Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Не бе, ене го на патарината меѓу Ливерпул и Манчестер.
Летово нема да биде обично лето во смисол купување колку да се купи, туку ќе биде одлучувачко во поглед на стилот со кој ќе игра оваа екипа. Мора прво летово САФ, Фелан и Муленстин (ако веќе не го направиле тоа) да седнат и да се договорат каков фудбал ќе биде практикуван од овој нов тим што го склопува САФ и потоа да се најдат на пазарот соодветните играчи. Не сакам да се некои 50 милионски за глорихантерите колку да се лупаат во гради „аоеаоеаоео го купивме овој за 50 миЉона вау“, туку сакам да се играчи кои ќе си ја вршат работата на својата позиција.
Друго што сакам да кажам е дека сакам повторно да го видам Квеироз како асистент на Фергусон. Квеироз не е добар менаџер, во тоа сме уверени но е одличен асистент кој прекрасно го подготвува тимот гледано од физички и технички аспект. Не сакам да дискутирам за квалитетите на Брајан Кид, Стив Мекларен и останатите, но за мене Квеироз беше најдобриот асистент кој го имал Фергусон. Не се плашеше да му пререче никогаш, секогаш знаеше кој играч е во топ форма а кој играч сигнализира пад во формата, без разлика дали моментален или постојан. Истиот тој Квеироз му сугерираше на САФ да почне да го отфрла полека Хајнце и да го форсира Евра без разлика колку Евра беше труп во првата полусезона во Манчестер. Сега сигурна сум дека да дојде Квеироз, ќе го седне Евра на клупата и ќе му сугерира на САФ да форсира некој друг играч на таа позиција или па некое дете од резервите.
Не знам како е ситуацијата со Фелан и колку тој се вмешува во одлуките на Фергусон, но тој е задолжен за подготвувањето на фудбалерите и се ми се чини дека е само lap dog на Фергусон и служи само да им дава инструкции на фудбалерите од аут линијата кога имаме веќе осигуран резултат. Дури и кога беше казнет Фергусон преклани, Муленстин беше оној којшто зборуваше по телефон со САФ од трибините и им довикуваше на фудбалерите.
Моја најголема желба летово е токму тоа, да се врати Квеироз по можност, потоа еден box to box midfielder и лево крило. Толку, имаме многу талентирани деца кои треба да се развиваат и да им се даде простор да го сторат тоа. ЛШ и ПЛ не бегаат, секоја година ги имаш, нема да избегаат па гз преку глава по секоја цена да правиме непромислени потези и фејл трансфери само за да се дојде по трофеј. Планското работење на Фергусон за прошлиот наш состав кој освои се што можеше да се освои и ја освои лигата 4 пати во 5 сезони како за пример се покажа како конструктивно и вредеше да се чека толку. Да не го брзаме стариот.