А, може ли да го интерпретирам јас вака одговорот?!Доколку ние Македонци христијани бевме муслимани вие ќе не прифатевте.Зошто секогаш муабетот го вртиш дека вие сте јагнени жртвиња.Јас можам да ти набројам илјада примери каде што деца на Македонци муслимани намерно не се праќани во училишта со христијанско мнозинство само да не се мешаат со каури.Вие се однесувате како секогаш Македонците христијани да ги очекувате со отворени раце, а не е така.
Јас никогаш во животот не сум видел Македонци христијани да тепаат, малтретираат Македонци муслимани и немој да изигравате жртви тука.Во ниедна доминантно христијанска средина на ниеден Македонец муслиман влакно не му фали.Добро се знае зошто вие на последните пописи се попишувате Турци, Албанци, Арапи, затоа што ИВЗ ви пере мозок да не се мешате со каури.Ете затоа, а не дека Македонците христијани не ве почитувале.На ваша глупост и комплекс Албанците добија градоначалник во Струга, Дебар и уште 2-3 други општини.
Јас ниту ти кажувам кога биле твоите предци христијани, ниту ти се мешам во твојот живот, туку само кажувам само колку имате респект спрема своите прадедовци и прабаби коишто факт е дека биле христијани и тој факт никој неможе да го измени и фалсификува.
Македонците коишто веруваат во Буда тоа не ги прави Кинези или Јапонци
Тоа што сте муслимани не ве прави ниту Турци, Албанци, а најмалку Арапи.Со векови и генерации мајчин јазик ви е македонскиот, со векови на ваши свадби се свири, пее и игра македонска музика и оро, со векови се носат македонски народни носии, а тоа денес што имате комплекс од таа работа тоа е ваш проблем и само ваш.И, тие денес Македонци муслимани што се попишуваат Турци, Албанци пак на нивни свадби се свири македонска музика.
Многу ми е одвратно и смешно кога некој на принцип на религија се обидува да формира нација по примерот на Србите муслимани коишто денес станаа Бошњаци со сила.