат играчи кои што еднаш рекле не (Бејл) а и Нани е кока кола за Бејл :)
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Ја сум презадоволен од моменталниот тим, и ништо да не освоиме пак ќе сум задоволен затоа што сме во еден транзиционен период, период во кој младите добиваат голема минутажа и период во кој се крои костурот за идниот шампионски тим!
Ако ја се прашувам едина желба ми е Модрич и Бејл у пакет летово и завршена приказна.. али знам дека ќе е тешко тоа и дека Гаитан ќе биде донесен и уште еден од средина на теренот.
За првото и јас исто, но за болдираното воопшто не. Значи теков на сезоната да се одвиваше комплетно друго и цело време да бевме 2ри, 3ти и сл. тогаш би рекол дека би се задоволил со ништо. Но 8 бода предност, "пуштена" утакмица на Виган, лежерно играње против Евертон, е сварно апла не би бил задоволен. Па боље уште на почетокот нека им ја дадеше титулата на Сити а од друга страна комплетно нека се фрлеше на разни тактики и испробувања со младите фудбалери. Не вака.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Не бе, ене го на патарината меѓу Ливерпул и Манчестер.

Летово нема да биде обично лето во смисол купување колку да се купи, туку ќе биде одлучувачко во поглед на стилот со кој ќе игра оваа екипа. Мора прво летово САФ, Фелан и Муленстин (ако веќе не го направиле тоа) да седнат и да се договорат каков фудбал ќе биде практикуван од овој нов тим што го склопува САФ и потоа да се најдат на пазарот соодветните играчи. Не сакам да се некои 50 милионски за глорихантерите колку да се лупаат во гради „аоеаоеаоео го купивме овој за 50 миЉона вау“, туку сакам да се играчи кои ќе си ја вршат работата на својата позиција.

Друго што сакам да кажам е дека сакам повторно да го видам Квеироз како асистент на Фергусон. Квеироз не е добар менаџер, во тоа сме уверени но е одличен асистент кој прекрасно го подготвува тимот гледано од физички и технички аспект. Не сакам да дискутирам за квалитетите на Брајан Кид, Стив Мекларен и останатите, но за мене Квеироз беше најдобриот асистент кој го имал Фергусон. Не се плашеше да му пререче никогаш, секогаш знаеше кој играч е во топ форма а кој играч сигнализира пад во формата, без разлика дали моментален или постојан. Истиот тој Квеироз му сугерираше на САФ да почне да го отфрла полека Хајнце и да го форсира Евра без разлика колку Евра беше труп во првата полусезона во Манчестер. Сега сигурна сум дека да дојде Квеироз, ќе го седне Евра на клупата и ќе му сугерира на САФ да форсира некој друг играч на таа позиција или па некое дете од резервите.
Не знам како е ситуацијата со Фелан и колку тој се вмешува во одлуките на Фергусон, но тој е задолжен за подготвувањето на фудбалерите и се ми се чини дека е само lap dog на Фергусон и служи само да им дава инструкции на фудбалерите од аут линијата кога имаме веќе осигуран резултат. Дури и кога беше казнет Фергусон преклани, Муленстин беше оној којшто зборуваше по телефон со САФ од трибините и им довикуваше на фудбалерите.

Моја најголема желба летово е токму тоа, да се врати Квеироз по можност, потоа еден box to box midfielder и лево крило. Толку, имаме многу талентирани деца кои треба да се развиваат и да им се даде простор да го сторат тоа. ЛШ и ПЛ не бегаат, секоја година ги имаш, нема да избегаат па гз преку глава по секоја цена да правиме непромислени потези и фејл трансфери само за да се дојде по трофеј. Планското работење на Фергусон за прошлиот наш состав кој освои се што можеше да се освои и ја освои лигата 4 пати во 5 сезони како за пример се покажа како конструктивно и вредеше да се чека толку. Да не го брзаме стариот.
Се согласувам за помошниците, тие се важна алка во секоја екипа, посебно тоа го имам приметено во ПЛ. Нивното влијание во целата подготовка и тренажен процес е некогаш и круцијално. Видете го само примерот со Реј Вилкинс и наглиот пад во играта на Челзи од кога тој беше избркан. Повеќе од евидентен. Ние за среќа во последните 2 децении имаме добри помошници, почнувајќи од Кид, преку Квеироз и сега Фелан. За Карлос се согласувам целосно, најхаризматичен, технички стручен и мотивационо одлично подготвен помошник, за жал Фелан не ги има овие карактерни особини, или барем не во онолкава мерка како Квеироз. За негово враќање не знам колку е тоа можно, ама со две раце повторно би го прифатил назад.

За можните засилувања ќе кажам дека клубов има повеќе среќа во пронаоѓање и развивање на млади таленти отколку во купување на големи ѕвезди и треба да продолжи со таа политика. Такви играчи треба да се купуваат само ако се смета дека навистина се потребни или доколку сите други можни опции се исцрпени. Летово мислам дека нас навивачите на Јунајтед ќе ни биде доста интересно и напнато, ама навикнати сме. Некои делови од тимот ќе мора да се засилат, а некои да се надополнат. Нема да навлегувам во длабоки анализи зошто така ќе ги избришам буквите од тастатурата само на кратко ќе се осврнам на средината зошто тој дел ни е алармантен и кој мора да добие промени. Од оваа сезона, барем до овој дел, научивме неколку работи - Керик може и знае да одигра, на Андерсон секогаш не можеме да сметаме дека ќе прикаже блескава партија, Клеверли е одличен млад играч ама доста склон кон повреди, Гигс и Сколс сеуште ја вршат работата одлично, ама следната сезона нивните минути на теренот ќе бидат уште помалку од тие сега, Погба сеуште не е спремен за место во првиот тим, а Флечер не знаеме ни кога точно ќе се врати ниту во каква форма ќе се врати. Можда звучи малку песимистички, ама сите знаеме каква ни е играта без Сколси и дека баш поради слабите изданија на средината во последно време и помалите екипи ни влегуваат без респект дури и на ОТ, нешто што ретко се случувало порано.

Состојбата и повеќе од јасно ја знаат другите клубови и кога Јунајтед ќе тргне по некој играч тие ќе знаат и тоа како добро да заработат од нас. Гледајте ја ситуацијата со Хазард. Претседателот на Лил знае дека ќе си оди летово, во секоја изјава повторува како Хазард на грб го носи цел Лил кон квалификации за ЛШ (што во голема мера е и точно), лани ги продадоа Кабај, Реми и Жервињо и само уште Хазард им остана како ѕвезда од која може да заработат, плус на тоа се надоврзува и фактот што летово Лил пушта во употреба нов стадион со капацитет од 50.000 седишта и вториот факт што вика дека лани Хазард потпиша продолжување на договорот со не толку подобрени услови само за да му се зголеми цената, а и претседателот на клубот редовно повторува дека многу клубови се заинтересирани за него се со цел да креира една аукција за него од што е можно повеќе клубови.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.736
Поени од реакции
43.860
За првото и јас исто, но за болдираното воопшто не. Значи теков на сезоната да се одвиваше комплетно друго и цело време да бевме 2ри, 3ти и сл. тогаш би рекол дека би се задоволил со ништо. Но 8 бода предност, "пуштена" утакмица на Виган, лежерно играње против Евертон, е сварно апла не би бил задоволен. Па боље уште на почетокот нека им ја дадеше титулата на Сити а од друга страна комплетно нека се фрлеше на разни тактики и испробувања со младите фудбалери. Не вака.
Па и коа ќе ти текне оти водевме 4:2 до 83та и Евра погоди статива од пола метар 2 минути пред да намалат на 4:3, ептен тешко паѓа.. Но мора да веруваме во тимот и на Етихад одиме на победа..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
САФ денес на прес рекол дека ќе се иде на победа на Етихад и дека можел да замисли какви нерви имаат навивачите на Манчестер. Не стари, веруј не можеш :D
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
И уште еден викенд во Велс овојпат ќе ги носи стариот. Не спрема најдобро што е можно.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
Еве јас зашто мислам дека ќе изелземе со позитивен исход од Етихад!
1. Манчини е ПИ*КА голема пак ќе игра со 3 деструктивци ќе се брани првично така игра коа игра дербиња
2. Го немаат тој победнички менталитет
3. Немаат доволно искуство за да се носат на вакви натпревари а не па со Јунајтед кој има одиграни преку 50 вакви утакмици
4. Најважно. На клупа го имаме САФ :D
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Кога сме веќе кај помошните тренери и одредување на стилот на игра за наредната сезона - ништо чудно Гвардиола да се зема во предвид.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Кога сме веќе кај помошните тренери и одредување на стилот на игра за наредната сезона - ништо чудно Гвардиола да се зема во предвид.
Za pomosnik? ne be on ako doagja ke dojde po penzijata na SAF,ili pak so vikas sea pomosnik da mu kaze so e kako e a i da go nauci neso SAF pa togas moze i u penzija fergy. Ali sepak mislam deka SAF ceka use edno finale u LS so barsa i da ja tepa pa da ide u penzija,znaci 2-3 minimun
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ех, ако бега по една катастрофа на Барселона ич нека не ни доаѓа како нареден менаџер. Сакам тренери како Фергусон и Венгер што се со тимовите и во најдоброто и во најлошото, вака не. И САФ можеше да иде во Реал после треблот, да не немал понуди? Хах :)

Иначе не ме сфаќајте мене дека ќе доаѓал некој асистент со постот. Фелан ќе си биде асистент на САФ и наредни сезони, сто посто. Само го истакнав тоа како моја поодамнешна желба, нема шанси Квеироз да се врати, изгледа асистентската работа не му е веќе предизвик. А сирот не да не го бива за менаџер, само ајде.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
За помошник? :D
Па не ми изгледа толку вообразен да прави проблеми :D

А и што утре се одлучува иднината на Пеп во Барселона, па ќе видиме.
Сепак нормално дека за помошник е неверојатно, но далеку подобро Гвардиола отколку Мурињо за менаџер подоцна.

Едит: ^ Незнам колку е по негов избор дали ќе останува во клубот или не, се мислам дека бордот тоа го контролира, а и таква политика водат, заразлика од кај нас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom